Многу луѓе лажат за вистината на платите иако јас не прашувам директно никој, освен ако не ми е близок. Инаку онака знаат да истресат некоја сума за која е очигледно дека лажат. Дали вие верувате за висината на платите и зошто луѓето лажат за пари?
Затоа што им е понижување на толку години школување, да земаат минималец... Па уште и кога ќе ги праша некој со забавиште, г'зот што не знае да си го избрише, а зема поголема плата од нив... Ете затоа.
Јас не сакам луѓе кои прашуваат за плати, висина на сметки... Го сметам за некултурно плеткањето во тие теми.
Нормално дека ќе лажам. Не се чувствувам должна да задоволувам нечии љубопитни интереси. Некој кога секоја прилика ја користи да надушка нешто во врска со тоа, си заслужува да чуе лага. Не кажувам пониска, кажувам повисока сума за да можат да се чудат душегрижниците доколку поверуваат. Во спротивно, ниту прашувам, ниту сакам да ме прашуваат. Ни ќе ми дадат, ни ќе им дадам. Ме интересира само мојот џеб и што и колку можам да си дозволам за подобар живот. Туѓите банковни сметки не ме интересираат.
Нагласив дека не прашувам, но сами се истрчуваат и кажуваат луѓето, не знам со која цел и намера. Пример дека продавачка зема 20.000 сум слушнала, или дека во маркет зема во Скопје 15.500, или пак нешто што ме зачуди дека стоматолог во мало место зема 13.000.
Имаме 2 типа лажговци 1. Оние кои земаат солидни плати за да спречат љубомора, завист и најмногу барања за позајмица од блиски роднини/пријатели кои знак прашалник кога и дали ќе им ги вратат 2. Оние кои земаат минималец за да ја скријат вистинската слика за животот кој го имаат, да импресионираат некогу, да спречат сожалување или да предизвикаат завист. Но, нели бадијала кога некои работи се очигледни и кај едните и кај другите
Што со тоа што ќе ги излажеш? Самата себе си се лажеш. Мислиш луѓео нафта пијат, и незнаат одприлика колкави лични приходи остваруваш? Кажи им само во кој сектор си, се си им кажала. Како да кажам дека земам 50 000 денари, кога земам 5000 денари? (Волонтерски ангажман, немам решение за стално), но без оглед, подобро откачи ги на културен начин, кажи им дека тоа си е лично, ниту се интересираш, ниту да се интересираат, одколку да ги лажеш.
Вистина? Леле, до кај дошол светов, да не можеш нормално за плата да прашаш и да ти кажат искрено. Може и за сметките и за кредитите лажат, што ако имаат повеќе за плаќање а лажат дека плаќаат помалку за да мислиме дека салдото поголемо им е на крај на месец Ц ц ц, се си има по светов.
Па првите за да се величат, а вторите бидејќи некои си се научени на кукање, секој втор збор е нема, па нема, други луѓе се плашат да не ти текне да им побараш па од далеку се бранат, некои сакаат да бидат сожалувани, четврти се плашат да не им завидиш па да им се растурат убавините . Секој со своите причини.
Лажат. Некои поради тоа што им е понижување да земаат помала плата од тој што ги прашува, некои поради работната позиција која не е еквивалентна со висината на платата, а некои и чисто поради тоа што сакаат на глупав начин да се издигнат над останатите. Крај краева ако не сакаш да кажеш колку висока плата земаш културно дај му до знаење на другиот дека тоа е само твоја лична работа и не е од негов интерес. Вака лажење нема смисла.
Мора да се согласам со муабетот погоре - кажи каде работиш, се' си кажал. Не е тајна колкава е платата во конфекција, во маркет, колкава им е платата на докторите, полицајците а колкава на електро- инженерите. Не е мистерија ни колку пари можеш да спечалиш преку Work&Travel или како стјуардеса. Нема таква професија за која никој не знае колку е платена. Ако не знам јас, ќе знае некој околу мене.
Секој со својот метод. Плус никој не лаже десеткратно повеќе од тоа што зема, не се секирај. Тие се бели лаги. За радознали луѓе една илјадарка е доволна, а мене тоа не ме прави ни сита, ни гладна.
Нормално дека е јасно дека продавачка ретко каде зема 20.000 или дури и 15.000. И како што кажа Свети Николка сам себе човек се лаже.
Ниту прашувам, ниту па сакам да ме прашуваат за висина на плата. Без разлика колку сум блиска со некоја личност никогаш не сум поставила такво прашање. Сепак е нешто лично и не е културно да се прашуваат такви работи. Ако ми кажат самите во ред, ама јас да прашувам тоа нема да се случи. Малограѓанштина ми е тоа, само да се пуфкаат со колкава плата зимаат.
За плати обично кога правиме муабет збориме општо, особено затоа што мојата професија е таква, платата варира многу во зависност од тоа каде работиш. Па љубопитството обично не е насочено кон тоа кој колку плата зема, туку кој работодавач колку плаќа за таа работа. Макар што и тоа е релативно. Ме прашувале колку земам, ако сакаат да дознаат не е ни некоја тајна, па да кријам. Само што, на крајот пак не можат да знаат колку ќе земам месецов, зашто ни јас самата не знам. Сето тоа зависи колку ќе работам хонорарно.
Ниту ми се јасни оние кои што прашуваат, ниту пак оние кои што лажат. Без разлика колку и да е неумесно прашањето, постои начин да се избегне истото без да се спуштаме толку ниско и да излажеме само за да се почуствуваме супериорно дека земаме добра плата. Прашањето ми е ок само доколку ме праша блиска личност и доколку сме во ист сектор, па ќе го сфатам како љубопитност и желба да се знае дали може да заработи на друго место повеќе од тоа што зема. Ама кога ќе ми текне дека порано често во автобус кога се враќав назад во родниот град начекував познанички кои пример се медицински лица, на едно здраво сме, седнуваме една до друга во бус и оваа од нигде никаде се дрзнува да ме прашува за плата. Не знам зошто и е битна таа информација но добро. Кога станував на десна нога се случувало и да споделам колку земам, доколку не ми се збори го одбегнувам прашањето. Ама да лажам ми е нон сенс. Они некултурни може ќе излезат, ама јас дупло понекултурна и искомплексирана со тоа што ќе излажам.