Нова серија која излезе оваа година. Серијата се фокусира околу ликот на Луцифер Морнингстар на кој му е здосадено да биде Крал на Пеколот и го напушта својот трон и неговото кралство за да ги открие убавините на Лос АНџелес , каде води свој ноќен клуб а во исто време соработува со тамошната полиција во борбата против криминалот. Серијата е крими-драма исполнета со интересни и смешни моменти и според мене е доста интересна за гледање. Би ја ставила во категорија за серии за возрасни бидејки иако навидувам наликува на сај-фај ,сепак е доста се разликува од сличните на нејзе. Луцифер е доста добро доловен од страна на глумецот Tom Ellis кој воведува свежина во веќе постоечките серии во етерот. Јас ептен се навлеков на серијава и сите 11 епизоди ги изгледаво ово еден здив, па слободно можам да кажам дека периодов и ми е меѓу омилените серии кои ги пратам.
Чекав некој да отвори тема,си викам единствена сум што ја гледам Прејака ми е серијата,Том Елис е генијален,ако ѓаволот постои,убаво би било да биде како него Клои ми беше премногу антипатична првите неколку епизоди,сега ми легна малку по малку.Не и го сфаќам изгледот,зошто фацата и е бела мислиш вампир е,очите црвени мислиш зависничка од дрога,не знам дали намерно така ја шминкаат. А убава е глумицата. Мејс ми е една од омилените ликови,онака баш со став,го има демонското во неа. Исто така ми се допаѓаат разговорите со психологот или психијатар,не знам што е,ама баш длабоко навлегуваат во суштинското од Луцифер. Случаите не им се нешто премногу возбудливи,ама самите дијалози се добро пишувани и ги прават интересни епизодите,штом едвај чекам да испадне епизода,значи добри се
Да почнеш. Серијата е лајт, многу е интересна и така, смешничка на моменти, ама има и доза на „мистерија“. Мене ми е интересен братот на Луцифер кој моментално го менува во Пеколот. И сеуште не можам да сфатам зошто еднаш Луцифер крвари, а еднаш е бесмртен и зошто само кај Клои нема моќ. Откако ја прекинаа Константин, оваа ми ја замени и добро ми дојде.
Мислам дека си најдов нова занимација сега. Денес посекако имам вишок слободно време ќе ја почнам бар со епизода две
Пилотот на Луцифер го гледав уште лани; знам дека имаше после доста голема пауза додека да почне официјално првата сезона. Идејата на серијава е доста иновативна и интересна и ме привлече од самиот почеток. Том Елис е одличен како Луцифер, и слободно можам да кажам дека целава серија ја носи сам на свој грб. Као по правило, у скоро секоја серија мора да има и некој кој ќе ме нервира, а овде тоа е Клои. Не сум сигурен дали е до глумицата или можеби до ликот (сепак, ќе да е до глумицата ), аманешто кај нејзе дефинитивно не ми штима. Ми се чини дека колку што одлично го погодиле cast-от на ликот на Луцифер со Елис, толку голема утка направиле со оваа, која со муцките што ги прави ме потсеќа на второкласна порно-глумица. Но, сите останати ликови – Мејз, Аманадиел (или како и да се викаше), психијатарката – ми се океј и мислам дека добро им стојат улогите. А да, и мажов на оваа е тотален промашај – помутав и понеталентиран глумец одамна немам гледано. Реков дека идејата на серијава ми се допаѓа (Ѓаволот кој зема неплатен одмор од пеколот и оди на пат на себеспознавање/летен распуст во LA), но реализацијата – not so much. Некако ми е премногу déjà vu. Натпросечно интелигентен, арогантен, самобендисан тип со одлични способности за „читање“ на луѓе работи како полициски консултант при решавање на различни случаи – ви звучи познато? Мене да – plot-от многу наликува на Sherlock, а практично е ист со Elementary. Серијава ја следам главно ради Том Елис, кој е одличен како Луцифер и како глумец, генерално, а инаку, со жалење морам да признаам дека серијава е далеку од совршена. Како што реков, идејата на Ѓаволот на Земјата, како и за Ѓаволот како несфатен и погрешно разбран лик од страна на човештвото е доста оригинална и интересна; освен тоа, дава практично неограничено многу можности и насоки во кои би можела да се развива серијата. Баш поради тоа, не би сакал да се претвори во уште една обична, веќе видена, cop drama.
Реков ќе ја гледам и го исполнив ветувањето, ко за почеток 3 епизоди зошто морав малку и други да гледам Сега му ја кажав и на дечко ми и накратко му раскажав се шо запамтив и беше интересно (а во глобала то е скоро се ... ) па сега и тој ќе гледа, а обично не гледа многу серии преферира аниме. I love it. Вечер ќе си гледам пак аааааа Само едно прашање, мажот на Клои го сменаа уште во втората епизода или истиот глумец е, ама јас имам проблеми со распознавање?
