1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Еве јас те демантирам, свекор ми може да те фрли во река ако дигнеш нога или рака на куче и ќе те фрли со неговите 130 кила мускул верувај.Така да не се сите жени, а и да се, тоа само докажува колку се само по емптични од мажите кои мислат дека се фраерчиња ако не покажуваат никаква емоција.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.021
    Дека е форумов женски:?:
    Не се само жени, тој примерот што го пишав погоре е маж.
    И ни едното ни другото нема врска. Ниту тие што чуваат животни се надлуѓе, ниту тие што не чуваат животни се нелуѓе.

    Мене животно, маче, куче, во стан ми е преголема обврска, на комшиката не и е. Ама ко ќе квичи цел ден дома затворено, а таа не-дома, мене ми е малку нехумано, може затоа. Може само премногу размислувам, штознам:|
     
    На candy.cane и 1209 им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata е нехумано, затоа и првично јас реков емпатија, без разлика дали чуваш или не чуваш. Има сопственици кои малтретираат, има сопственици на синџир што ги чуваат, има несопственици оти не можат од некоја причина да чуваат ама кога ќе видат на улица ќе им падне жал, ќе фрлат нешто храна, ако некој малтретира нема да стојат рамнодушно и да гледаат. Емпатија, не злоба, се осеќам како никој да не ми ги ни чита мислењава само верглам едно исто, а сите се запнуваат за една реченица и ја извртуваат. И така.
     
  4. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Нема поента, тоа сум го приметила, па прашав зошто е тоа така?
    Не наметнувам и не ми ги извртувај зборовите.
     
  5. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Јас прашав за "заштитниците", "активистите"и оние што се фалат колку они животни нахраниле,а притоа немаат ниедно милениче дома "зошто немаат услови или не им даваат"
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.747
    Пол:
    Женски
    Лејди .... ти пиша дека се поќето женски. Ни негирам дека се, ни тврдам. Оти ... нема врска. Ти ми рече, демантирај. Нема да демантирам нешто шо, пак ќе речам, нема врска. И те прашав шо со тој заклучок? Мислиш дека има врска? Ако да, зошто? Ако не, која е поентата на воопшто да се спомни и да се влечи за џабе? @LadyF95
     
    На Celltica и 1209 им се допаѓа ова.
  7. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Ти не ни знаеш со кого пишуваш, тебе ти е битно да навредуваш. Ракописов дали ми е добар? Да не те нервира и тоа
    Приказните дека имаш маж,и свекор (130 кг, чист мускул, нема да спијам сега) кажувај ги за добра ноќ на мама и тато
    И мене ми е сеуште мистично зошто генерално посочените персони се со исти спецификации и многу слични животи.
    Ја видов приказната и параванот зошто се хранат животни,а немате дома ниедно.
    Тоа што го правите е исто ко да родиш 6 деца и немаш пари да ги храниш, а јас имам 1 зошто толку можам финансиски да опстанам, и на крај кој е подобра мајка?
     
  8. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Јас заклучив и видов дека се сите женски, а зошто, не можам да си дадам објаснување. Не знам што очекуваш да ти кажам, 2 пати истото ме прашуваш.
    Да не нагаѓам, еве ти кажи ми дали е коинциденција или нешто друго?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Како заклучи дека немам маж и дека немам животни?Прочепкај во други теми, ќе видиш дека имам животни повеќе отколку што ти ќе имаш цел живот веројатно.
    Јас ти кажав дека не се сите женски, ама ти читаш што ти одговара.
    И не реков ништо за ракописов, реков дека понашањето изразено преку мислење ти е сељачко, неповрзано и без никаква поента.
     
  10. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    @LadyF95
    Шо мешаш баби и жаби?
    На женски форум си кај шо 90% се женски.
    А, и во реалниот живот ако поголем дел активистки за животни се жени шо ќе ти смене?
     
