Зашто се толку очајни луѓето за внимание...Постираат секакви глупости на ФБ за да привлечат внимание..значи се чудам секој ден...
Во време со ниски морални вредности, наместо да се работи на истите, да се станува подобар човек, повеќето луѓе се повеќе тонат во сопствената ароганција.
Некои ни не заслужуваат да се наречат луѓе, не размислуваат,немаат грижа на совест , немаат морал, карактер.Со неколку збора ,Аждери за пари ете тоа се некои.Пари и само пари , друго не ги ни интересира
Незнам дали е до мене, дали сум толкав малер, ама секогаш налетувам на погрешни луѓе, или сепак стварно не постојат нормални денес..сите гледаат само да те искористат максимално, да им пополниш време, да ги расположиш, да им бидеш рамо за плачење, советник, и што уште не... тотално сум разочарана...нема никакви вредности денес....се е изреметено очигледно...само се прашувам до кога и дали некогаш воопшто ќе се смени тоа...како што кажа @Аni.taa:...„Луѓе има многу, но ретко кој е човек“... Жално...
какво време иде тоа и се јаде....ама ова ни се јаде ни се носи богами Се повеќе има анкциозни луѓе, нервозни, вулгарни, и сето тоа е последица од многу така наречен добар живот.....а и оваа технологијава е голем виновник за тоа живеат се повеќе виртуелно одколку што го живеат реалниот живот надвор од екраните И се повеќе станува сурова реалност да се нема вистински пријатели да се нема на кому слепо да му веруваш без да се грижиш дека ќе те предаде, сега сите се дволични и гледаат што побргу сандак да ти турнат што е многу жалосно.
Cеуште има добри луѓе иако се навистина ретки.A човештвото отиде по ѓаволите веќе не се знае која е најлошата особина која може некој да ја поседува,а според мене тоа е неблагодарноста!Tоа е 21 век,навикни се ако можеш
Не ги ни перцепирам таквите кои очајно патат за нечие внимание, а тоа го споделуваат јавно. Ме заболе мене дали таму некоја Перса Такаитакавска дали некого ќе избришела некого, дали ќе деактивирала, дали нешто не и штимало во врска, дали добила чоколадо од љубовта. Ај и јас го претерав сеа со набројување. Добрите луѓе за жал ги нема повеќе, или пак се толку ретки што сте преголем среќник да ги имате во вашите животи. Оние кои вредат ќе се покажат подоцна, кога сите ќе имате обврски, семејство, проблеми. А за вакви глупи работи нема потреба од притресување туку да си се гледате себе.
Луѓето денес..лицемерни,безобразни,некултурни,искомплексирани,завидливи.Лоши. Има и добри.Но тие се ретки.Привилегија е да ги запознаеш. Како што кажал Балашевиќ, 'Луѓето се како школки.Мора да отвориш илјада за да најдеш бисер'.
Луѓето денес се одликуваат со самобендисаност, ароганција, огорченост. Ретко кој ќе биде за тебе тука во секое време, сите те бараат додека имаат корист, а ти кога ги бараш ги нема никаде, бегаат тешко им е да кажат извини ако те повредат, тешко им е да кажат благодарам. Не сум безгрешна ни јас, ама барем имам чуства и помагам секаде колку што можам. Жално е стварно, да гледаш како луѓето кои ги сакаш не ги познаваш веке
Да незнаеш од каде да почнеш да зборуваш. Разочарана сум кога гледам накаде оди човештвото. Се полошо и полошо. Не си гледаат за себе, секогаш во туѓиот двор. Себични, дволични, арогантни. Незнам што ке постигнат со тие карактеристики во животот. До каде ке стигнеме вака незнам. Секако постојат исклучоци. Секоја чест за нив
Жално е...И да сакаш да споделиш радосна вест, нема да се радуваат за тебе туку напротив, ќе ти завидуваат...
Луѓето денес се полни со омраза, бес, нервоза,дволичност и ред други работи. Не сме во времињата кои беа порано(иако сум од помладите генерации) нема повеќе искрено пријателство другарство, нема човек на кого можеш да му се довериш,да побараш помош.Незнам дали сето оваа е поради тоа што нашава Македонија се наоѓа во многу тешка ситуација или.... Секој гледа за себе ,секој гледа да зафркне некој друг, постои трка помеѓу пријатели кој ќе биде на повисока функција ,кој ќе се издигне повеќе. Зошто бре луѓе ??? Тешко им е на сите разбирам и ги сваќам дека сите се мачат за себе,но зошто посакуваш лошо на друг ? Зошто се исмеваш,Зошто не ти е галје дури ни за твој близок човек ??? Мислам дека колку и да е тешко и да нема излез во некоја ситуација сите треба да бидеме оптимистички настроени,сложни,дарежливи,хумани ... Што ќе ве чини една насмевка ? Знаете ли со една насмевка колку можете да придонесете ? Мене лично само една насмевка ми го разубавува денот, ИСКРЕНА насмевка, се радувам кога ќе видам љубезни луѓе, кога ке видам почит према постаро лице ... Посакувам барем малку да погледенеме во иднината и навистина да бидеме ЛУЃЕ ! Жално е да се газиме меѓусебно,ДА навистина е многу жално ....