Лупењето за жал е тешко да се избегне и е особено изразено доколку дојде до горење на кожата. Мислам дека зависи и од типот на кожа, некои помалку се лупат колку што имам забележано. Јас обично се лупам на грбот и на рамениците, без разлика дали сум изгорена или не и сето тоа започнува веднаш по добивањето на поинтензивна боја. Спас нема, сум пробала се и сешто. И со мрсно да се мачкам повторно се лупам, најинтензивно е после туширање.
Spas e da ne izgoris. Koza pamti zatoa i doagja do lupenje. Najefikasno mi se pokazalo mackanje na losion so urea. Poefikasno nesto nema.
Јас никогаш не се лупев се до лани кога сум заспала на сонце и се разбира изгорев. Користев бекутан млеко за тело ама пак се лупев. Нема спас мислам.
За отприлика колкав период (вие кои што сте имале таков проблем) ви поминуваат флеките од што ви се лупела кожата и на одредени телови е таа новата боја на кожа,а на одредени онаа исунчана?
^ Dodeka ne se izlupi cel del od kaj sto si pocnala da se lupis. Zemi piling ili lufa i trij se pod tus. Ili ako imas moznost ubavo da se iskisnes vo kada edno saat bar.