Ни прашувам, ни сакам да ме прашуваат. Платата е дел од интимата зошто со неа ни течи животот и јас не би споделувала во никој случај колку имам и какви трошоци имам и исто така воопшто не ме интересира какви трошоци имаат некои други, макар и најблиски да се. Имам познаници кои си играат полиција и сакаат се да знам, за себе сеуште не работам, ама доколку би работела никогаш нема да кажам конкретно, туку околу. За дечко ми дури ме имаат прашувано, една другарка и еден комшија негов кој иди в теретана со мене. Им реков дека не знам и дека не ме интересира за малку да се чукнат по глава дека прашањето е ептен глупо. Ај да речиш девојчево ме знај, го знан, ама детево го имав јас два пати видено кога ме имаше прашано од кој првиот пат беше само "здраво".
Нормално дека ќе лажам за висината на платата, не сакам некој со факултет да знае дека ја земам повеќе пари од него. Кога пак ќе праам муабет со некој кој зема повеќе , ќе глеам да извлечам нешо како инфо за да го стигнам во неговата висина на доходот.
Не сакам да ме прашуваат за тоа пак ни јас да прашувам некој. Тоа си е лично моја работа не мора сите да знаат колкава плата ке зимам јас.
Тоа е веќе комплекс на ниска вредност. Извини вака. Ако правиш муабет со некој Судија, што ќе му кажеш, колкава плата земаш? Или со некој Лекар на Клиника? Верувам дека не земаш повеќе ни од едните ни од другите. Освен ако си во ИТ Сектор, тогаш и нив ги надминуваш.
Нема потреба ниту вистина да кажуваат ниту да лажат, зашто не треба ни да бидат прашувани за тоа in the first place. Е толку е едноставно
Неможе секој да си има свој бизнис. Треба да има и буџетари. И штом дошле до Судии и Лекари на Клиника, значи дека вредат, а не дека туку така земаат плата, и не се определиле на сопствен бизнис.
И што ако некој со факултет знае дека земаш повеќе плата од него? Што ќе ти смени та тебе, та него? Бил Гејтс нема факултет па ете го најбогат
Незнам како некому му се поставува воопшто прашање за кое знае дека ќе добие лажен одговор. Мене никој ме нема прашано,т.е.ептен ретко,ама не директно туку "лесно ти е тебе..може голема плата земаш" Еднаш пред пријатели (одамна) имам спомнато сума и веќе на наредната средба есапот ми беше направен. И не мешајте секс и пари...сексот одамна не е табу тема а и немора некој да ми признае дека ги соблака гаќите пред секс,веќе знам..и сите знаат.. Длабочината на џебот ,полнежот на перниците и есапот дома се табу теми за кои никој нема да проговори искрено.
Па можеби поединци и заслужуваат до одредена мера да бидат излажани од тој аспект, од причина што, прашуваат, се интересираат, како на нив нешто да им излегува од џеб по однос на висината на вашите лични доходи. Прво што некој ќе ве праша од нашиот народ ако сте забележале е колку плата зимаш и за кого си гласал.
Јас некогаш знам да потпрашам блиска личност чисто да знам како се движат платите во кој сектор за утре коа ќе се вработам да знам за себе шо како или ако треба мислење на друга блиска личност па да и дадам инфо.Иначе да ме праша комшика или подалечна личност ќе се навредам зошто таа личност нит би ја прашала нит сакам да ме праша.А на блиски луѓе можам да им кажам не би ми било проблем. Што се тиче тему има секакви некои лажат за да се прчат пред другите други со мали плати за да ги сожалуваат.Како и да е и едните и другите не можам да ги смислам
Некои велат сиромаштијата и болеста не можат да се сокријат. Истото важи и за високата плата. Парите не можеш да ги скриеш ти се познаваат или ги имаш или ги немаш. И секакви фалби и жалби се забележуваат.
Јас никогаш не кажувам колку пари имам/земам ! Бидејки после ке ми бараат на заем а јас сум циција човек
Па за повеќето работни места сите отприлика знаат како се движат платите. Така што малку е смешно лажење. Иако не знам зошто ова би било тема на муабет воопшто. Многу е невкусно да прашаш некој колку заработуваш.
Заемот останал од Господ. Не ти ги бара гратис, на заем ти ги бара. Стави се во ситуација да ти се доведеш од некого да побараш пари на заем?
Да, во право си. Но кога треба заемот да биде вратен назад да не испадне - Господ ќе ти ги врати. Да се надоврзам на темава. Нити би прашала некој колку плата зема, нити сакам да ме прашуваат. Крајно некултурно и нецивилизирано е да се поставува ова прашање.
Никогаш за плата не лажам. Како да лажам, да проценам дали на овој да му кажам повеќе, на друг помалку ? Нема да кажам ако не сакам, ама нема да лажам. Мене многу поискрено ми е да му кажам дека нема да кажам, отколку да лажам за суми. А, и сумите не се фиксни, платата се зголемува и намалува. Иначе, дали ме лажеле, вака, јас за плата никого не прашувам, ама самоиницијативно имам видено дека кога земаат ниски плати луѓето искрено кажуваат, се жалат, ама кога земаат повисоки плати ќутат и лажат за да не им биде побарано, да не треба да дадат или нешто. Таква психологија имам увидено. Поретки се оние кои си ја кажуваат високата плата зарад фалење. Значи ова сум го заклучила по оние кои ги знам.
Зашто би се плашела да кажам дека зимам 1000евра плата?Кој глупости,колку сакаат нека бараат нема да им дадам крај. Кочо Аѓушев си призна дека има над 30 милини евра па што? Зборам да зимав,а другите само ке ми љубоморат,зависта е голема кај нашиот народ.