Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лузни, флеки, изгореници

Дискусија во 'Лице' започната од Elence93, 6 ноември 2010.

  1. accipiter82

    accipiter82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
  2. dc15

    dc15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    Koja е цената на контрактубекс гелот и фластерите?
     
  3. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Koнтратубексот е накај 500 500 и нешто а фластерите не знам .
     
    На dc15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. snezanam.trumpeska

    snezanam.trumpeska Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Posle 50 tata godina pocnuvaat da se javuvaat i prosiruvaat temni fleki na lice, osobeno kaj svetol ten
     
  5. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Имам мали флеќички во делот измеѓу веѓите, не се познаваат многу ама се приметуваат точкички потемни од мојата кожа. Дали треба да се мачка нешто или ќе избледе после одреден период?
     
  6. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.234
    Пол:
    Женски
    Знам дека е одамна мислењево, но кое конкретно кантарионово масло ти помогна?
    Ми треба некое најконцентрирано.
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Домашно производство
     
    На ванилала му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CinnamonBambi

    CinnamonBambi Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    465
    Пол:
    Женски
    Женски... си направив две ранички околу брадавиците вадејќи поткожни влакна. Сеуште е свежа рана, па што да користам за да зарасне без лузна? Може Мелем од тие во аптека што се продаваат?
    Или морам да чекам да зарасне па отпосле да користам некоја крема за лузна? Што препорачувате
     
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Ми остана лузна од изгореница, навремено не се премачкував со канатионово масло.

    Постои ли некоја крема било што, само да изчезне лузнава?
     
  10. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Купи си Јекодерм од аптека околу 60,65 денари е крема против изгиреници којашто ја обновува кожата и сигурно со текот на времето ќе исчезне лузната.Исто и со кантарионово масло продолжи да се мачкаш бидејќи и тоа се користи против изгореници и рани.
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.879
    Пред околу 2 месеци наидов на еден попуст во dm за масло од ему кое беше намалено од 1200 на 600 ден. Искрено, ништо не знаев за маслото, но тогаш бев многу навлезена во читање за нега на кожата и кога видов дека маслото хидрира и содржи витамини А и Е и омега киселини, а плус и на толкав попуст, веднаш го купив :rofl:.
    Кога го отворив, прочитав дека може да помогне за многу проблеми - сува кожа, акни, лузни, егзема, псоријаза, изгореници, исекотини итн, како и дека е антивоспалително, неиритирачко, навлегува до 5 слоеви во кожата и може да се користи неограничено пати во текот на денот. Лесно се впива и не изгледа мрсно на кожата, и доволна е многу мала количина за целото лице. Има некој чуден мирис, ама според мене, не е којзнае што и веднаш се навикнав на него. Подоцна прочитав на интернет и дека е некомедогено (не те нафрла) и дека причината зошто ни одговара на кожата е бидејќи составот на маслото е сличен со оној на нашата кожа.
    Кога го купив маслото бев нафрлана и полна со флеки од што ги притискав мозолчињата :tmi:. Дури и по првиот пат користење видов разлика следниот ден, со тоа што флеките почнаа да ми избледуваат, и не само тоа, туку и мозолчињата ми се намалуваа :whew:. Отпрво се изненадив, бидејќи е масло, некако спротивно од логика е да ти ги суши мозолчињата, но тоа е поради антивоспалителното дејство.
    Исто така, имам некоја блага форма (веројатно) на егзема, ми се појавуваат црвени точки во пределот околу устата (на smile lines што се вели и веднаш под устата, на брадата), и кога го користам маслото континуирано, навистина ми се смирува кожата. Инаку, може да се користи за цело тело, не само за лицето.
    Го тестиравме и на братучетка ми 2 вечери за да видиме дали и на неа ќе и делува како на мене, и и таа беше многу задоволна, веднаш почнаа да и избледуваат флеките од мозолчињата :o.
    Малку ме нервира што како да не е целосно затворено маслото, па кога ќе го превртите или легнете веднаш се растекува. Ама што е, тука е :D.
    Патем, маслото се добива од масното ткиво на птицата ему од Австралија, така што не е за тие што се вегани.
    Како што кажав, го има во dm, а видов дека имаат масло од ему и во cosmo, но од друга марка. Сепак, во цените беа тука негде.
    За двата видови на масло во dm, има пишувано и @Biodevojka: http://biodevojka.blogspot.com/2017/03/blog-post_13.html :).
     
  12. Winnie Pooh

    Winnie Pooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Имам лузна на носот веќе 7 месеци ме касна куче неможам да ја прикривам со пудро секако се познава некоја крема за лузни некој да знае да ми препорача? :)
     
  13. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Ако знаеш некој/а што прави креми од билки, тоа најмногу помага.
     
    На diskreten32 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Контратубекс.

    Ама редовно мачкај, и треба подолго да мачкаш.
     
  15. Winnie Pooh

    Winnie Pooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Supergirll8

    Supergirll8 Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2018
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Флеки од акни? Што би ми препорачале, нз веќе што да ставам на кожата
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Пробај третман со ласер.
     
  18. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Јас до пред 2 недели си “лекував“ цистични акни по образите и ми останаа како лузнички и потемнети флеки. Почнав да користам шеа путер како крем за лице или барем навечер кога спијам да впие подобро, и многу се избледени т.е. скоро и да ги нема. Имам читано погодно е за секој тип на кожа, само тие што имаат комбинирана и мрсна помалце да ставаат за да не имаат многу “тешко“ чувство.
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.
  19. barba12

    barba12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Od kade go zede?
     
  20. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Јас го зимам од Бугарија, едно од нивното ДМ, друго од аптека нивна Субра така нешто. Не памтам цени, ама тие марки ги нема овде.
    Едното е Rivana
    [​IMG]
    Другото го земав од аптеката,
    [​IMG]
    Доста добри се, немаат некој мирис и наводно се органски и 100% само путерот. Премногу сум задоволна, си го користам како крема за лице, по малце ставам и ми се матира лицето. Имам комбинирана и осетлива кожа.