Е ај да ви се испофалам. Неодамна бев во Италија и си направив еден луксузен шопинг.Не обемен. Една Bottega Veneta и една Coccinelle ташнa. И два пара кондури едни од Бата,а другите D&G. Не отидов на шопинг,отидов да шетам,ама срце јуначко не издржа.
Ма, кај мене обемен шопинг се случува најчесто кога ми е роденден или па Нова Година, и во ретки случаеви, кога тета/вујче/дедо или која и да е личност која случајно и на моја среќа ете на пример слетала од странство па ми дала пари. За еден, така пообемен шопинг се сеќавам дека направив некаде доцна оваа есен, си купив All Star старки, кожни, преубави, абре мераци.. Само цената им беше едно четири илјадарки дека тогаш нови беа, ама нема везе тоа, битно се заљубив во нив. И да ви кажам право, ги утепав од носење, ги испокинав па оваа есен нови ќе си купувам, здравје. Исто на тој шопинг купив и еден многу убав дуксер од New Yorker, фармерки и маица. Знам дека не е нешто преобемен, ама сметајќи и ги парите потрошени на овие работи.. богами, доста беше. А, вака ретко кога можам да си дозволам еден убав, асален како што го викам јас - шопинг. А мразам кога излегувам во град со намера да купам нешто, а ќе се вратам со само една маичка. (Тоа може да се случи од две причини, или нешто нема да ми се свиѓа, нема да има мој број или пак ќе се испонаљутам нешто и толку од купувањето. А втората причина е вечниот недостаток на финансии, тоа е. ) Јас сакам кога веќе излегувам да купувам нешто, да се изнакупам, да ми тежат ќесите од што се наполнети целите. Уфф, абре што е работава, изгледа ова шопингот ни е во крвта од како ќе се родиме на нас женските.
2 пати годишно правам поголем шопинг, кога се попустите али особено во лето инаку си купувам постепено,...да не речам секоја недела по нешто
Си дозволувам кога има попусти, а под луксузен шопинг подразбирам работи од познати дизајнери, Армани, Версаче, Прада, Гучи, Д&Г итн. Во Австралија најголемите попусти се на 26.12 -Boxing Day sales, ден после католичкиот божиќ и попустите се огромни од 50-70%, така од гореспомнатите дизајнери можеш да начекаш работи кои биле по 600-700 па и повеќе долари за 100 долари. Јас пред 10 тина години си открив финта како да ги избегнам огромните гужви, одам на 24 приквечер, тогаш веќе ги лепаат налепниците за намалените цени, бидејќи треба да се спремни за 26 нели 25 не се работи Божиќ е, а кога веќе има намалена цена иако сеуште официјално не почнале попустите сепак мора по таа цена да ми наплатат Така на раат си купувам, продавниците се скоро празни народот е по дома,а јас не се туркам као останатите. Вакви гужви има секој Boxing Day
ж Епа супер,...блазеси ти,...кај нас не постојат такви брендирани продавници воопшто,...а и да има никој нема да купува ништо од скапо.... .....Пр. сега што заприметив, VIctoriassecret спрејови за тело што на интернет се девет долари.......нормална цена, не со попусти......Охрид беа,..1000 денари....па која разлика...ехееее
Сум имала обемен шопинг, доколку подолго време не сум си купила ништо. Ама ретко така да се оставам, секогаш на време си купам што ми треба. Луксузен шопинг? Па ако еден ден бидам доволно богата, може. А се друго ми е снобизам и купување мода. На пр. ако отидам во Франција, парите ќе ги дадам за да ги почуствувам благодетите таму, за облека тешко да фрлам многу пари. А ако еден ден бидам многу богата и тоа и тоа
Обично обемен шопинг на крајот од летото, во Охрид обично. И некогаш на зима. А инаку си купувам по потреба
Не преферирам луксузен шопинг, зошто модата нон стоп се менува, си купувам онолку колку што ми е потребно.
Па за роденден, поцеток на школска година,крај на школска година (за лето),новогодишни празници(зима).
Луксузен шопинг ретко кој може да си дозволи овде. Кај нас претежно се купува кампањски и се чекаат попусти за луѓето да се подноват со некое парче гардероба и кога гледаш навалица од женишта пред каса со еден куп работи во раце и уште толку кои чекаат пред гардероба. Јас никогаш не сум таму Не сум по луксуз, тоа е нешто што не можам да си го дозволам финансиски, а исто така не преферирам кампањско купување. Купувам постојано секој месец по некое парче облека, некогаш повеќе, некогаш помалку, но не тргнувам со поголема сума пари за да купам се наеднаш.
Нема потреба од луксузен шопинг! И не ја сфаќам мислата "Што поскапо, тоа поквалитетно" ... Нема врска. Ова е облека, ќе го облечеш еднаш, два пати и ќе се скине. И што после? За џабе си давал толку многу пари. Преферирам поефтин, ама квалитетен избор! Инаку што се однесува до обемниот шопинг, па го има на почеток на школска година, пред да дојде летото, некои специјални пригоди и така...
Луксузен шопинг само со дечко ми, повеќе облека за него отколку за мене. Ептен ми е мерак да му одберам облека :geek: А колку често, зависи од расположение
Вака сега, јас обично купувам од ГТЦ, Skopje City Mall и Vero, TeraNova, а купувам и од бутици. Не претерувам многу со купување, туку одвреме- навреме си купувам "примерно" пополека. Инаку плакаров ми е преполн, а најмногу со блузички, палтенца, пантолони и фармерки. А + имам и повеќе капутчиња( и зимски и есенски).
Прв пат ја гледам темава...и јас како и Роси по насловов, сосема друго сфатив Јас под луксузен шопинг подразбирам да имам минимум 1000-2000 евра предвидени за таа намена.Да можам да си дозволам навистина квалитетни и посебни парчиња, без да ја гледам цената. Знам дека во нашава држава тоа му доаѓа како научна фантастика за повеќето,ама за жал нашите шопинзи се се , само не луксуз. Да се купи на попуст две или три кеси облека е далеку од луксуз, тоа е чиста потреба, бе луѓе! Само, нас стандардот ни е толку алармантно паднат, што веќе губиме критериум што е потреба,а што луксуз.
Несакам да купувам се одеднаш незнам зошто,можеби е малку чудно но не сум јас такво девојче. Се нервирам кога купувам се одеднаш,така купувам само за некои посебни пригоди,ма и така не сакам...се влечкам само да не биде се однеднаш. Инаку купувам секогаш кога ќе ми е потребно нешто,несакам многу лукзузи да терам.
оу да поготово кога одам со татко ми купувам се и сешто од нтакит,штикли ,шминки, фустани ,кошули итн па мора некој да ја потроши неговата кредитна картичка единствено во ова најубаво се согласуваме а за други работи и небаш ......
Под луксузен шопинг не се подразбира да купиш свашта со 10 кеси да излезеш, него шопинг со 2-3000 евра па у Милано по најскупите бутици да купуваш. Е сега пошто кај нас ги нема тие бутици кај нас тоа се подразбира под луксузен шопинг да искочиш со 10 кеси од трговски. До сега не сум купувала да потрошам не знам ни ја колку, имам некои поскапи работи ама се сум ги купувала така една по една на некое време. А вака гардероба купувам кога ке ми се бендиса нешто што е многу често и имам доста баш насобрано така да никогаш не правам некој огромен шопинг да се забораам