Ја изгледавте ли последната епизода од сезонава? Спојлер: Последна епизода Мислам дека последнава епизода беше највозбудлива во цела сезона. Таман ќе помислиш Луцифер е готов и оди во пеколот, тој се враќа. И тука не е крајот.. Најава за нова и уште повозбудлива сезона (според мене ) неговата мајка бега од пеколот. Не ни останува ништо друго туку да ја чекаме новата сезона. Кој ќе чека?
@Marossa почнав да ја гледам серијава и за разлика од сите вас мене Клои ми е срцка глумица.Ја знам уште од Чикаго фајар таму работеше во амбуланта и беше доста добра потоа и го убија ликот и многу се натажив и ја прекинав. Сега овде кога ја видов се израдував, инаку те цитирав тебе за да ти кажам дека природно актерката си е таква со блед лик и црвено под очите и таму беше таква и слики од неа по нет што имам гледано е таква, мене па ради тоа ми е симпатична. Луцифер е одличен и актерот супер си ја врши работата.
@1209 Епа не сум знаела,мислев да не е до шминката.Штом е така,во ред. Мене сеуште не ми е скроз прирасната на срце,ама тоа може да се промени.
@Marossa да и мене на почетокот ми беше чудна, но таму и лезбејка беше и ептен добро го долови ликот иако природно е хетеро и некако после тоа ептен ми прирасна за срце кога видов како глуми Овде и мене сеуште не ми е во полно светло ама мислам дека има потенцијал да биде прилично добра.
@1209 И јас си ја сакам Клои, уствари јас сите си ги сакам. До сега само мажот нејзин не го сакав и тоа само во првата епизода. Кевин ми е ептен при срце, многу го сакам. --- Јас кога почнав да гледам беше три ден до последната епизода, така да до 25ти мислам беше имав сите други еп изгледано, па ја гледав и последната и сега неможам да дочекам за следна. Луцифер ми е срце. Значи просто - го обожавам. Уште кога бев мала му велев, како можи the devil да биди лош ако тој ги казнува лошите? Баш е ова онака како шо си мислев кога размислував за тоа (мало детуле се мачеше со тешки проблеми ). Најмногу ја сакам Мејз. Спојлер: Shipping it И дефинитивно ми е многу слатка со братот на Луцифер, they have the spartk Тие двата ми се баш онака - ги работат работите онака како што чуствуваат, без некои морални принципи, туку по инстикти и тоа многу ми се допаѓа. Често се грешно разбрани, и на моменти од поќе крипи, ама во тоа е и убавото. Патем, од сите пријатели кои гледаат, многу имаат некоја желба Клои и Луцифер да имаат било каква поинтимна врска потака, а јас гледам на нив чисто како на пријатели. Мислам детектив Douche ако останеше актерот од првата епизода - дефинитивно ќе размислував поинаку ама Кевин ми е премногу на срце. Накратко брачеда ми ми се смееше дека ако продолжам да зборам за Луцифер на околу би била грешно сфатена и прибрана во некоја секта Зошто до сега на цела моја околина ја наметнав серијава, проповедам. ( , си го бранам и името на форумов, гледате ) Спојлер: Омилен Омилен момент ми е кога Клои ја испрашува ќерка ѝ како да е во полициска станица дали таа ја изела тортата. Пошто во неколку дена го изгледав неможам да кажам точно која епизода беше, ама мислам дека од средината натака.
Како е можно темава да не е ич активна? Не се многу луѓето кај нас запознаени со серијава или? Јас откако ја изгледав не можам да престанам да зборувам за неа. Ми ја препорача пред некој месец колешка, ама тогаш имав куп други работи за гледање, немав време да почнам нешто ново, и сега кога добив малку слободно време ми текна на неа, решив да ја ѕирнам... и ја завршив за два дена. Серијата е многу добро направена во целина, дијалозите не се исфорсирани, хуморот и сарказмот се на неверојатно ниво, саундтракот е повеќе од погоден, хемијата е очигледна, самите актери се добро влезени во улогите, а Том Елис ми стана нова опсесија, толку си го засакав. Го обожавам начинот на претставување на Луцифер, како го нема заборавено времето кога бил нарекуван Самаел и бил омилен син, како и покрај тоа што ги откорнал сепак ги зачувал крилјата, и како и покрај тоа што се труди да не се грижи за ништо освен за свое сопствено задоволство, сепак му значи луѓето да знаат дека тој не е одговорен за туѓите гревови и дека ги казнува само виновните, а не сите со ред. И на крај, испаѓа еден голем срцкаст мекушко со пеколно добра смисла за вулгарен хумор.