Некоја понуда од туристичка агенција за ексклузивна дестинација? Ве молам девојки ќе ми бидете од голема корист. Цената не е важна. Ви благодарам однапред
Па оди на Малдиви, Куба, Тајланд, Флорида, Ница, Рио де Женеиро, Дубаи, Панама...што подалечна дестинација тоа поскапа и поексклузивна. Нудат сите агенции само спреми пари Зависи што подразбираш под луксузен одмор. Бараш добра плажа, друштво или дестинација/место кај што не си била.
Aко не ти се пароте проблем, бора бора му е мајката. Поубаво и поексклузивно - здравје. На нет ќе најдеш сместување, има многу страни, а летот ќе треба сама да си го организираш, исто можеш преку нет, бидејќи со овие наши агенции тешко дека ќе стигнеш до таму. Добра опција ти е да одиш до Нов Зеланд со авион, па од таму со брод , 3-4 часа се патува ако не се лажам. Те предупредувам дека е ПРЕСКАПО... ама погуглај, вреди за секој даден денар. Еве ти некои линкови кои ќе ти коистат http://www.boraboraisland.com/tostay.html http://www.hilton.co.uk/borabora http://www.tripbase.com/hotelSearch.do? ... :ALL_P4:49
А зошо не си појдеш у агенција да си се распрашаш?! Дајте понуда бе! Абе знаеш, тука на сите парите на претек,еве баш вчера гледав за на Фиџи. И така... Ама на темата,ајде...Оди во Контики травел,увек имаат убаво скоцкани ексклузивни понуди,а и Савана си имаат посебни програми за вакви работи.
http://www.mardanpalace.com/site.html#/ru Еве овој ти го нудам јас...Го гледав на тв имаа специјална емисија за хотелот.Подзинав кога видов Отворија страната и погледни,совршенство...Ако имаш маџ тв можеш да ја гледаш емисијата ќе си најдиш во менито во видеотека и пишува Мардан палас,изгледај ја емисијата. Поздрав.
Има многу убави понуди за Кипар и за Тунис по 300-400Е. Сместување и авионски превоз.Ако си заинтересирана ке побарам од кои агенции беа па ке ти пустам линкови.
Феминки дали во август се препорачува одмор во Куба?читав на нет дека од мај до октомври е влажниот период искрено подобро да одам на одмор во Куба отколку парите за свадба да ги фрлам
Не ти препорачувам да одиш во Куба во Август, нема да ти биде пријатен одморот. Прво е премногу топло и влажно со ризик од силни урагани. Таму се оди од Декември до Мај а најубаво е во Март и Април. Би ти го препорачала Варадеро во Декември, убаво е времето а поефтини се понудите во тој период. Инаку идеата ти е одлична, ти посакувам да ти се исполни желбата
Јас би ти препорачала или Мексико или Тајланд, зависи што сакаш да видиш и какви култури те привлекуваат
Според мене најдобро ти е Бора Бора,Кариби,Ибица, Палма де мајорка.. Прогуглај малце види цените како се движат информирај се малце
Минатата зима бев на Дубаи и Тајланд,оваа зима 2012-2013 бев на Куба. Искрено повеќе сакам да дојде зима отколку лето,токму заради одморот на вакви места. Не ви препорачувам одмор на вакви места во летниот период тука,туку во зима. Супер помин Бидејќи многу се прашувавте за Куба,бев Варадеро и супер е,не е многу скапо посебно во Јануари. Цените се нормални,иако таму е криза и се е ефтино имаат посебна валута за туристите но сепак цените не се многу високи.
Девојки пред две години бев во Дубаи...ексклузивно не викам не...но сето тоа ми е вештачко... се они имаат нај ... најголема кула...хотел со 7* ...фонтана... трговски центри колку цели наши градови...убаво но сепак вештачко... сега гледав има една Српска агенција која има екстра ефтини понуди на ексклузивни места ... на пример Бали има за 10 ноќевања за 870€ за во мај... во таа цена е вклучен летот заедно со авионските такси...хотелот со 10 ноќевања со појадок...трансферот од аеродром до хотел и назад...само се доплаќа виза 55$... на два ума сум...за одмор од соништата..само што незнам какво е времето таму... а да не ви кажувам уште колку дестинации нуди истата агенција...ухххх
Санторини е исто добро место кое треба да го посетите доколку не сте биле.. Убаво романтично место на кое можеш да си дозволиш и скапо и поефтино.. Јас бев на месец дена, оваа година сакам исто на 3-4 недели да одам и пак и пак сакам таму.. ) Има ефтини авионски билети така да дефинитивно вреди да се посети
Имам желба да отидам на Малдиви и Флорида. Додека бев помала одев со моите на луксузни места, после почнав со другарки, поблиску нормално, не ме пуштаа од дома далеку, а и се адаптирав на друштвото. Сега исто одиме на убави места, но не многу далеку, зависи кога-како.
Дали за Тајланд треба виза? И искуство за таму и за Малдиви.. Прашувам за сестра ми која ќе треба да лета од Германија.
Ако има македонски пасош тогаш ќе и треба виза за Тајланд. Во поголемите градови во Германија има конзулати за да си извади, нека провери на гугл кој и е најблиску. Мислам дека помалку од 50€ беше цела документација. Исто така мора да има повратна карта, односно карта за надвор од земјата.