Јас да ви кажамм луто не подесувам макар и малце да има неможам да го јадам лутото колку и да сакам ептен ретко во пиперки ако има луто и тоа мн ретко го јадам... На лето јадам салата со домат и кромид и толкуу
Сакам луто, јадам, ама гледам да не е многу често за да не ме боли стомакот. Порано не јадев ама сега омилено ми е. Јадам и феферонки и мали лути пиперчиња, обожавам кога лутенката, кечапот, ајварот и малиџаното се лути (затоа мајка ми годинава за мене направи посебно малиџано - отров е, ама нема нешто повкусно). Бибер додавам скоро во се, буковец обавезно со месо, печени суви црвени пиперки во грав, пиперки (живи, печени, пржени) мора да налутуваат, кромид. Лук не јадам многу, многу. Особено го обожавам лутото кога јадењето е топло и кога има вино.
луто нека е ама не да е прелуто се вадам од такт а особено кога ќе јадам лути (ма какви лути прелути ) пиперки (туршија) одма рипам од маса идам у кујна пијам вода
Сакам луто, и јадам луто. Порано ич не јадев, ама одев скоро две години со еден децко со јадеше луто со се, па покрај него се навикнав и јас
Не седнувам да јадам ако немам нешто барем пикантно на маса. Можам да кажам дека дури и претерувам со лутото,ама среќа имам јак стомак па немам проблеми после тоа. Не е убаво да се претерува,ама лутото е здраво за организмот (нормално ако можете да поднесете) помага при чистење на отровите од организмот. Е малку му е лоша страна што отвара апетит, па некогаш не можам да се сопрам
Ретко кога јадам луто, и тоа што го јадам е во составот на нешто друго и му дава подобар шмек. Иначе не. А и ми прави проблеми на желудникот.
Без луто не седнувам на маса. Храната не ми е слатка ако нема феферонче кисело или свежа лута пиперка. Мм вика по мене,да не јадам толку многу луто,ама .....навика и ствар на вкус е. А тој душичка,кога ќе го видам како ја лизнува феферонката ми се иде да му ја ставам......па маж кој не јаде луто има ли? Ама добро е ,почна да јаде.
Јас и лутата храна одамна сме скарани.Воопшто не поднесувам луто во било какво јадење.Ете така, неможам да го поднесам и воопшто не ми се допаѓа по вкус. Ништо посебно..само ќе ти ја изгори устата и толку.. (Секако,ова е моето мислење,секоја чест на оние кои сакаат луто )
Ми кажуваат дека ко мала многу сум сакала да јадам луто. На маса ако седнел некој да јаде ја су викала сакам љуто пипечее Сега јадам понекогаш ама да не биде многу луто, можам да поднесам, немам проблем ни со многу лута храна.
Ич не можам лута храна да јадам, не можам, ќе се налутам, па после тешко на другите Стварно не можам, еднаш по грешка каснав лута храна и не беше баш интересно се може, ама луто, не може
Леле обожавам лута храна, јадам пиперчиња, ставам лути сосови во секое јадење. И тоа сакам да фучам и да јадам, инаку јадењето ми е блуткаво, незачинето. Пред неколку години не јадев толку луто, желудникот не ми поднесуваше ама сега Богами надоместувам.
Сакам лута храна, не она ептен, така малку да подлутува И ајварот оваа година малку лути, колку ми е убав
Не јадам луто .. затоа што неможам да поднесам , ме пече на јазикот и некогаш од некое јадење кога ќе се излутам одма пијам вода баш се чудам како можат да поднесат моите кога јадат лути пиперки или нешто слично.. иначе можам да издржам, но ако само малце онака ептен малце лути
Јадам, доста често. Најчесто со некој топол месест ручек. Зимно време почесто феферони, а летно печени пиперки па излупени, посолени, натурени со зејтин и оцет и додатоци свеж магдонос и лук. Па уште ако стоеле подолго и примиле од оцетот и лукот, во комбинација со ребро на скара и печен компир...мммммм оргазам. Петко па не јаде луто, не му е ич по ќејф, му квари апетит, а мене па уште поише ми отвара. Пошто тој и татко му не јадат луто храната што ја готивиме не е лута, може некогаш минимално пикантно луто, но најчесто се обични, зачинети па јас и свекрва ми се дружиме со феферонките.