Лумбална спондилоза

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Зуси, 7 февруари 2022.

  1. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ми дијагностицираа лумбална спондилоза...Имам страшни болки и искривеност на лево..Ве молам дали има некој сличен проблем и дали има спас од ова нешто..Имам 26 год,опериран десен колк имам но сега и спондиолзата ме боли рамо,рака колк..Почнав на пилатес и аробик вежбам дома вежби за спондиолза.Но боли не се издржват болките....
     
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    јас би ти препорачала и пливање, јас имам исто спондилоза и лордоза на вратот, додека одев на пливање ми беше супер.За ова посебен лек нема, лекови за болки само, вежби и физикална, не е страшно со тек на време ке се навикнеш. Слушај си го телото, ке видиш што ти одговара, што ти пречи, најди си свој ритам и болките ке се намалат, ке научиш да функционираш.
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.395
    Пол:
    Женски
    Лумбална спондилоза е дегенеративна артитична промена на пршлените од лумбалниот дел од рбетот, поточно на делот на половината.
    Ова дегенеративна значи дека се истрошува на пршенот, се абе народски кажано и се уништува коската било од траума и оптоварување, или пак со тек на годините. Оштетувањето на коскеното ткиво води до воспалување или инфламација на местото. Сето тоа ги дава сите тие симптоми на болка, здрвеност/згрченост, ограничено движење и сл. Процесот е хроничен и не е можеш да го сопреш, но можеш да го успориш и симптоматски да се лечиш. Од медикаменти се користат нестероидни лекови за болка, стероидни лекови за да се намали инфламацијата, лекови за мускулна релаксација кога се има потреба од нив. Физикална терапија, за рбетот, акватерапија - вежби во базен и пливање, масажи. Вежби треба да ти даде физикален терапевт, во склад со проблемот. Обично тие вежби се со мал импакт на рбетот и се потребни за да се подобри циркулацијата на крвта низ рбетот и телото воопшто. Продолжено седење и стоење не е препорачливо. Во суштина се што ти ја влошува инфламацијата во телото ќе ти ја влошува и состојбата со рбетот, а се што ја намалува ќе ти годи (од терапија, преку движење до антиинфламаторна храна).
     
    На Mumoftwo30 и Зуси им се допаѓа ова.
  4. Македонско04!#@

    Македонско04!#@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Мене ми дијагностицираа искривен рбет на систематски, спондилоза мислам дека ми рекоа и ми рекоа дека треба да појдам на ортопед да ме прегледа и да ми препишат вежби за да вежбам. Јас си прам дома комбинација од вежби, не треба пребрзо да се праат вежбите оти многу може назад да те боли грбот.
    Ќе земаш од терапија Витамин Д3 , витамин Б комплекс,редовен внес на млеко и млечни производи и ќе земеш аналгетик за болките да се облажат. Да одмараш од време на време, вежби за дишење редовно по 10 минути и да пешачиш. Пилатес и аробик малку паузирај заради моменталнава твоја ситуација, некогаш од многу напорни вежби може да се предизвикаат страшни болки и да се влоши ситуација. Посети убавезно ортопед и лекар - физијатар доколку немаш посетено и почни со физикална терапија во најкус можен рок.
    Поздрав и секое добро.
     
    На Зуси му/ѝ се допаѓа ова.