Не е поентата дали некој некого ќе го предомисли, дискусијава односно темава е за луѓе што не чуваат, а за тие што чуваат си има посебна тема! Не осудивме никој што чува, туку само си искажуваме свои ставови.
Јасно е, не осудувам ни јас некој што не чува. Подобро да си има став дека не сака куче/маче, отколку да го занемарува фактот колкава обврска се и тоа милениче да заврши на улица. Мојот коментар беше врз основ на искуството што го имам, зошто најчесто на муабетот дека чувам куче во стан речиси секогаш добивам бурна реакција "ауу како можеш тоа?!"... небаре сум им го ставила кучето во нивната дневна да седи. Исто така се согласувам дека животинките многу подобро функционираат во отворен простор каде можат да се базираат на животински инстинкти, и дека на кучето/мачето/пилето сигурно му било подобро надвор од стан. Но за џабе не се викаат миленици, моето куче пре би да е дома на кревет, и често гребе на врата да го пуштиме внатре дури и кога е пуштен во дворот на моите, едноатавно сака до нас наместо надвор во тревата. Нејсе, сакав да речам дека луѓето кои не сакаат миленик дома, нема да имаат како и да е, и во ред е да имаат такво мислење, особено кога знаат каква обврска е тој миленик.
Обврска и тоа како, ете, јас лично не би можела да преземам таква обврска, а немам ниту таква желба. Единствено што би чувала во двор е маче, но друг да се грижи за него, а јас онака да го гледам само и да знам дека го има. А, не дека имам некоја посебна желба и за маче, туку ептен ако треба да изберам некоја животинка за во двор.
Јас од мала сакам животни, особено кучиња ми се слабост. Немавме услови до пред 7 години. Секако, обврска се и обврската реално падна на моите, особено на мајка ми. Јас студирав, па на работа, татко ми на работа и така она се околу него средува. И ден денес остана така. Татко ми само некогаш ретко ќе го прошета или го чува кога ние 2 сме на пат некаде. Ги разбирам луѓето кои не сакаат или не можат да си превземат рамва обврска, не е доволна само љубовта кон нив. Ама не можам да ги смислам оние кои ми солат памет со нивните "јас не би чувала", "многу влакна", "прљави се"... а никој ништо не ги прашал. И не поднесувам луѓе кои мразат животни. Едно е да не сакаш да чуваш или да се плашиш ама да ги мразиш тоа е не сфаќам.
Јас за луѓето што не чуваат милениче немам никакво мислење во глобала. Ниту некад ми текнало да размислувам за таа група на луѓе. Ако размислам немам во последно време ниту пријатели од таа група. И во никој случај не би сакала ни да имам јел сигурно имаме различни интереси и ставови за животот. Така да не сакам да имам ништо лично со групацијава. За луѓе што не сакаат животни имам подлабоки зборови. И мноооогу поопширно можам да ги опишам најчесто со сочни придавки без никаква пауза во говорење на интервал од петнаесет минути. Не само што немам такви околу мене дури и роднини имам очистено да не ми загадуваат ушни и очни канали. Ги сметам тие луѓе за вошки кои треба да се пукнат со ноктите. Имам изразено гадење од нив и отворено го кажувам тоа. Дел од оваа група која плус повредува животни во состојба сум и да ги задавам со голи раце и да ги исчистам од планетава како најголема фекалија на денешницава. За оваа група искажувам отворена омраза и агресивност.
Јас мислам дека пропуштиле многу. Можам да разберам да не чуваат од причини што немаат услови, ама не можам да разберам да не сакаат да чуваат. Другарките мои пораснаа без животни и уште не сакаат и затоа и се оддалечивме со тек на време, немам емпатија за луѓе кои немаат емпатија кон животни. Најчесто се покажало барем во мојот живот дека оние кои ме сакаат животни се злобни луѓе.
Дискусијава е малце непотребна. Исто како да прашаш што мислиш за луѓе кои не сакаат да имаат деца. Секако не збориме за тие што мразат животни. Може сака да чува, ама преголема одговорност му е и трошок. Јас сакам маче да чувам ама прво во стан сум, второ моите не се за и трошок ќе ми е сега. Во иднина кога ќе можам, ќе си земам.
А под "емпатија" веројатно подразбираш да го анимираат твоето животно, да го галат, да не се плашат и да кажуваат колку е слатко. Штом пораснале без животни, оттуѓеноста е разбирлива, ама како може твоето да не го сакаат, нели? Како да кажеш дека личности што не знаат како со мали деца и не се заинтересирани за интеракција со нив, се злобни. Темава ако оди кон оваа насока треба на ниво на расизам или национализам да се третира и вакви коментари да се бришат. Дискриминација и стереотипи без да се погледне што е во позадина.
Не сум љубител на животни па не чувам ништо. Никогаш не ми била желба да чувам животни го глеам како обврска и мачење . Дечко ми чува кучиња сакаше и мачка ама не му дозволив алергична сум на мачки и да се пазам секој пат ради мачка кај него нема шанси.
За тие што не чуваат не можам да имам едно генерално мислење, зошто различни луѓе си имаат различни причини да не чуваат милениче. Додека за оние кои не сакаат животни воопшто, сметам дека ние од страна (што сакаме/чуваме животни) можеме само да претпоставуваме зошто некој не сака животни, само тие самите можат да се изјаснат за нивните причини, кои повторно верувам не се исти за секого. Признавам мене ми е малку чудно/неразбирливо кога некој не сака животни, но тоа не е доволно да донесам генерализации и заклучоци за целокупниот карактер на таа личност. Не сметам дека тоа дали некој сака или не сака животни нужно го определува како добра или лоша личност.
