За изгореници, во монентот дома при рака да се има алое фрст, да се прсне на кожата, исто може и на памук, сум се горела од пегла, релна, многу ефикасно
Јас би ве посоветувала пред да почнете да користите било каква маст или домашен лек најдобро е да се консултирате со дерматолог затоа што има голема разлика дали лузната е исеченица или изгореница, и треба да знаете после колку време може да почнете да ја третирате лузната, односно дали раната веќе ви зараснала. Инаку од лично искуство, таа кремата со риба (Јекодерм мислам се викаше ) е навистина ефикасна, а Контратубекс никако не треба да се користи на изгореници!
Тие што користеле Контратубекс,колку време треба да се користи зависи од раната колку е голема или како? И после колку време дава ефект,некаде прочитав 3 месеци..? Или сепак се зависи до раната/лузната?
имаф лузни од мозолчиња по речиси целото лице..ми го фалеа многу http://gb.oriflame.com/products/product ... Code=21353 ии го порачав,морам да признаам дека се покажа повеќе од добар, ми ја затегна кожата ии лузните скоро и не се познаваат. задоволна сум скоро од сите производи од орифлејм паа и си се зачлениф пробајте го можеби ке ви се погоди
За флеки од стискање брунчиња,помага ли Здраве...ја се мачкам со Лала кремата,ама се мислам и за здравево...
За лузни од операција дефинитивно помага Контратубексот, и за изгореници помага, но дури откако ќе се затвори скроз раната, да нема отворена рана и крв, значи се затвори, се извадат конци ако има и можете да почнете да мачкате. Јас сум склона на келуиди, мене таа лузна ми ја оправи па камоли обична лузна, некелуидна. И дефинитивно помага и на лузни од бубулички, ранички од комарци каснати, стари лузни, но не и на флеки, за флеки само крема за избелување на кожата.
За тие што прашуваа за маста од невен. Претпоставувам дека ја има по аптеките, а мене ми ја даде кожен лекар, познаник, па не сум информирана околу цената, но кај мене почна да избледува раната. Но за жал не продолжив со користење на истата, бидејќи ми дадоа лосион и маст и со нив почнав и сега паузирам.
Изгореница/лузни Дечки се изгорев со пегла на раката и сеа ми стои како крастичка што да правам што да се мачкам и знаете ли кој степен е тоа изгореница Фала ондапред ако ми помогнете иначе на приметливо место ми е раната и за колку време поминува ...
Изгореница/лузни Мачкај се со кантарионово масло, ако немаш по дома има во аптеки и нема да ти остане лузна.
Девојки дали знаете каде би можела да отидам да дарувам крв? Ми рекоа дека е добро за прочистување на лицето, а и одамна сакам да бидам малку хумана.Исто така, имам и некои брунчиња на лицето, не се бубулици, но не се ни митесери и акни, бидејки се со бојата на кожата и си стојат едноставно така, ниту стануваат поголеми, ниту поцрвенуваат.Како мали точки особено на лицето.Некоја помош дали постои? Фала.
На хематологија на клиника, мислам дека можеш и во градска, распрашај се на шалтер ќе ти објаснат подетално каде да најдеш. Хематологија на клиника е право од главниот влез на десната страна, не можеш да ја утнеш, а ако ја утнеш секогаш има некој за да прашаш.
За било какви изгореници дали се за изгореници од сонце или некои др изгореници би ви препорачала неколку производи и домашни лекови кои што лично јас сама ги имам користено и сите биле успешни Кога ке се изгорите на местото одма ставие зејтин и кафе кантарион маст од невен кисело млеко масчето на бекутан - маст со тибино масло
Како да сокријам/тргнам сливка од лицето? Дечко ми со вакум ми остави сливка на образот Кажувајте спас, несакам да ме видат дома ваква Држев студена чаша 20 мин, друго незнам што би можела да направам да не ми посини.
Чим е на образ само со појак слој пудра+ коректор. Да беше на врат ќе можеше со марама, ама кај тебе само со шминка. Јас во средно имав на врат и дома кажав дека сум паднала на оние оградите пред диско пубертет
На лицето имав мозолче/ф'ска и го стегав сега ми оздраве ама ми остана лузна црвена. Можам некако да ја отстранам ??? Не сакам лузна да ми остани
Кога се издепилирав прв пат на надусници, ми се појавија акни на тоа место.. Ама веќе 2-3 месеци поминаа и ми останаа како флеки .. Потемна боја од кожата.. Има нешто за да исчезнат, ме нервира така?
Јас имав сообраќајка пред пола година, лицето ми беше лом, од десната страна немав воопшто кожа, не личев на човек. Докторката ми препорача за лузните да ја користам Kelocote (ја има низ Мк, негде околу 1200 денари и е многу поефикасна од Контратубакс), додека не успеам да ја набавам Dermatix Silicone Gel исклучиво од странство (цените секаде се различни, конкретно во Турција е 50 евра). Јас ја користев повеќе од 3 месеци и навистина е добра и ефикасна. Инаку околу времето на користење - зависи од големината на лузната и колку е стара, меѓутоа не е штетна да се користи и подолго време од 90 дена, секако со консултации со доктор.
Дали некој има слушнато за кремата Achromin за белеење на лицето? Сега ја најдов на нет, гледам на слики добри резултати, но дали некој знае дали е навистина толку ефикасна? Бугарска е највероватно и во Бг е 3 лева. Имам добри искуства од бугарското Здраве, па можи и во оваа крема е лекот