1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    41.437
    Пол:
    Женски
    Бриџо под емпатија мислам на тоа да го тепаат, маваат и да мразат, а не под тоа да ми го анимираат животното, фала богу имаат доволно внимание од нас. Другарките мои не сакаат во куќа да ми влезат откако имам милениче иако го затворам во друга соба затоа што знам дека се плашат, па затоа и се одалечивме.
    И да најчесто се покажало во мое искуство дека тие што мразат животни и што се мразени од истите се лоши луѓе.
    Другарките мои не ги мразат само се плашат и ги разбирам до некаде, не реков дека се злобни ради тоа.
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    Си ја осетил среќата и исполнувањето што ти го прави некое животно?
    Коза, крава не се миленици. Тоа се домашни животни.
    Куче, маче, риба, хрчак се миленици.
     
    На 1209 и Mesmeric им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Убаво си пишува тука, никаде не е спомнато тепање и малтретирање, ете другарките не ти го мавале миленичето ама сепак сте се оддалечиле, за веднаш потоа да напишеш за немање емпатија и злоба за оние што не сакаат животни.
     
    На Purplelilac и Alisa22 им се допаѓа ова.
  4. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Ај ако не коза и свиња во стан да чувам за да ти покажам дека сакам животни. Споредбава..
     
    На candy.cane, Mesmeric, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.760
    Пол:
    Женски
    Критериум за партнер ми е да има коњ и коза под услов не јава и не молзи. Ако има таков лп. :makeup:
     
    На candy.cane, Celltica и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.420
    Допаѓања:
    12.009
    Пол:
    Женски
    Јас имам дома 12 мачки и 9 кучиња и сите ги сакам подеднакво и никогаш нема да ги сфатам тие кој не сакаат да имаат миленик.
     
  7. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Имате избор да се преселите да живеете во село и да чувате домашни животни.
    Имате избор да фатите дечко од село и да се занимавате со земјоделство и сточарство.

    Колку од вас би го направила тоа? Веднаш штом слушнете дека е некој од село и се занимава со сточарство бегате како ѓавол од крст. Тука завршува таа љубов кон животните.
     
    На marija305 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.922
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам од кај ги вадиш аргументиве.
    Да се поделиме ако не, тие што не сакаат да чуваат животни да живеат во град, тие што ги сакаме да живееме во село. Свесно сега не би одбрала да живеам во село ради други недостатоци, животните не се ни проблем. Ако некогаш морам да се преселам, тогаш океј. Извини јас кога фаќам дечко првото прашање не ми е со што се занимава. Ако кажам дека сакам животни не мора под дифолт да значи дека треба во село да идам и јас самата да се занимавам со сточарство и земјоделтсво. Патем, премногу забега од темава која е домашни миленичиња.
     
    Последна измена: 2 август 2020
    На candy.cane, Spidy, Mesmeric и 2 други им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    41.437
    Пол:
    Женски
    Да не сум пишала како што треба, во право си ама јас под емпатија подразбирам да имаш сочуство со некој, што ми е спротивно од мразење(наштетување), така да никаде не пишав дека тие мразат животни, само дека не сакаат па се подразбира дека не зборам за таа груба. Е сега ако вие мразете животни, ги клоцате и колнете и сл, да,тогаш според мене сте лоши луѓе. Ако воопшто не ги перципирате ама сепак не им наштетувате тоа е сосема друга работа и до некаде ја разбирам иако не сакам да се дружам со такви луѓе и тоа е мој личен избор. Јас не се одалечив од нив поради тоа што не сакааат животно, се плашат, туку поради тоа што тие така избраа, да не доаѓаат кај мене оти имам животни, а кој не сака да ми доаѓа дома оти имам животни или ми поставува услови како да се однесува животното кога тие се на негов терен нема да доаѓаат на гости и тоа е тоа.

    Патем јас чувам 5 кучиња, сега имам едно ново, морско прасе, игуана и 5 мачки од кои две само хранам, а другите 3 се со прегледи, ампули, храна, стерилизација и сл и обврска се ама ми даваат повеќе љубов и внимание од било кој од другарките мои така да секогаш би избрала животно попрво од човек.
     
    На Amellie13 и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.220
    Допаѓања:
    162.760
    Пол:
    Женски
    Не би била зошто неќам малтретирање на животни. Ако ги чува в двор оти ги сака, реков и погоре, лп. :inlove: Ќе го најдам Mr. Perfect.
     
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас сакам некое мало кученце да чувам ама дома не ми даваат затоа што се многу гадливи и ме убедуваат дека не е за во стан. Можеби би си купила кога ќе живеам сама. Во куќа со двор е многу полесно затоа што немаш обврска да го шеташ го пушташ и си врши работа.
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе чуваат и лавови како миленичиња. :D
    Животно што тотално не е приспособено на тие домашни услови.

    Некои луѓе, особено во Македонијава, чуваат хаски врзани за ланец 24/7. Што очиглесно е animal abuse.

    Значи самиот факт дали чува милениче или не, не е битен. Битно е како се однесува кон сите животни.
     
    На Sky-butterfly, Amellie13, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Што подразбираш под домашно милениче? Дали мислиш и на свиња, коза, крава, зајак, коњ, магаре. Некој чува и тоа и приврзан е за истите се додека не му се пријаде и гладта стане посилна.
    Па уште и навреди за тие што не чувале и не сакале да чуваат.

    Ај нека се изјасни кој од тие што сакаат и чуваат домашни миленичиња, а паралелно на тоа се оддалечуваат од друштвото зашто тие не сакаат да чуваат, се вегани или вегетаријанци?