Па таа "една мачка" на некого премногу може да му значи, поготово ако обожава мачки. Се ставив на негово место, јас обожавам и мачки и кучиња и не можам да замислам да живеам без нив, затоа и незамосливо ми е некој надвор од мојот дом да ми кажува што можам или не можам да чувам. Плус, мачката не мора да е со вас цело време, и да сакате нема да биде така да не е толку огромен проблем да си ја чува ако ти одиш кај него на неколку саати само. Ама како и да е, имаш среќа што дечко ти те сака многу па одлучил да не вдоми мачка. Инаку, не осудувам ако некој не чува животни, некои можеби немаат услови, за некого е обврска огромна итн итн ама не можам да сфатам луѓе што ги мразат животните, што нејќат ни да погалат маче/куче, ги вреѓаат а и во најлош случај имав колега што се фалеше како убивал мачки во двор со пушка.
Јас сум алергична на мачки и нема шанси да му дозволам да чува за мене тоа е голем проблем ,луѓе што немале проблеми со алергија тешко дека ќе разберат а не е мала работа , ако ми се доближи мачка одма ми солзат очите кивам добивам црвенило по вратот или во најлош случај исип по кожата кој страшно чеша . Така да му објаснив на дечко ми зошто не може да чува мачка и он рече во ред не направи никаков проблем . Подобро ќе раскинам отколку на секое гледање да се плашам дали ќе ми се случи нешто од некоја си таму мачка . Не знам никогаш не сум сакала да галам животни ич не сум љубител ниту ми се слатки ниту ништо ,кога ќе видам животни по улица не сакам да ми се доближат. Не гледам ништо чудно и лошо во тоа не мора сите да се љубители на животни.
Што е со темава? Демек тие што не чуваат миленици се некои чудаци па треба да се анализираат? И да не сака некој животни, пред да се чудите каков бездушник е, потсетете се дали уживате во скаричка, мевце. Јас лично обожавам животни, ама немам што да мислам за некој што не ги сака толку.
Мачки си сакам и сум чувала. Не бев љубител на кучиња,имав паничен страв до мои 35 год. Бидејќи не сакав да го пренесам стравот на моите деца ,зедовме куче,кога отидовме да го земаме,јас наназад се враќав Од тогаш наваму,не можам да го замислам животот без куче. Порано бегав, сега хранам и се грижам за улични животни. Сметам дека за секое дете е огромен бенефит да расне со животно. За луѓе што не сакаат не мислам ништо,нивни избор. Но за луѓе што ем не сакаат ем им прават зло мислам дека се многу лоши луѓе и не сакам такви блиску до мене.
Психопати. Спојлер За тие оперирани од хумор, ова беше мајтап. Шега на страна се дур некој не повредва животни и свесно не му нанесва штета, гајле ми е дали чува, не чува, се плаши, не се плаши. Секој е засебна индивидуа и не сме сите исти. Али ако некој свесно сака да нанеси штета на животно, ќе скокнам до заклучок дека ќе го направи или веќе го има направено на човек. Јбг. Во поглед врски и животни, сакам животни. Моментално имам 5 мачки и еден пес. Не би зела нов миленик ако на партнер му пречи ( ако веќе имам партнер, промена е нов миленик и не е мала работа), дали било то во заеднички живот или за иди ми/ дојди ми. Дури и да е за иди ми/ дојди ми, некој ден ќе имаме заеднички дом, шо тогаш со новото вдомено животно? Ама исто така не би ги оставила сегашните миленици ( тука милениците идат пред партнерот и тој скроз свесен беше дека ги имам), сепак иден партнер ќе има време да ме запознај и да увиди дека тие идат сегде со мене во пакет, и некакви жалопојки за животните кои веќе ги имам нема да поминат зошто ко ме запозна знаеше дека ги имам и ако очекуваше дека ќе ги остам .... Мсм, шознам, манипулативно би ми гледало, да сака да остам нешто шо иди пред него и да се надева дека ќе ми смени мислење и чувства за миленици кои ги чувам со години. И така.
Мајко мила... Не се дружеле со луѓе што немаат миленици, злобни биле тие што не сакаат животни... смалете доживљај малку. Еве, не сум имала миленик никад, не сакам да имам, и нема да имам никогаш во иднина. Не ми сметаат тие што имаат, не избегнувам да одам на гости кај другарките што имаат миленици, не шутирам мачиња и кучиња по улица, едноставно не им се доближувам и не сакам кога ми ги туткаат со сила да ги галам. Сум злобна малку, ама нема врска тоа со животните. Ова исто ко да речам не се дружам со луѓе што сакаат животни пошто тие помалку ги сакаат луѓето.
Домашно милениче не е само куче и маче. Домашно милениче може да биде овца, коза, свиња, кокошка, змија, инсекти. Дали некоја од вас чува вакви животни? Зошто домашните животни ги сведувате само на куче и маче? Велите дека избегнувате луѓе што немаат љубов кон домашни животни. Колку од вас имате дечко што чува кози и свињи дома? Зошто не си фатите? Не ги омаловажувам тие луѓе што се занимаваат со сточарство. Напротив, имам огромен респект, туку само ги посочувам двојните стандарди на луѓето. Со куче и маче си кул, фраерчиња, граѓанин, али со коза и свиња си затуцана, нетуширања сељачана. Или нема да сте ИН на Инстаграм со овие животни? Јас мислам дека огромен дел од популација чува куче или мачка, затоа што е тоа некој вештачки наметнат тренд и глумење „граѓанство“, а не вистинска потреба.