Луто јадам, но во умерени количини. Обожавам луто ајварче или пак она со компири и пиперки лути. И со скоро секое јадење префирам по некоја не многу лута феферонка.
да,јадам луто,она „културно луто“да не ми свири ни кога влегува ни кога излегува хахах Као здраво било да се јаде по малку луто-за циркулација,за апетит итн.итн
Ммм обожавам лјуто почнувајки од букова сол на лјути пиперки, каданки, фафаронки, кромид лук....се јадам
Бегам од љуто како ѓавол од крст, откако еднаш го имав искуството наречено "scorching asshole". Не, благодарам.
НЕ јадам, неможам никако, ништо ништо! Бегам од луто...малце луто да е го оставам, колку и да сум гладна.
Лутоо? Не можам да поднесам, одма ми течат солзи и ми се пие вода Браво за тие што можат да поднесат!
Лутата храна лути два пати, и на влез и на излез Порано не можев да замислам, сега па си поткаснувам од време на време. На пример со гравче лута пиперка или 2-3 феферончиња. Во сендвич понекогаш исто. Мајка ми ОБОЖАВА луто така да секогаш кога купува ајвар купува лут, можам да го јадам не ми смета дури и малце е повкусен така, иако на почеток се бунев Бибер додавам скоро на секоја манџа и тоа мноооогу ама па не ми лути тој нешто ептен. Значи така пристојно лутко, не секогаш и не многу. А и супер е за одзатнување нос, кога сум затната два гриза лута пиперка и тече ко чешма после
Порано како мало замо колку јадев,тоа што не можеше да го јади таткоми од што еше луто јас го јадев,о ми забранија да јадам луто бидечи еднаш кога јадев неможев да дишам и ме болеше кај пангреасот,и ми рекоја дека несмеам воопшто да јадам за да не дојде до посрашни работи како незнам таму клиничка смрт. Зато зенски полека со лутото
Уффф и јас многу сакам луто,некои лути пиперчиња,пинџурче луто.... ама морам да го избегнувам поради честите инфекции на уринарните птишта со ешерихија коли па ми забранија докторите да го конзумирам
Обожавам чили и црн бибер. Ги ставам скоро во се(мајка ми ми се крти дека јадам домати со бибер ) особено месо не можам ни да помирисам без бибер. Јадам и лути пиперчиња, мн ми се вкусни.само знам дека се штетни за желудникот, затоа гледам да не претерувам
Порано мн сакав да јадам луто ама во последно време ако јадам и носот почнува да ми тече апни, шмркни, апни, шмркни, не иде работава, си го откажав ја лутото
Си сакам луто ама не она огин ко шо знаат нашиве со пиперкине да праат. Умерено луто обожавам, во јадењата ставам многу лук, а и си ги зачинувам со многу бибер. Би сакала да можев и полуто да јадам, на пример од оние оган-пиперки пошто читав некаде дека тие ептен лутите имале 12 пати повеќе витамин Ц од благите. А и лутото (барем мене) ми е одличен homemade иљач против главоболка. Побргу делува од антибиотик