Работава: sometimes, even plot holes have plot holes Не знам, не знам, многу некако ми е несфатлива целата таа приказна околу Каин и што бара тој од Луцифер (зошто 102% се врти околу Клои поради Луцифер, не од што многу ја сака), ама и доколку оној другион стварно беше Авел, зошто пак и тој имаше врска со убиствата кога тој би требало е да е добар? На крај можеби ќе излезе како side story, нели, во центар е детективската приказна и сѐ она што се дешава меѓу Луцифер и Клои, ама како што во втора сезона имаше side story со мајка му, можеби сега така ќе биде со Каин и Авел, како натприродниот елемент на серијата/сезоната.
Авел можеби сакаше конечно да умри, вистински, па го провоцираше Лицифер да го убие. Зошто како што читав, ако умира од рака на Каин, тогаш ќе се роди пак. Барем за него читав према стрипот било вака. Ама се останато е ...
Дали всушност Каин го местеше Луцифер, или тоа беше Авел? Каин не може да си помогне, осуден е да го убива Авел постојано, под претпоставка, тезата дека Авел оживува е точна. Мене ме нервира што Амди ги изгуби моќите. Мислам дека тоа се случи, кога беше ранет, па беше излечен со дел од крилата на Луцифер. Ако не се лажам. Можеби има тоа некаква врска.
Па јас и не мислам дека е осуден да го убива Авел, туку Авел е осуден да биди убиван од Каин. Ако Каин сака Авел да биди покрај него, треба да го убие пред некој друг да го убие за пак да се роди. @Lianna Anna Колку повеќе зборам за серијава, понејасна ми станва.
Мислам дека Каин ќе биде елиминиран во следниве епизоди. Навистина се надевам.. Некако го поднесував до сега ама после последнава епизода (23) Спојлер Многу некако на романтики ја затераа, ама кога веќе почнаа, се надевам некако ќе успеат до крај Луци и Клои да остаат. А за Ден ми падна толку жал последнава епизода.. Таман се израдував, си велам конечно двајцата мир ќе си најдат, и ете мораше глупост да се случи.. пс: Имам некое претчувство дека Аменадил и Мејз ќе испаднат заедно, преслатки ми се
Спојлер: Финале Испадна и последната епизода од третата сезона, т.е и крајот на серијата. Јасно ми е зошто ја откажаа, многу ја развлекоа, али после епизодава, сега се остана недокажано. Мразам вака, не е првпат да се случува. Можеа некако да ја завртат или направат подолго финале, а не се направено каша попара. Ден дознава дека Пирс е убиецот, и одма тука се верува и Клои исто така, за детективка многу слепо верува на сите. Мислам тоа е вистината, али доказите не укажуваа на него. Како и да е, тоа беше и најмал проблем, Луцифер ја спаси Клои со крилјата, таа не го виде тогаш, туку баш со ѓаволското лице. Буквално билдањето на ликот на Луцифер се вртеше во круг низ 3 сезони. Серијава можеше да испадне многу јака, али ништо.
Добро што ја прекинале серијава, искрено беше каша попара Глупости невидени. Ни актерите не ми беа како што треба, Луцифер педерастичен, а оваа Клои ич не знае да глуми дефинитивно, се некои несоодветни фацијални експресии прави за моментот, чудо.
Се разочарав од крајот тотално... Барем уште 10мин подолго да траеше и да објаснеа на кратко што како, а не вака многу безврска..
И сега, ја прекинуваат или не? Јас разбрав дека се премислиле и дека ништо од прекинот, пак ќе ја има.
Мене ми е онака за релаксација, интересна ми е, не дека е кој знае каква серија со многу јака приказна и кастинг, ама пак и не е лоша, баш онака за пуштање мозок на пасење. А и Луцифер мене ми е срцка од актер па и лик, многу убав стил на облекување има ликот и баш уживам да го гледам. Точно дека има многу дупки во серијата и малку глупи сцени и случувања, ама не се замарам со тоа додека ја гледам. Ама не знаев дека ја прекинале, ако е така баш штета ем ќе остане недоискажана приказна, ем нема со што веќе да се релаксирам.
Сезонава ја развлекоа и јасно ми е зошто ја прекинаа. Ама убаво би било да им дадат уште една сезона или пола сезона, да се заврши како што треба. Мислам да не испаднеа глупостите со Каин и Клои се' ќе беше подобро. А реално за релаксација многу е океј серијава, и не е фер ако не им дадат убаво финале.
Не е премиера на прва епизода од 4та сезона, туку бонус две епизоди се и толку, нема да има поќе. @Feminka22 А колку што читав прекинаа зошто Фокс прави чистенка. Се што почнав ново од таа телевизија ми прекинаја, ама се. Дури и од Сајфај почнаа да ми прекинуваат. Ми вратија дел од прекинатите серии, штета што оваа не е вратена. едит. шо не ми се допаѓа со бонус епизодите е што ништо нема да се разјасни, само шо ќе биди како ... отворени нови рани и прашања. Да беше бонус епизода снимена како во Sense8 за се да се разјасни и да не заврши така со отворени прашања - ќе бев најсреќна. Вака искрено, се плашам по малку дека ќе се разочарам...