Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.632
    Пол:
    Женски
    Океј. И како тоа што Алиса не реагирала автоматски ја прави ладнокрвен убиец и злобна?

    Значи има прегазено маче на улица. Поминува Алиса и не покажува емоција. Поминувам по 10 мин јас и помислувам "леле греота мачево", продолжувам со животот. Алиса може секој вторник волонтира во дом за деца без родители, а јас може имам 3 лешеви дома во дубоко.

    Просто невозможно е да се дефинира човек како злобен ако само не сака животни.
    А сигурна сум дека и Алиса и јас сме сложни дека оние што им нанесуваат зло треба да одговараат.
     
    На Alisa22 и Cka им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Од каде тој закључок дека ако не сакаш животни автоматски значи немаш емпатија?
    Емпатија или имаш или немаш и си со дијагноза, тука не хранам животни по улици зошто ги нема, во Скопје кога сум одела исто не сум ги хранела зошто ми е страв да им се доближам, а ако ми е страв да им се доближам значи не можам ни да им наштетам.
    Не газам намерно животни по патиштата, неколку пати сама се имам ставено во опасност само да не згазам животинче по патот ама не сакам животни во моја близина.

    Јас не се најдов увеЃана ама не сакам ни некој да ми дава дијагнози и да ме прогласува за злобна, без емпатија зошто не сакам животни.

    И не мислам дека сите што хранат улични животни се нешто wow, ниту па дека сите го праваат од хумани причини, мене па така ми покажала праксата, треба сите сега да ве ставам во ист кош заради моите лични искуства со такви луѓе?
    Имам пишувано во зградата каде што имам стан во Скопје една од комшиките хранеше мачки, многу хумано од нејзина страна, женава емпатична, жалосллива итн, тоа е едната страна на медаљата, другата е 20 мачки во влез каде не можеш да се симнеш по скали од нив, смрдеа неподнослива од измет и мочки зошто тоа не е нејзина работа да чисти по мачките она е хумана ги храни и смет еден куп од конзервите туна што им ги остава на мачките.
    Нејзе кој цеФ ја боли за сите останати станари што трпеа се ово ради нејзиниот личен избор да храни улични мачки кој патем можеше и надвор да го прави, ама не она внатре и многу е хумана, а во стан од 100 кв во кој што живее сама нема ниту едно животно, хумана I don’t think so.

    Во истата зграда имам комшија со два добермана што си ги пушташе пред зграда да си трчаат и не правеше сите ние што се буневме дека сме нехумани, без емпатија а он ете еден хуман, емпатичен што да ти причам, да не може дете да излезе од дома од страв или со страв да играат пред зграда.

    Така да полека со дијагнозите, секој медаља има две страни.
     
    На Alisa22, 1209, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.184
    Пол:
    Женски
    Не реков ниеднаш дека ја прави ладнокрвен убиец :^) кој колку е злобен тука ,исто не знам.Алиса по нејзино напишано мислење тука е мрзител на мачки,мрзи мачки,и тоа е нејзин проблем.

    Од друга страна,секој си има своја дефиниција што е злобно.
    За мене е злобен човек што посакува смрт на животни,односно тоа се садисти.
    Да им гориш опаш со запалка,да им дадеш оброк со отров за глувци,да ги газиш со кола само затоа што ти мрзиш мачки и не сакаш да ти се плеткаат на улица,а децата твои да фрлаат новородени мачиња од тераса не само што злобно туку е болно и тоа никогаш не го прави човек кој сака.
    Разбирам индиферентност кон животни.
    Но Човек да нема никаква емоција кон убиено,згазено,усмртнено,малтретирано животно не разбирам,чудно да не покажеш никаква емоција,исто ми се чудни луѓе што им смета самото постоење на животни.
    @bittersweet
    Немаш емпатија кон животни,Не ги сакаш,индиферентен си кон нив,не ти се развила емпатија кон нив.
    Емпатија се учи и се развива.
    Не е ја имаш или немаш.
     
    Последна измена: 4 август 2020
    На ohlalalala, andromedae и 1209 им се допаѓа ова.
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Како можеш да тврдиш дека немам емпатија кон животните, како дојде до тој закључок?
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    пошто не си чувала, не си се грижела за животинче, па по логиката на Косми дека емпатијата не е вродена туку се учи ....немаш емпатија. Така, ако не си чувал Африканец или човек од црната, црвената, жолтата раса дома, не можеш да имаш емпатија кон луѓето од црната, црвената..... раса. :D Така и со се' друго :D
     
    На Tan4ence, Yowannty, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    @bittersweet ама јас сто пати пишав дека разбирам луѓе што имаат страв и не чуваат ама нема кој да прочита. Мене не ме боли уво вие у кој кош ќе ме ставите, нема да се навредам, целата дискусија е оти јас лично искажав мислење мое дека не сакам луѓе кои немаат емпатија кон животни, никаква, дека јас лично не сакам да се дружам со такви и дека јас лично мислам дека се злобни ако не ги додирнува страдање на невино животно. Значи ќе потенцирам ЈАС ЛИЧНО,не кажав дека е факт, не кажав дека е статистика, од мое искуство се покажало така и јас така ќе си верувам додека некој што лично ќе го запознаам не ми го докаже спротивното. Јас луѓето што ги знам што вистинско сакаат животни знам дека се хумани и добри општо во животот па преферирам да се дружам со такви, велам вистински оти не сите што чуваат вистински сакаат.
    Јас искажав мислење како јас лично преферирам, што јас лично мислам и неколку на темава се најдоа дирнати, ми го извртеа мислењето неколку пати, а не гледам причина, ниту јас ќе се дружам со нив, ниту они со мене.
    Вие мислете за мене дека имам погрешни предрасуди, јас за оние кои не ги дирнува страдање на животинче мислам дека се злобнички, не во смисла човек да убијат злобни, ама дека не се добри и така, никој не ве тера да се дружите со такви како мене, како мене што не ме тера да се дружам со такви како нив. Велам нив оти тебе несакањето ти потекнува од страв за кој пишав уште во првото мислење дека го разбирам, сепак иако ти продолжуваш да не ми ги читаш мислењата и да се задржуваш само на тоа кое не се однесува на тебе.