Нема ни месец откако ја започнав а веќе на 3та сезонасеријава е предобра нема што да се каже.А и за глумците веќе сè е кажано. Е сега мислам дека веќе е снимена и 6та сезона која е последна,но исправете ме ако грешам.
Леле за колку кратко време ја завршив да не ти се ни верува имам уште 6 епизоди до крај,единствена забелешка е тоа што Трикси е многу изоставена во повеќето епизоди. Се надевам дека и наскоро ќе излезе 5В и 6та сезона,гледам дека веќе се при крај и навистина ми е многу жал.
Катастрофа. Ова супер ја опишува новата сезона. Нема смисол веќе ништо, не знам зошто воопшто трошев време да ја гледам новава сезона. Нетфликс ја доутепа серијава ептен.
НЕЛИИИИИИИИ пред 2 сезони требаше да заврши..... ептен ја утупеа цела работа. Спојлер Па сега уште и ќерката на Луци фалеше...
Серијава ми го имаше срцето зашто има разработени ликови и многу ми се допаѓаат односите меѓу ликовите. Заради тоа, мижев во врска со натприродните ствари и пропустите во таа област. Ама во последниве сезони навистина стана кринџ и просто претерано нелогично. Не ми се допаѓаше крајот ни малку. Спојлер Навистина треба да верувам дека Луцифер немал време којзнае колку години да ги посети ќерка му и жена му ниту еднаш? И дека Рори стварно побара да не биде ништо сменето наместо да си има татко присутен во нејзиното детство? И дека во последната сцена кога Клои умира, Трикси не би била до неа?
Спојлер Да додадам и дека премногу стара ја имаа направено после 20 години Сѐ на сѐ последнава сезона беше катастрофална, тотално непотребна. Единствено што можам да речам дека ми се допадна беа моментите родител- дете.
Не се 20 години, повеќе се. Нели кога Рори се врати во минатото им го кажа тоа, дека е ангел само така изгледа дека се 20 години. Бтв, Луцифер ако се вратеше на Земјата можеше да ги наруши и минатото и иднината да ја промени, затоа и вети на Рори дека ќе ја напушти. Не знам за вас ама јас плачев на последната епизода. Единствено што ми немаше логика е што не ја прикажаа Трикси до Клои кога умираше, дури и да имала 50 години би требало да биде покрај мајка и во таков момент.