Не конзумирам секојдневно лута храна и не сум зависник од неа, но има некои јадења кои сакам да ги конзумирам со лутко , едноставно ми отвара апетит и не знам колку ми е доста
Лелеее па јас ич не сакам лута храна и малце да налутува мене ми се чини кузнај колку е лута а и дома кај мене па никој не јаде луто.
Обожавам луто.. нз можеби е наследно али дома уште како мала си правевме натпревари кој полуто може да изеде. . одредена храна не можам да ја замислам без луто пиперче или на пр без буковска. еднаш на слава кај една другарка баба и не прашува кој сака луто и јас херој ајде јас сакам а не знаев дека баба и јаде СУПЕРЛУТО и си земам лажиче буковска и си ставам во салатата леле кога ја пробав не знаев кој ќош да го фатам ххх , а најинтересно беше што уште бабата ме прашува да не ти е многу луто а јас пак дури горделиво не не таман ми е ... леле кога излезе хахах сите на под од смеење а јас не можев да се донапијам вода
Знам да каснам лута пиперка колку за шмек уз ручек. Сакам салата патлиџан во која има и малку лут кромид. Јадам и лутеница, ама моите оваа година изгор луто ја направија, па повеќе сум на ајвар зимава
Сакам луто и јадам скоро со секое јадење.Незнам се навикнав и сега ако не ми налутнува јадењето не мозам да го јадам.
Не конзумирам секојдневно лута храна, но така понекогаш да во комбинација со некое јадење. Многу сакам буковец ама така да налутува повеќе, е него може да го додавам скоро во секое јадење. Инаку понекогаш може така да поткаснам некое луто џинџе колку малку да се залутам
Многу ме копка да јадам луто, ама за жал ете, душата не ми носи Пикантно може да поднесам али оние отров пиперчиња и сл. не можам, абе сум пробувала, ќе ги ублажам демек уз јадење со нешто, јок бе брате, плачам пола саат после како цела вреќа кромид да сум сечкала. А имам слушнато дека лутите пиперки содржат 12 пати повеќе витамин Ц од благите.
Мене јадењето не ми е слатко ако не е малку луто...значи јадам луто,ама малку повеќе не моѓам да издржам ептен да ми лути обично во јадењето си додавам сосем малку чили има и едно што не лути толку,или буковец малку лут....сега зимно време мама ми направи средно лути феферони и ги јадев буквално со се се погодија
Луто јадам само кога татко ми прави макала. И тоа по дебарски рецепт - варен компир, пасиран, и во него толчена лута црвена пиперка, врело масло, сечкан праз и чат пат некоја маслинка. Во сите други ситуации, знам да лизнам, онака, од проба пример, пинџур, феферонче, нешто такво, ама во принцип не сакам луто, ми ги покрива сите други вкусови.
Ниту јас. Не можам да се замислам нешто луто да јадам. И најмалку да е луто, едвај осетливо, јас ќе приметам и одма плукам.
И јас сакам лута храна..не ретко применувам..сакам на пр лута буковец да ставам во некои јаденја а и фиферонце лутоо
Не јадам лута храна, и речиси да не се чувствува дека е луто, мене ми смета и не го јадам. Од секогаш сум ја мразела лутата храна и затоа си имаме проблем дома зошто само јас не јадам луто и некогаш мама мора да прави посебно за мене
Тавче гравче со лути пиперчиња, ама отров лути. Само што после газот боли ли боли при какање. Ама за такво слатко тавче гравче ќе издржам 5 минути. Ќе го стегнам дупето.