јадам но не премногу луто ( што би рекол таткоми слатко луто малку да налутнува) ептен луто неможам да јадам
Јадам луто, но да не биде премногу луто. Бидејќи не јадам леб, си пазам до кој степен на лутина ќе апнам. Оти после, о леле мајко. Порано, заедно со леб, манџи и такви работи, јадев ептен, ептен многу. Ама откако ме стегнуваше стомакот, лутото морав да го сведам на минимум. А сакам лутичко.
Кас без луто?????????Усте од кога знам за мене јас јадам луто,а брат ми несака да слушне за луто.Јадам многу луто хоооооооот
Обожавам луто! Ама имав толку непријатни ситуации од него,желудникот ми гори,а стомакот ме болеше како да треба да добијам.И отвара доста апетит,а најмногу го сакам во комбинација со врел ручек(самошто изваден од рерна) и газиран сок. Инаку супер е кога го внесуваш орално,ама кога треба да го изнесеш анално, е тогаш работата оди и до плачење.
Е, ова е нешто што дефинитивно не е по мој вкус! Лутата храна мене ми е силување на рецепторот за вкус и не ја конзумирам и трајно и откажувам дружба и по тоа сум изрод во цело семејство, ама тоа е! И ко за инает ако не е дефинирано кај домашните пиперки дали има и лути во нив, јас ќе ја закасам најотровната и после цел ден се опоравувам, тоа од што бегаш ти доаѓа само неповикано. Марфи !
Пиперчиња не јадам, но некој спомна биберот дека бил лут, јас го додавам колку да ми даде вкус и го сакам како зачин, но не претерувам. Исто така сакам буковец на да биде умерено лут, одлично ми оди со кебапчиња. Кечапот кога малку налутнува многу го сакам, но изгор лути јадења не ми прима организмов
Сакааам лута храна,не многу па да бидам , туку средно накај помалку луто да речеме.Иако ме пече и боли јазикот,и солзи ми течат,сакам луто,и во се што јадам ставам чили во прав,го обожавам.
обожавам лута храна , јадам мали пиперчиња-феферони мислам се викаа , а највеке обожавам сос од лути пиперки со макарони мммм
Јадам луто и храната ми е многу повкусна кога е лута.На пример кога правам нешто пржено сакам барем малку да лути,или сосови за макарони,шпагети и тие секогаш ми налутнуваат.Си јадам и лути пиперки уз ручек или феферончиња.
Јас само ќе се надополнам на муабетот... лутата храна е многу здрава за организмот, затоа што ја подобрува перисталтиката на цревата и помага за нивно побрзо празнење, затоа јадете луто сите кои можете, во одредени количини и не да претерате. Поздрав!
Обожавам лута храна , јадам како луда, обожавам лути пиперчиња, лут кечап, лут ајвар, буковец и скоро секое јадење претерувам со лутото до тој степен што почнуват дури и солзи да ми течат. Лутата храна е многу повкусна http://www.mtv.com.mk/mk/zabava/zdravje ... usite.aspx
Јадам многу луто..сакав да прашам да не има некој пробано од тие чили зачините во прав? Дали лутат или налутнуваат само? Мислам дали е нешто како буковецот или по луто??