1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. BlueHeart

    BlueHeart Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2012
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    469
    Пол:
    Женски
    Што мислите вие за луѓето што никогаш не чувале домашни миленичиња? Бидејќи јас чувам мачиња а моите соседи секогаш коментираат дека многу ги пазам и сакам на моите мачиња, прашуваат како не ми е страв да ги фаќам бидејќи сум можела да се разболам и не разбираат колку сум приврзана за нив.

    Ако има ваква тема слободно оваа заклучетеја.
     
  2. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Па јас стварно незнам како луѓето можат да не сакаат животни.Јас моментално имам 10 мачки и сите си ги сакам.И мене ми се чудат како можам така да се однесувам спрема нив ( а се однесувам како спрема човек,а не спрема животно),толку многу да ги чувам и сакам.Посебно не ги разбирам луѓето што чуваат и одеднаш ги фрлат.Моите мачки двете се големи,а останатите осум се мали и спремни за подарување,па воедно кој сака нека пише лп.
     
    На realGirl и cooll им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    ^ Не е тоа до несакање на животни. Јас на пример многу сакам животни, најмногу кучиња. Но неможам да имам некое бидејки сум во стан и мајка ми е алергична на нив. Тоа што некои луге не чуваат домашни миленичиња не значи дека не сакаат. Јас имам чувано рибче и хрчак бидејки сум во стан само тоа може да пројде од домашни миленичиња.
     
    На Dream-Girl, Elena69221, mil4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    ^ Баш така! :nod:
    Има и луѓе кои имаат милениче но го мразат! :doh: Во школо имав една другарка, таа си земала маче и толку! Ни внимание обрнуваше ништо! :@ Мачкате беше хранета од баба и`! Си порасна мачкава и има мали мачиња. Оваа наместо да и помогне да не изумрат, ги оставила на циментот!!! :worried: Еден ден отидов кај неа на гости и видов само едно маче. Ја прашав кај се другите оваа ладна си одговара: „Ах, тие умреа!“
    :o Си ги собрав сите пцовки и истрпев! :envy:
    Си игравме со мачето и она ми кажува: -„Ај да видиме на кој повеќе ќе обрнува внимание на мене или тебе!“ И добро прифатив и така ми беше досадно...
    Го фрли мачето меѓу нас и седна. Мачето се упати кон мене оваа почнала да го тегне за опаш!!! :fubar:
    Станав си ја кренав ташната и го земав мачето! Без ништо да и кажам си отидов дома. Го нахранив и го подарив мачето и така приказната си има Хепи Ендинг :)
     
    На 1209 и cooll им се допаѓа ова.
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас многу сакам животни, и знам дека има луѓе кои не сакаат. Но, не им замеувам, секој има право во својот дом да прави што сака, а оправдание не е потребно.
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Јас сакам животни посебно куче,имам услови ама на моите им смета ете тоа е проблемот.Тоа не ме прави лоша личност,секогаш сакам и уживам да погалам некое куче од комшиите и да го нахранам :lol:
     
  7. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Rama, а пудлица да си земеш ти? ;)
    70% сум сигурна дека ќе се сложат зошто:
    -Не пушта влакна;
    -Интелигентни се, т.е завземаат 2 место во листата на најинтелигентни кучиња;
    -Минијатурните не се многу големи ни многу мали;
    -Не тепаат со цената;
    -Не лаат на секој;
    -Послушни се ако им се командува;
    -И најважното, Слатки СЕ!!!! :D
    [​IMG]
    [​IMG]
    Па, што мислиш? :)
     
  8. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не гледам голем проблем ако не чуваш домашно милениче, поголем проблем е да не сакаш миленичиња т.е. да мразиш.

    Има разни причини зошто не чуваат луѓето миленичиња. Алергии, негодување на некој од семејството, немање услови, неодговорност итн.
    Може и не се ни причини туку се изговори за да не се земе милениче, меѓутоа тврдам дека дури и е подобро некои луѓе да не чуваат миленичиња.
    Некои ги поистоветуваат со играчки па се откажуваат од нив зашто забораваат да ги нахранат, водичка да им стават, прошетаат итн.
    Затоа пред да се земе милениче треба разговор во семејството и одлука на цело семејство, да не испадне го земавме па не го сакаа дома па го пуштивме на улица.
    И да се свати одговорно чувањето милениче, бидејки тоа е живо суштество кое ќе бара многу, но и ќе даде многу љубов во едно семејство.
     
