Колку пати годишно си дозволувате да идете на шопинг и навистина да си се изнакупувате луксузно. Јас тоа можам да си го дозволам 2-3 пати во годината обично на почетокот на школската година и кога почнува да се стоплува времето пролет-лето. А вие?
Ептен ретко, можеби и никогаш.и многу се нервирам заради тоа. еднаш у година ќе искочам ( океј сеа не баш буквално ) и дали две работи ќе купам со средна цена, коа искачам еднаш више у година бар да купам ко шо треба не две маички -.-
2-3 пати...и тоа во Солун. Многу сум среќна тогаш, си кувам се - од долна обллека, до јакни, ташни, обувки....
Јас по насловов сосема друго сватив, луксузно за мене е нешто скапо. Да се изнакупуваш у Милано од дизајнериве, тоа е луксузен шопинг Ова е само еден голем обемен шопинг. Таков имам само кога одам во Солун на попуст да пазарувам и се враќам со 10тина кеси најмалку. Тука кај нас си купувам зависно од потребите или од зависно од желбите мои Некогаш се враќам без кеси, некогаш со 1 кеса, некогаш со 3-4 кеси. Повеќе јок!
Па нема некогаш да направам ептен луксузен шопинг бидејки во месецот 3-4 пати некогаш и повеќе одам во град нешто да купам. Некогаш само една маица а некогаш фармерки, маици, џемпери, кондури.. зависи. Обично за роденден, нова година или нешто слично правам така по обимен шопинг до мамичка и татичко
Никогаш не купувам луксузно, да се разбереме шопинг во Солун двапати годишно кога има попуст,не е луксуз, кога цела година ништо не купувам. Луксуз се брендирани крпчиња, Витон -ташни и слично, ретко кој може тоа да си го дозволи. Искрено не ми прави мерак трошењето на куп пари, сакам да купам нешто со нормална цена, нешто што ми стои и што сум го посакувала. Никогаш не купувам нешто само поради тоа што е скапо и луксузно. Знам колку имам и колку можам да потрошам. Ние сме сиромашна нација, да не се занесуваме по луксузи, пола народ едвај преживува, фала и за тоа што го имам, не сум боса ниту гола. Мразам луксузирања
Освен како мала, кога мајка ми ми ја избираше облеката, никогаш не сум купила се наеднаш и никогаш не сум купувала многу работи во еден ден. Од едноставна причина затоа што не можам да купам нешто за кое сум сигурна дека никад нема да го облечам. Се случува да земам два или три пара пример фармерки или сандали само кога сум сигурна дека се преубави Да обожавам шопинг Ама кога се купува нешто навистина корисно. Обично кога не го најдам тоа што ми треба чекам од следната роба (а во дуќаните во кои купувам новата роба и стигнува за 1 до 2 недели. Е на мејкап можам да лупнам пари. Иако имам римела, ќе видам некоја поубава и не ми се чека да ја дотрошам старата. Сјаевите исто така. Понекогаш и кога имам заштедено не купувам, само затоа што не сум видела нешто што ќе ми фати око.
Девојки да се разбереме, кога ја отворив темата мислев количински или обемен шопинг а не на скапи марки, ако може модераторите да го заменат зборот луксузно со обемно.
НАЈлуксузен шопинг ми е кога има попуст Одам на крај на сезона и купувам работи што ќе ги носам идната сезона се случува по 5-6-7 парчиља облека да купам тој период, а во нормални услови 1 до 2 и тоа на неколку месеци Ама кога нешто ми треба неможам да чекам попуст и го купувам Што се однесува до тоа дали купувам луксузни работи - НЕ, немам таков стандард
Јас кога барам едно нешто знам по цели денови да барам и да не најдам . И да сакам не можам да отидам и да се вратам со 10 кеси . Подобро ќе си купувам почесто по едно нешто . Што ќе ми текне тоа , немам навика да одам и се да потрошам одеднаш
Луксузен шопинг никогаш сум немала кај нас,а кога идам надвор од државава дааа секогаш се враќам со многу нови работи,кај нас и кога има попусти не си купувам многу работи бидејќи попустиве некако и не ми се баш како што треба,еве пример во Софија имам начекано попуст и за 50е си имам купено 2 пара штикли и 2 ташни е тоа ти се вика попуст а кај нас со тие пари можеш само еден пар штикли да си купиш за жал
И јас така, почесто си купувам работи, но кои стварно ми се допагаат, а не купи наеднаш триста чуда и пола не ги носиш... али онака обилно со од по 2-3 пуни кеси купувам 2-3 пати во годината..најчесто кога идам солун
најлуксузен шопинг ми беше шопингот пред нова година кога буквално се ми требаше , од шминка до кондури .. иначе бидејќи татко ми вози камион , му правев друштво дa се прошетам и поминавме кај Лесковац ...си носев мои пари и нема што не купив .. мораше да ги ставаме кесите во задната страна на камионот
Јас само сонувам за луксузен шопинг (навистина луксузен Луис ВИтон - Ташна, Версачи - фустан, Диор - чевли, се занесов...) А овде ретко купувам обемно обично си купувам нешто што ми треба во моментот кога ми притреба, обично за некои по свечени прилики купувам нешто повеќе...
не сум фрик по шопинг, тоа што ми треба си го купувам(козметика копувам сама, како и украси, некои украси за во соба) другото што ми треба со мама на картичка(таков ни е и животот и стандардот сите на картичка живуркаме, не живееме) а тоа Диор, Армани, Долче и Габана, Шанел... е за оние што имаат не за обичните луге ко нас
Ретко во последно време ...кога бев средно секогаш кога ќе почнеше нова сезона пролет лето...со моите и сестра ми одевме скопје,летоска солун и на убавввв шопинг. од глава до пети,обувки,ташни, гардероба палта е тоа ми беа убави времиња...ама денес кога си зависен повеќе самиот од себе финансиски,кога ќе земам плата-која е скромна,што попрво-стан ,сметки,јадење...иако секогаш гледам да одделам и за мене ама не купувам се оддеднаш-овј месец палто-друг чевли,и козметика пошто обожавам и неопходна ми е ама не се жалам..бидејќи порано купував свашта и после ми стоеше а сега сум на принцип-едно ама вредно
кога бев во Мк си дозволував таков шопинг ама многу ретко 3 пати годишно да кажам сега откакао сум надвор почесто ама да се разбереме значи има големи попусти акции и може да се дозволи од Наоми Кембал парфеми до Д&Г облеки парфеми ТХ и ред други ама сепак не е секој месец него зависи како и што ми треба....мада повеке има овие ситни шопинзи каде идеш до меркатор а видиш има намаление на јакни по 9.99 евра е тогаш купуваш јбг па макар и еднаш да го облечеш а нема шанси да е само еднаш
Обемен шопинг правам кога ќе ми дадат одеднаш поголема сума на пари, тогаш купувам без осет до последен денар од облека до аксесорис и козметика значи се арно ама... тоа може да се случи 2 пати годишно најмногу, освен ако случајно не си заработам нешто повеќе пари итн... инаку скоро секој ден си купувам по нешто, така да и немам некоја голема потреба за многу обемен шопинг, кога како си се чувам и за во Солун