Од каде може да ја симнам цела сезона? Или евентуално да ја гледам онлајн. Само добра да е снимката пс: Немам нетфликс
Сериозно во 4 сезони ништо не напраија Луцифер и Клои Ја завршувам 4та сезона и се разочарав.Да не ќе има 5та?
Штоо Ќе ја заборавам цела серија до тогаш Касно е бе затоа сакам да гледам завршени серии, сега вака ќе ме копка што ќе се случува понатаму
Па пролетва или летово излезе четврта, за квалитетна сезона бар година нека имаат да обработат. И мене ми седи серијава меѓу омилените особено сезонава е прејака. Инбар (Eve) ја пратам и на инста постојано нешто поврзано со серијава клава.
Даа! И многу лична девојка општо и интересни слики става постојано. Дур чудно ми е како не ја имав забележано порано. Лорен (Клои) некогаш не сеќавам кога постира зошто од детето (кучето) само слики клава ама дефинитивно научив кучето шубо е ахахахха. И уште Ејми (Ела) е од тие шо постират почесто, е та на инстаграм е како јас со close ups од пријатели и обиди да се смени сијалица и паничење кога нешто не оди. Е Том бар да постираше почесто ...
Клои ми е омилена, немаше ни да претпоставам дека е околу 40 да не прочитав, зрачи како девојче. Сакам кога ќе дојдам на тие години да сум како неа Серијава не е лоша, идејата е многу интересна, заплетите во епизодите имаат потенцијал, ама некако слаби кулминациите, расплетите не се нешто wow.
Фасцинирана сум од глумците, сите без исклучок. За неполн месец ги изгледавме 4те сезони со мм, ултрамаратонски. Едвај чекам 5та сезона.
Серијава ми стана љубов на прва епизода, цела прва сезона ја изгледав у два дена, со ова темпо и ќе ми остане да почекам до петтата на крај на август. Баш ми требаше вакво нешто после мозгањето и меланхолиите од Dark , многу лесно и пријатно за гледање, со убави глумци, музика, sassy хумор и сарказам. Случаиве на кои Луцифер соработува со полицијата и пред сè со Клои не ми се нешто посебно и непредвидливо, просечни како за секоја криминалистичка серија, ама натприродниот дел е супер опфатен од оваа гледна точка - освежувачки, бунтовнички и субверзивно. Том во улогата на Луцифер ми е easily меѓу топ 5 најшармантни ликови ever во серии, да не речам - не знае што му мислам... Спојлер: мјау
Уште една одлична сезона Луцифер како и секогаш ѓаволски секси со неодолив шарм и химор Незнам зошто Ева ја тргнаа добар лик ми беше