Љупење на кожата после сончање Јас никогаш не се лупам со лушпи. Бојата ми паѓа како прашина по телово цела побелена, само после бањање може да осетам парчиња да ми паѓаат. Само јас си имам др мака. Сеа пола боја ми е падната пола ми стои и на рацеве после алергијата шо секое лето си ја имам поради сонцето, ми е како исфлекана кожата, цела шарена. Да не има некој сличен проблем?
Љупење на кожата после сончање И јас го имам истиот проблем....уште невратена од одмор почнав да се лупам...и додека бев на одмор се мачкав цело време со млеко за тело, откако се вратив цело време бев со млекото в рака ама се беше залудно...дури не се излупив цела ништо не ми помагаше....
Љупење на кожата после сончање Јас со вазелин се мачкам, му додавам и бадемово масло. Многу ми ја храни кожата, сепак неизбежно е лупењето, мора да падне таа кожа
Љупење на кожата после сончање Ете за чудо летово прегорев и се излупи. Инаку секое лето прегорувам ама не се лупам. Еднаш ми текна да почнам да употребувам нешто со фактор и ете ме ,ко змиине ,си ја сменив кожинката. Од идното лето пак на старата финта - масло од кантарион и ни лупење и бакрачи ,барем нема да шетам како лепрозна
Љупење на кожата после сончање Многу ми боде очи ова Љ во ЉУПЕЊЕ, ќе ве молам ако може да се замени со Л Инаку сосема нормално е, изгорената кожа да се излупи и да се обнови. Многу грдо изгледа, по 100 пати мачкање со лосиони, ама ефеткот е само моментален. Чаре нема, само трпение
Јас со години се немам лупено кога ќе изгорам, или пак понекогаш малку на грбот. А сегаа оваа лето лицето целото ми изгоре на сонце. Па црвено па кога почна да се лупи заникаде беше.. Одвај го вратив некако во нормала.
И ова лето не дозволив да изгорам. Си имам некои правила, првите 3 дена се мачкам со највисок фактор 50 а потоа го намалувам 30 па 20 и на крај 5. Секоја вечер се мачкам со млеко за после сончање или ако немам со било кое млеко за тело во огромни количини за да доволно ја хидрирам кожата (никако оние многу мрсни за да светкам како светулка ). И то е то.
Леле летото кога се вратив од одмор каква убава боичка имав, ама ми се излупи со вазелин се намачкав бидејки ми рекоа дека од оа ке се намалело лупињето, но ништо Чаре?
Епа ќе си се мачкаш со креми а ако не ти помага тогаш незнам. Инаку и јас се лупам кога нема да ставам крема.
Стандардно секоја година горам и се лупам. Ама последните 2 години после горење, покрај превентивните мерки заради болка, се мачкам со многу мрсно млеко за тело. Или евентуално може да се намачкате и со многу мрсен крем. Колку е помрсно - толку подобро. Заради сувата кожа после сончање, нема да има проблем бргу да се впие. Обичните млека нема да помогнат. Ако одлучите да се мачкате со нешто многу мрсно, внимавајте и обидете се тоа и да продолжите да го правите. На одредени делови од телото, можат да се појават стрии ако наеднаш го прекинете ставањето на таков крем.
И јас почнав да се лупам само што се вратив од одмор. Па барем да имав поише боја фатено, да не ми е жал. Си купив масло за тело од Бекутан, добро се покажа Ставав и путер за тело од чоколадо, тој ми помогна далеку повеќе, ама на топлово уште толку ме поти и го баталив. Се осеќам лепрозно -_-
И јас прегорев и се лупев ко гуштер , стигнав и до амбуланта , ми препишаа некоја крема дермазин мислам дека беше , ама ми останаа лузнички
Уф и јас еве ме како крастава по рацете и рамениците Сега се мачкам со хидратантен крем, не се перутам, ама флекиве кога ли ќе исчезнат? За 2 недели правам свадба - па ќе бидам краставата невеста А бе само мене се нешто ме снаоѓа, лелееееее
Зашто толку малце ми стоеше бојава што едвај ја добив 1 недела само од кога се вратив од одмор. На некои места почна да се лупи, ама само на некои, кај што ми изгореле, ама не ми е јасно зашто по грбот, нозете и стомакот (а не ми беа изгорени) почна да ми паѓа дури и кога се мачкав со креми и лосиони за омекнување. Баш онака буквално како се размачкувам така бојата отпаѓа, како да сум се прскала со спреј за самопотемнување. Некој совет?!
Опседната со убавата чоколадна боја, која многу луѓе се среќни што ја имаат, оваа година на одмор решив да потемнам како никогаш до сега. Прво изгорев зошто се мачкав со црвено кантарионово масло стоено една година. Се мачкав со јогурт и по една недела потемнав многу за мојот тен, јас имам многу светол блед тен. Сега кожата многу ми се лупи. Пробав да ја мачкам со павловичева маст, му ставам кокосово масло но ужасно ме чеша и не знам што да направам веќе. Некој совет за како побрзо да се излупам или да ми престане чешањето ?
Маслото од кантарион се става последните денови кога веќе имаш боја ,или при крајот на денот кон 18-19 часот и во никој случај не заменува средство за сончање со фактор. Не си свесна каква штета си ѝ направила на кожата. Сега кога штетата е веќе направена, мое мислење е да се мачкаш со крема што смирува изгореници, пример Дермазин http://edea.mk/product/dermazin, или можеш да земеш гел за туширање и млеко за тело за после сончање, имаш убави и со поволна цена од Балеа.
jas cetvrtiot den se mackav so maslo, togas ne koristev faktor. Inaku prvite tri dena se mackav po malce. Toa e pamet za dr pat. Ne me boli samo me cese. Vo sekoj slucaj fala za sovetot
lupenjeo posle soncanje e neizbezno posebno ako si izgoren a ne isoncan. jas prvite denovi stavav proizvod od avon so beta karoten a potoa maslo za telo,ne go spasiv lupenjeto ama ja spasiv bojata sto ja dobiv