Сеκој за своју гузицу за дρугите κој ги шиша поголем бρој од нашево поднебје го одбρаа патот на ѓаволот па што може да очеκуваме од таκви нечистиви луѓе имаше една песна од поκојниот наш Тоше песната Цρеша κоја ја отпеа баш за нашиот наρод АΚО МОЖАТ БИ ГО ПΡОДАЛЕ И БОГА најголем впечатоκ остава во песната а целата песна κога би ја сватиле све е точно и вистинито
Луѓето денес се ... себични, добри, мили, невоспитани, игнорантни, затворени, страмежливи, либарални, конзервативни ... и? Порано мислев дека се е лошо и негативно ама има позитивно во луѓето, има и нешто необично, има нешто подносливо и нешто неподносливо. И? Секој човек е една своја индивидуа, и секоја една индивидуа е склоп на различни позитивни и негативни карактеристики. Ако го гледаме само негативното и да дозволуваме лошото да го надмини доброто, нема ништо да постигниме. Отвореноста на луѓето кон новитети и побрз начин на живот не е лоша карактеристика воопшто. Зависта, љубомората, злото биле тука од секогаш и ако пред многу години би зборале луѓето какви биле луѓето во нивната денешница би го рекле истото. Времето се менува, а природата на луѓето е таа која е. Некогаш се исплаќа на доброто во луѓето да добие шанса да се истакни, прифати и вреднува.
Јас мислам дека сега злобата и љубомората имаат кулминација и се отуѓуваме. Сфаќавме дека некои луѓе ни се мешаат во животот, негативни се, сакаат да ни наштетат и ги одбегнуваме. А кога скоро сите ќе ги одбегнеме, ни остануваат 1-2 кои се културни, воспитани, фини.
Луѓето денес знам какви се, само мене ме мачи какви ќе бидат утре, после неколку години Кога ги слушам старите како раскажуваат за минатото, како им свети носталгија во очите за тие добри стари времиња, ми доаѓа мисла и се запрашувам...Па ако сега ние само кукаме и се жалиме, какви ли ќе бидеме на стари години, што ќе раскажуваме за младоста??
Луѓето денес: дволични, искористувачи, штетници, фалбаџии, измамници, многу се ценат... Шта речи више? Сите се богаташи, фраери се прават со кола земена на рент а кар или вујко/чучко му што е дојден од Германија па со некое количе одма се почнува со стилот "маче ај да свртиме еден круг" А, тие типките, ама тие јаките по градот, демек јаки де, со ајфонот во рака, миничот да пиштит, едвај одит цела искривена на штикли, ама битно таа јако се чуствува, а не знае колку само глупаво и мизерно изгледа од страна. Тие младите брачни парови, кога ќе видиш женчето само што се породило ете одма излезени на кафе, и слика и на фејсбук во типот "Со најмилото на мама, пиеме кафе" (тешко на бебе). Мори жено, тоа сака внимание.. Ама ми плаче детево,леле како ме нервира.. Па ќе ти плаче нормално, не сака кафе, сакат мајка што ќе се грижи за него. Ама тешко е да се објаснит оваа денешна младина... Знаеш онаа.... Сакам дете, ама мама да го гледа... Тие па што се постара генерација во типот на баба/ дедо... Кога ќе ги видиш сите баби собрани кај една комшивка на кафе што живее среде населбата и сите надвор седат.... И озборуваат. Кој поминал, каде заминал, со кого заминал, кој го пречекал, со која кола ја земале од петранка ќерка и , кој е тој, од каква фамилија е , кој и е по ред, кај ќе одат, сигурно прат нешто, комшијава го развии бајракот и сабајлето одма ааа сигурно невестата бремена е, Касно дома идит навечер- сигурно се дрогират... Камери на сите страни и во секое време Значи нема бегање. Тоа па кога ќе видиш некое другарство, мислам тоа едно пред мене, друго пред тебе... Такви се денешниве другарства. Ехх, ретко можеш некаде и негде да видиш вистински пријатели и другари. Ама денешницава е помогни ми аман, ама ко ќе ти треба тебе помош аман не ме барај. Скоро сите имаме почуствувано и осетено колку само наши блиски другари и пријатели ни забиле нож во грбот, колку не оставиле на половина пат, колку не оставиле сами кога ни требала поддршка... АМА, тие сакајќи да ни ја отежнат работата во тие моменти, незнаеле дека со тоа само ќе не научат да се бориме сами во животот. Имат и луѓе и нелуѓе а, имат и човек и нечовек. Е, сеа потешко е да најдиш човек, отколку нечовек.
Луѓето денес се бесчуствителни, а само кога ќе дојдат тешки денови нивните проблеми се најважни и тогаш бараат совети. Луѓето денес се желни за внимание, самобендисани, арогантни, огорчени, искомплексирани и не прифаќаат критики. Повеќето луѓе имаат маски, а забиваат нож во грб кога некој човек тоа најмалку го очекува. Но, сепак постојат и ретки исклучоци. Поради тоа фамилијата ми е на прво место, а вистинските пријателства се ретки, а јас можам да кажам дека имав среќа што пронајдов другарка со која имам слични интереси и знам дека секогаш е тука за мене, а се дружиме речиси 19 години. Имам и други пријателства ама припазувам на кој се доверувам
Сакаат да зборуваат а не и да слушаат. Обично мислат дека знаат се а ретки се тие кои знаат барем малку. Луѓето денес се осамени и тажни.
Луѓето денес се нелуѓе, завидливи, само да им завршиш работа послем коа ти треба тебе услуга не те познаваат, незнаат што е тоа достоинство образ и чест, удриле само на материјалното многу се похлепи, тоа е случај со повеќето е сеа има некој ислучоци што знаат да изненадат позитивно ама тоа е реткост као ендемски вид се таквите примери.
Луѓето денес се потомство на луѓето некогаш, од нив се воспитувани и образувани, така што, луѓето некогаш се криви за се што не ви чини кај луѓето денес
Луѓето денес ...хм... Зарем ги има? Ако имаш некој од ендемскиот вид на типичен човек денес покрај себе.....чувај си го! Толку.
Луѓето мислат само на забава, јадење, пиење, секс. Некој нешто да им купи, да им плати јадење, пиење во ресторан, со секс да дојдат до работа и слично. Жално.
Полни со гнев, омраза, желба да бидат над сите други, се што постои они да поседуваат, нивното да е најубаво, дволични колки сакаш.Лажни слики на сите страни. Ако не знаеш како да се заштитиш, газат!