Прекрасно кажано ме воодушеви со текстот, јас лично сум ја искусила суровоста на лугето кои чекаат само како Хиени, да ти се потсмеат, и кога ќе паднеш наместо да ти подадат рака, тие се во состојба да те згазат, само да стигнат пред тебе на целта. Ова е надвор од темата но морам да ти кажам дека вакви луге како тебе со вакви размислувања се вистинска реткост.
Тоа е затоа што немаат свој приватен живот, затоа ги озборуваат другите, се замараат кој што и како прави, од такт ме вадат...сите се љубоморни и завидливи... сите се лицемерни...и пре би живеела со животни
Луѓето денес... Од каде да почнам? Луѓето денес не знаат што значи почит, доверба, разбирање, помагање... Живеат за да навредуваат, повредуваат, оговараат и наштетуваат на другите. Толку се завидливи што и на своите најблиски им завидуваат ако се поуспешни. Работава иде до таму што, за да успеат во животот би прегазиле се. Нема искреност, нема другарство како порано, нема разбирање... Јас навистина не можам да сфатам како во 21 век напредуваме во се, освен во надградување на духот. И да, криво ми е што кај и да се свртам гледам луѓе желни за крв, желни да те уништат само за да се над тебе... Ти мислиш дека ти подава рака за да ти помогне, а тој те фаќа за рака само за да може да те пушти и да ужива во глетката на твојата пропаст. Жалосно...
Луѓето денес се толку бедни, што прават работи само доколку имаат корист од нив.Чудесно ги снемува "светците" кога ти се потребни. Прават се за да бидат во центар на внимание и се задоволуваат со туѓата болка и неуспеси. Да, такви се луѓето денес. Да, такви сме ние. Пропадна човештвото, ќе пропадне и светот.
Да се надоврзам на темава и од овој аспект... Познавате ли луѓе што ви ја цицаат позитивната енергија, што постојано се жалат, ви шират само негативности и колку и да сакате да ги избегнете едноставно неможете? Значи стварно неможам да ги поднесам...сите имаме проблеми ама неможеш постојано само да се жалиш...
Some of them might to use you, some of them might to get used by you, some of them might to abuse you, some of the might to be abused... Тоа се луѓето денес...
И добрите луѓе на моменти не го прават вистинското што би го направиле, баш од тој пусти страв дека другиот ќе го за*бе! Од што се свесни какви има, си вели чек вака е може подобро.
Денес луѓево знаат само да те искористат и да те фрлат. Можат да те излажат и да не те погледнат. Се додека имаат корист од Вас, живеат со вас! НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ!
Со еден збор ЖИВОТНИ сме! Како ми се чини си ги заменивме местата со животните или пак станавме исти како дивите животни.
За жал луѓето денеска не се како што беа. Сега сите гледаат како да те насамараат,зезнат или наштетат. Секој си гледа само за себе. За другиот само ако може да му се наштети . Не можеш веќе ни да се потпреш на некој, а каде па да му се довериш. Како што кажа и членката погоре..Вистинските луѓе можеме на прсти да ги изброиме за жал.
Изрекава можеби малку клише е (иако сигурно не е поголемо од ставовите на темава), ама во 2 страни што читав, буквално на сите што сте пишале ви треба ко мантра да си ја повторувате: A negative attitude will never give you a positive life Ама сериозно, дури загрижувачко е ова толку генерално негативно расположение на оваа тема! Инаку, луѓето денес - ги има и позитивни и намќори, и доверливи и „забивачи на нож во грб“, и интелигентни и незаинтересирани да се надоградуваат, и толерантни и осудувачи, и културни и невоспитани, и чувствителни и бесчувствителни... Ги има секакви денес, како што било порано и ќе биде и во иднина. И ова важи како за младината, така и општо за луѓето од секое време. Cheers!