    На cresa-jagoda, blonde_supergirl, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Луѓето што не чуваат домашни миленичиња сигурно имаат причина за тоа, некако звучи глупаво прашањето “Што мислите за таквите луѓе?“
    Еве јас не чувам милениче иако многу многу ама ептен многу сакам кученце да ми се мотка по дома, ама моите се против бидејќи живееме во мал стан, а и сите работиме, гревота е да земеш невино животинче на душа ако немаш соодветни услови за чување и ако не можеш да му го дадеш вниманието кое му е неопходно.
    Да, не можам да ги разберам луѓето што не сакаат животни, но нив не ги поистоветувам со тие што не чуваат, тоа се две сосема различни прашања за дискусија.
     
    На Mesmeric му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    Некои немаат можност и услови, други не сакаат таква обврска. Не секој сака и може да си земе таква одговорност. Но во секој случај, оние што немаат миленици, многу пропуштаат. :)
     
    На Mesmeric, AnnabelLee и teteks им се допаѓа ова.
  12. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би чувала милениче внатре во стан. Куќа со двор е друга работа, треба да има услови, за да се чува.
     
    На Aleksandra9999, KuklickaMoja, Недопирлива5 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Нити сум чувала, нити ќе чувам. Нити сакам да чувам.
     
    На sjdgo и Queen8 им се допаѓа ова.
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Животно е само за надвор, дефинитивно!
     
    На Aleksandra9999, KuklickaMoja, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.660
    Пол:
    Женски
    Дома во никој случај не би чувала.
    Во двор може.
    Имаме едно куче во двор. Освен што му давам јадење друга обврска со него си немам. Го заварив овде кога дојдов. Свекор ми чат пат знае да го однесе на нива да го истрча.
    Во дворот го чуваме,заградено е , нема шанса да излезе од нашиот двор. Ама ако влезе некој кај нас лае како лудо. Тогаш само синџирот е спас. Исто кога му давам јадење мора да е врзано или затворено во неговиот дел.
    Имам ненормален страв од куче.
    А грејното колку ми се радува , ми скока, но јас од далеку му го фрлам/ ставам јадењето.
    Скоро 4 год сме заедно , ниту еднаш не сум го погалила. И мислам дека никогаш нема да погалам куче:(
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не дека нејќам животни или не би чувала во иднина, ама и тоа како жива душа си бара внимание што за мене би било замарање. Да сака некој што живее со мене да чува, ОК. И инаку мислам дека најдобра средина за животното е природата, а не човечки дом, ама ајде, во таков свет живееме.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ни надвор. Уште тоа ми фали. Не сум љубител на животни.
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    И ја не сум :), ама ако ептен некој сака да чува, само надвор. Јас лично не можам да се занимавам со тоа.
     
    На Aleksandra9999, KuklickaMoja, Недопирлива5 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Друга причина е што не сакам обврска плус. И јас сум за кучиња да се чуваат во куќа. Стан не ми е соодветно место за тоа.
     
    На Queen8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.840
    Пол:
    Женски
    Малку банална е дискусијава. Тој што сака миленик дома ќе си има, тој што не сака нема да има. Не може на некој што не сака куче дома со сила да му дадеш да чува.
    Јас имам куче дома, во стан, кога го земав спиеше со мене во кревет, и иако е долговлакнесто, мене лично не ми смета што има влакна насекаде. Два пати дневно со џогерот поминувам и толку.
    Кога се омажив, маж ми не сакаше дома куче. Не дека не сака животни, баш напротив, ама како многу од вас вели куче не е за во стан. Уште додека бевме во врска, во една пригода му напоменав дека кучето немам намера да го дадам ни кога ќе се мажам ни кога ќе имам деца. Затоа кога се земавме направивме компромис. Кучето да не се качува само по кревети дома. Тоа е многу воспитано, не лае, не прави бељи по дома, па други проблеми не сме имале. Обврската за кучето си ја имам јас, шетање, бањање, чешлање и слично, исто како што си правев и пред да се омажам.
    Маж ми да речеше категорично дека нема шанси куче дома, сигурна сум дека ќе му раскинев. Како што реков, тој што сака миленик ќе има, тој што не сака нема да има, и толку. Не верувам дека некој може да ги предомисли и двата типа на луѓе.
     
    На teaiva, Doozy, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.