    На Biljarkata и 1209 им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.747
    Пол:
    Женски
    Јас те прашав ради вакви прашања од твоја страна. Ставаш нешто као „еј вака е, ај кажи ми зошто“, а очигледно, голем дел сметат дека е нерелевантно, како и јас. То и пробвав да ти го кажам. За прашањето - не е релевантно, од таму не ми е гајле дали е случајност или не за подлабоко да одам во то. А, ти реплицирав зошто поќе од еднаш проба да го турниш ова прашање и искрено ме заинтересира зошто. Која ти е појдовна точка. То е се шо пробвав да ти кажам во репликите. Ако ти сметаш дека можеби е случајност или не, на тебе е да изнесиш зошто мислиш така за некој да би се надоврзал.

    Башка, другите добро ти кажуваат, ова е женски форум. Нормално дека доминантно женски ќе пишат и тука на темава и во другите теми.

    И за ова не те сфаќам. Лошо е дека ги хранат, а не можат да ги вдомат? Пошто не можат да ги вдомат треба да не им е грижа? Која ти е појдовната идеја тука?

    Јас имам привилегија да имам двор. Дури и заден кај шо живеј Пес во свој засебен дел, а напред мачките. И ги ранам уличните за шо се изјаснив во соодветната тема. Дали то ме прај над некој? Не. Само ме прај ненормален чоек шо ко ќе ми квични животно морам да го земам. Не секој има ваква привилегија. Да немав задено место/ двор за кучето, немаше да можам да го чувам Пес зошто дур го чував исклучиво напред наидов на многу ситни ама значајни проблеми. Дали ќе бев лицемерна ако продолжев да ги хранам уличните, а притоа да немав куче? Прашвам толку прашања зошто пробвам да разберам шо мислиш, не е напад, пробвам најцивилизирано да искомуницирам и да разберам шо мислиш за да би можела да продолжам со разговорот.
     
    На Amellie13, Annora, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  12. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Ништо нема да ми сменЕ, само ме чуди зошто е тоа така
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Јас саκам да чувам домашни миленичиња. И моиве, уште баба и дедо, чувале домашни миленици...и не само миленичиња, туκу и домашни животни. Па, аκо не може сето внимание да им се посвети, може неκое...
     
  14. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Супер е тоа што го кажа, и што го правиш, значи си ги пуштила нозете колку чергата, и не се фалиш со тоа и не ги вреѓаш останатите што не се твои истомисленици
    Е "љубителиве" се порадикални, одма си enemy of the state ако не сум чувала куче.
     
    На Alisa22 и Sahlene им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Епа чуди се, што да ти кажам.
    Отвори на фб разгледај по здруженијата и ќе видиш дека доста мажи има.
    Ама малку проблеми имаме со бездомните животни па остана да се замараме оти биле жени.
     
  16. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Вие ги правите свесно проблемите, за донации да барате
    До сега ситуацијата се влошува константно,значи не правите нешто како што треба. Премногу улични има, автоматски се во глутници собрани, тогаш се најагресивни, па има се повеќе инциденти,па ги трујат (што секако не е решение), и се така во круг. Ама на некој му одговара така да биде
     
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.217
    Допаѓања:
    162.747
    Пол:
    Женски
    Нема простор за навреди. Се шо прочитав е дека не е добро да храниш улични, а да не ги прибираш. Шо не е логично.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Не барам донации, не сум дел од здруженијата. Неуспешен ти е обидот.
    Решението како што пиша @theowndemon е кај самата општина. И кучињата и мачињата што се бездомни се души. Општината е таа која треба да кастрира. Ако им требаат средства тие што сакаме ќе донираме некоја сума. Овие кучиња се често малтретирани, оставени сами на себе. Ги хранам, некои имам и вдомено. Јас како поединец тоа имам направено. И некоја паметна како комшикава што е мразач на животни да ми се заканува "ќе ти го отровам кучето".
    Ако не сакаш животни арно. Не си ни приморан, не го имаат сите тоа чувство.
    Ама голем дел од тие што не сакаат животни ќе направат се за и твоето да го однема. Затоа секојдневно се вршат труења.
     
    На 1209 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Колку случаи на труење има, и во колку се фатил сторителот? 0%
    Значи нема фајде од здруженијата
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Не се разбираме, ама ок, вие сте секогаш неразбраните
    НЕ САКАТЕ ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО УЛИЧНИТЕ КУЧИЊА
    Наместо да се насочите кон кастрација неселективна, вие купувате бајат леб и ги храните. И они се множат. И до кога вака?