Ако има слична тема, можете да ја избришете или пак ако не поттикнува дискусија. Колку јадете луто, дали сакате да јадете или затоа што се погодило луто јадењети па морате да јадете? Јас многу сакам луто и не седнувам да јадам ако немам луто. Најчесто имаме џинки дома, па преку зимо ги јадам нив. Да не го заборавам и ајварот, благ не јадам затоа тоа ми е бљантав. Летно време постојано имам пржени лути пиперки и ги јадам со се и сешто. Салата со домат и кромид не можам да замислам да ја јадам без пиперка и тоа лута. Често кога јадам надвор од дома знам да си побарам луто, дали буковка или било што, но кога јадам со некој друг, затоа што претежно си менуваме половина од храната не можам да барам луто, па како бе не јадат? Јадете или не?
искрено се прашувам како издржувате сите што јадете луто. кај мене мајка ми јаде ептен јас мислам еднаш кога каснав дека се ми изгоре и цел ден ме печеше . неможам да јадам луто, ни малку.....
Oбожавам лута храна,екпериментирам од луто до најлуто,во секое јадење ставам чили и други сосови,сакам да ми е топол стомаков после
Јас и луто- два различни поими. Ама ич не можам да го јадам. Малку да каснам и веднаш почнуваат да ми течат солзи, да се потам итн. Потоа следува пиење на ненормално количество вода Браво за вас што можете да го јадете
Неможам да го поднесам лутото едноставно ми лути и ми идат солзи за плачење а ако каснам барем малку после тоа мислам дека кревам температура прежешка сум мислам дека ми гори оган во желудникот а кај мене сите јадат на секое јадење , јас неможам некој изрод сум
Сакам пикантно јадење, но не претерано луто. И ајварот го сакам пикантен. Со секој ручек си јадам феферончиња или од оние други дебелки мали лути пиперчиња, ама одбирам помалку лути - научив да ги распознавам
воопшто не сакам луто Од таа причина не џвакам лути мастики, не јадам кромид, лук, пиперки ( и да ми гарантираат дека е блага нема да ја пробам) зачинот буковец и слични такви работи.. шеќерџија човек што ти се вика
Како мала воопшто не сакав, што е нормално. Но, сега ми сака душава да каснам малиџано така лутко, уф се‘ ми покачува
Мајка ми ги форсира лутите зачини во секое второ јадење. Јаде луто како луда....и често знае да си стави бибер во јадењето по нејзин вкус, не размислувајќи дека на другите тоа ни лути. Супите на пр.ги прави токлу лути што почнувам да липам на маса. И сосовите за месото исто. И така...постепено се навикнувам на лута храна. Не сакам да ми гори во устата , па да личам на змеј, ама пикантно сакам. Сосема малку... Има некои работи кои се поубави со малку лутичко. Мексиканската храна на пр.глупаво е да не се јаде со барем малку лут сос или чили. Тоа е уствари поентата на мексиканската кујна.
Лута храна значи не сакам, ама зборувам за онака баш лута храна. Едноставно не ме привлекува, и никогаш не сум имала желба да почувствувам ептен лут вкус, па и да ми отвори апетит, не, не. Го обожавам значи пикантниот вкус и без бибер никако не седнувам да јадам Е толку луто сакам. Онака нежно лутичко, како некој шмек на јадењето.
Воопшто не сакам лута храна, малку ако ми лути нешто веднаш пијам пола литар вода. А имам слушнато дека од многу луто се активирале хемороиди , дали е ова точно?
Обожавам луто. На се клавам буковка..дури и врз ајварот,врз сиренце, маргаринче..само да е луто. Порано јадев и солено многу,сега избегнувам ама од луто но веј да се откажам никогаш, ќе умрам од глад поарно
Сакам луто, обожавам, ама не јадам секојдневно. Убаво е за циркулацијата и за варењето, нели? Си се тешам јас де јазикот веќе ми отрпнал на она пикантното луто, па не го ни чувствувам ако не ме излути убаво Ама па не можам да готвам луто, и мака ми е... овој мажот ми ич нејќе луто, ми вели дека го боли. Озбилно, го болело. Се изнасмеав кога ми кажа така, ама го сфатив што сака да ми каже, кога еднаш, случајно пробав едно малечко луто пиперче од туршија.... ми се чинеше дека оган ќе почнам да фрлам уште малку, море каков оган, вулкан! Тогаш навистина сфатив што значи да боли од луто. И сега го разбирам... ама пак си јадам луто, но со мера
Абе едноставно без луто јас не ни седнувам да јадам Кога ќе си ја земам теглата со џинки, не знам да престанам. Сакам и лут буковец,се што е зачинето. КОга купувам чипс, ако е многу зачинет и врти накај луто екстра :up:
Сакам, сакам и тоа многу да си каснам онака пикантно лута храна...Ми се случува некогаш да имам проблеми со стомачето ама не се давам јас...
без лути пиперчиња не ме гледаш на маса ама јас сум ептен нечоек незнам да престанам ко ќе седнам јадам од оние фферонки во тегли што се по 7,8 пипрчиња е после некој саат имам мала мака ама вреди хахаха ми текна на еден мој екс тој нонстоп велеше ФЕФЕРОНКИТЕ ДВАПАТИ ЛУТАТ и да така е ама си ги сакаааам
лутка храна многу си сакам иако ми налутнува малце ама корисно е за здравјето..секогаш кога сум излезена ако сум близу до продавница одма одам да си земам од оној чипсот со лути пиперки ммммммммм
Не сум некој голем обожавател на лутата храна, ама знам да изненадам понекогаш! Јадам пикатно лут кечап, јадам феферонче со пастрлајлија (едвај ќе изгрицкам половино,ама важно јадам), јадам чили чипс, јадам ајвар што налутнува (ама благо да налутнува) и тоа! А инаку не сум некој зависник од лутата храна,можам и без неа... Поточно преферирам да јадам без луто, ретко јадам производи што налутнуват!