1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето лажат за висината на платите

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 5 септември 2017.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Многу луѓе лажат за вистината на платите иако јас не прашувам директно никој, освен ако не ми е близок. Инаку онака знаат да истресат некоја сума за која е очигледно дека лажат. Дали вие верувате за висината на платите и зошто луѓето лажат за пари?
     
    На kathy es, Aleksandar1212 и elimkd им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    34.235
    Затоа што им е понижување на толку години школување, да земаат минималец...
    Па уште и кога ќе ги праша некој со забавиште, г'зот што не знае да си го избрише, а зема поголема плата од нив...:x
    Ете затоа.
     
    На kathy es, Animali, mama31 и 15 други им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам луѓе кои прашуваат за плати, висина на сметки... Го сметам за некултурно плеткањето во тие теми.
     
    На karanfilce, Belgin1, bjorn и 18 други им се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Ниту прашувам ниту сакам да ме прашуваат. Тоа си е приватна работа и не ме интересира за никој.
     
    На kikin, theowndemon, Espadrila и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Лажат. 13 илјади зема вработен вo министерство за надворешни кој работи скоро 10 години таму?
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Нормално дека ќе лажам. Не се чувствувам должна да задоволувам нечии љубопитни интереси. Некој кога секоја прилика ја користи да надушка нешто во врска со тоа, си заслужува да чуе лага. Не кажувам пониска, кажувам повисока сума за да можат да се чудат душегрижниците доколку поверуваат.

    Во спротивно, ниту прашувам, ниту сакам да ме прашуваат. Ни ќе ми дадат, ни ќе им дадам. Ме интересира само мојот џеб и што и колку можам да си дозволам за подобар живот. Туѓите банковни сметки не ме интересираат.
     
    На kikin, 1209, theowndemon и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Нагласив дека не прашувам, но сами се истрчуваат и кажуваат луѓето, не знам со која цел и намера. Пример дека продавачка зема 20.000 сум слушнала, или дека во маркет зема во Скопје 15.500, или пак нешто што ме зачуди дека стоматолог во мало место зема 13.000.
     
  8. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Имаме 2 типа лажговци
    1. Оние кои земаат солидни плати за да спречат љубомора, завист и најмногу барања за позајмица од блиски роднини/пријатели кои знак прашалник кога и дали ќе им ги вратат
    2. Оние кои земаат минималец за да ја скријат вистинската слика за животот кој го имаат, да импресионираат некогу, да спречат сожалување или да предизвикаат завист.
    Но, нели бадијала кога некои работи се очигледни и кај едните и кај другите
     
    На Gosh, Victorian, majstore и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Што со тоа што ќе ги излажеш? Самата себе си се лажеш. Мислиш луѓео нафта пијат, и незнаат одприлика колкави лични приходи остваруваш? Кажи им само во кој сектор си, се си им кажала. Како да кажам дека земам 50 000 денари, кога земам 5000 денари? (Волонтерски ангажман, немам решение за стално), но без оглед, подобро откачи ги на културен начин, кажи им дека тоа си е лично, ниту се интересираш, ниту да се интересираат, одколку да ги лажеш.
     
    На elimkd и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Вистина? Леле, до кај дошол светов, да не можеш нормално за плата да прашаш и да ти кажат искрено. Може и за сметките и за кредитите лажат, што ако имаат повеќе за плаќање а лажат дека плаќаат помалку за да мислиме дека салдото поголемо им е на крај на месец :o Ц ц ц, се си има по светов.
     
    На Gosh, Alianna, realGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Зависи на која позиција е, со какво образование е.
     
  12. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Па првите за да се величат, а вторите бидејќи некои си се научени на кукање, секој втор збор е нема, па нема, други луѓе се плашат да не ти текне да им побараш па од далеку се бранат, некои сакаат да бидат сожалувани, четврти се плашат да не им завидиш па да им се растурат убавините :). Секој со своите причини.
     
    Последна измена: 5 септември 2017
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Лажат. Некои поради тоа што им е понижување да земаат помала плата од тој што ги прашува, некои поради работната позиција која не е еквивалентна со висината на платата, а некои и чисто поради тоа што сакаат на глупав начин да се издигнат над останатите.

    Крај краева ако не сакаш да кажеш колку висока плата земаш културно дај му до знаење на другиот дека тоа е само твоја лична работа и не е од негов интерес. Вака лажење нема смисла.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Кажи си убаво -магија да не им направиш. Јас затоа си ќутам.
     
    На Gosh, Alianna, Espadrila и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Мора да се согласам со муабетот погоре - кажи каде работиш, се' си кажал. Не е тајна колкава е платата во конфекција, во маркет, колкава им е платата на докторите, полицајците а колкава на електро- инженерите. Не е мистерија ни колку пари можеш да спечалиш преку Work&Travel или како стјуардеса.

    Нема таква професија за која никој не знае колку е платена. Ако не знам јас, ќе знае некој околу мене.
     
    Последна измена: 5 септември 2017
    На 1209, Victorian, YoungandBeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    93.769
    Секој со својот метод. Плус никој не лаже десеткратно повеќе од тоа што зема, не се секирај. Тие се бели лаги;). За радознали луѓе една илјадарка е доволна, а мене тоа не ме прави ни сита, ни гладна.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Нормално дека е јасно дека продавачка ретко каде зема 20.000 или дури и 15.000. И како што кажа Свети Николка сам себе човек се лаже.
     
  18. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    6.096
    Пол:
    Женски
    Ниту прашувам, ниту па сакам да ме прашуваат за висина на плата. Без разлика колку сум блиска со некоја личност никогаш не сум поставила такво прашање. Сепак е нешто лично и не е културно да се прашуваат такви работи. Ако ми кажат самите во ред, ама јас да прашувам тоа нема да се случи. Малограѓанштина ми е тоа, само да се пуфкаат со колкава плата зимаат.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    За плати обично кога правиме муабет збориме општо, особено затоа што мојата професија е таква, платата варира многу во зависност од тоа каде работиш. Па љубопитството обично не е насочено кон тоа кој колку плата зема, туку кој работодавач колку плаќа за таа работа. Макар што и тоа е релативно.
    Ме прашувале колку земам, ако сакаат да дознаат не е ни некоја тајна, па да кријам. Само што, на крајот пак не можат да знаат колку ќе земам месецов, зашто ни јас самата не знам. Сето тоа зависи колку ќе работам хонорарно.
     
    На Victorian и augustd им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Ниту ми се јасни оние кои што прашуваат, ниту пак оние кои што лажат. Без разлика колку и да е неумесно прашањето, постои начин да се избегне истото без да се спуштаме толку ниско и да излажеме само за да се почуствуваме супериорно дека земаме добра плата.
    Прашањето ми е ок само доколку ме праша блиска личност и доколку сме во ист сектор, па ќе го сфатам како љубопитност и желба да се знае дали може да заработи на друго место повеќе од тоа што зема.

    Ама кога ќе ми текне дека порано често во автобус кога се враќав назад во родниот град начекував познанички кои пример се медицински лица, на едно здраво сме, седнуваме една до друга во бус и оваа од нигде никаде се дрзнува да ме прашува за плата.:^) Не знам зошто и е битна таа информација но добро. :?:
    Кога станував на десна нога се случувало и да споделам колку земам, доколку не ми се збори го одбегнувам прашањето. Ама да лажам ми е нон сенс.
    Они некултурни може ќе излезат, ама јас дупло понекултурна и искомплексирана со тоа што ќе излажам.
     
    На P.S.love, Alianna, Espadrila и 3 други им се допаѓа ова.