    Ај да се изјаснам на темава, сум чувала и чувам и мачиња и кучиња и други животни. Не ги водам на ветеринар. Мачките кога ги има кога ги нема. Кучето е фиксирано дома и знам кога доаѓа некој непознат. Како мала кај моите секогаш чував мачиња, еднаш и куче, ама не можевме да се грижиме за него и немавме услови и време да го шетаме а врзано збеснуваше, па го дадовме. Мачињата помали ги бањав понекогаш, големи немаше шанси. Не стигнував до степен на нивно облекување во џемперчиња и водење на фризер.

    P.S. @Abracadaver ме претркал.
    @GirlRose како не било исто домашно милениче со домашно животно? Па миленичето не ли е животно? Миленик значи ти е мил, на некој може му е мила кравата.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.308
    Допаѓања:
    41.437
    Пол:
    Женски
    @Abeja пак ќе кажам пошто претпоставувам на мене се однесува коментаров, не се оддалечив јас од нив туку тие од мене оти јас сакам животни и ете набројав колку имам па сами решија да престанат да доаѓаат, тие си одбраа, јас уште идам кај нив значи кој тука е со предрасуди?
    Инаку не се класифицирам како веган, ама 90 посто се хранам како вегетеријанец, не носам природно крзно, кожа и сл. Некогаш знам да каснам месо, млечни производи јадам ама пробам да ги исфрлам и нив.
    Иако не се согласувам дека домашно животно и милениче е исто, иако домашно животно може да биде и милениче ако се чува како такво, сепак ако се чува за исхрана е домашно животно, ова сепак е друга тема и да не ја мешаме со конкретнава.

    А и не знам што се навредивте толку вие што рековме дека оние кои мразат животни се лоши луѓе, па и науката докажала дека оние кои им наштетуваат на животните имаат психопатски предиспозиции. Никој не рече дека вие сте лоши луѓе ако не сакате да чувате животно, ако се плашите, ако немате услови или било која причина ама во момент кога крвнички ќе убиете животно или повредите станувате лош човек според мене, дури и домашните животни што ги чуваат луѓе кои се грижат за нив на крај бараат начин за хумано убивање( не зборам за нехуманите масивни индустрии)

    Сепак пак ќе кажам претпочитам да се дружам со луѓе кои сакаат животни, сметам дека се подобри личности од останатите, 90 посто луѓето околу мене чуваат и сакаат животни, тие 10 посто не чуваат, не сакаат ама никогаш не наштетиле на животно и тоа е доволно за мене.

    И ко го носиш на ветеринар и го чуваш како што треба не значи дека по правило ќе бидеш од оние кои им облекуваат џемпери, не знам зошто така го наведуваш мислењето. Ние едно од кучињата носиме на фризер и тоа е потреба на некој каприц, има долго крзно, летно време многу и станува жешко, сами пробавме да ја шишаме ама не можеше,( другите сам@ ги шишам) па ја носиме на фризер, не гледам ништо погрешно тука.
    Не е чување врзи го на двор, фрли корка леб, не го пипкај никогаш, не го носи на ветеринар и не му покажувај но трошка љубов, поарно не ни зимај тоа покажува само колку не си човек.
    Дедо ми на свинчето повеќе внимание му обрнува од некои луѓе што "чуваат" миленици.
     
    Последна измена: 3 август 2020
    На andromedae и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    @Abeja
    Па ако му е мила нека си ја чува.
    Изгледа грешка не училе во школо што е милениче, а што не е.
    Ти оти не чуваш крава?
    Нешто помалку да не е од мачето?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.212
    Пол:
    Женски
    Македонска работа....вака било онака било. Напишав еден пост кој го избришав бидејќи не сакам да се објаснувам што/зошто/како, иако ми е зачуван.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.649
    Допаѓања:
    177.031
    Зборувате нешто за луѓе, животни. На извесен тип му се раѓа дете, се сомневаат дека детево е алергично на песот. Ги праќа женава и детево во друг стан, како тест на сомнежот. Испаѓа вистина, детето е алергично на куче. Чаре? Дали татково треба да живее без миленик, или детето без татко? Не е никакво трик прашање, вистинита приказна е, стварно не знам кое решение го најдоа.
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Јас не се навредив од тоа што некој рекол дека тие што не сакале животни се лоши луѓе. Јас сакам животни, сум имала мачки и кучиња како миленици, имам и сега. Не дека нешто ми се обврска, мачето само си дојде а кучето го донесе свекор ми. Ама ништо посебно околу него, освен хранење. Ама кучево многу го брани домот и многу ги сака децава, секогаш е покрај нив и нема шанси да не дојде кога се шетаме. И не сакам чување на кучиња, мачки, глувци, папагали внатре во домот, многу ми е нехигиенски.Тоа со веганството го кажав во смисла што некој може толку да се расфрла како сакач на животни и да навредува други а секој ден да јаде хамбургери, бурек со месо, пилешки прсти и сл... Малку иронично.

    Домашно животно може да биде милениче. Тоа вие што си дефинирате само мачка, куче, глушец како миленик а ваш избор. Некој чува свиња како миленик, некој змија. Имаше еден американец што чуваше свиња како миленик, не ми текнува кој беше не можам да барам сега на нет.
    Тоа за фризерајот јас си реков за мене, никој немаше напишано па да беше насочено кон некого.
    И да додадам, не сакам врзан миленик со синџир, ниту папагал во кафез.
    Чувам.
    И свињи и кокошки чувам.
    Индиректно, помагам.
     
    На 1209 и Abracadaver им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Не ја сфаќам темата некако :) Има нешто да се мисли за луѓе што немаат миленичиња?

    А прочитав во некое мислење и дека ако јадеш месо значи дека не сакаш животни, некако многу е измешано се во темата.

    Накратко јас сакам животни, сум имала секакви животни, дури и кокошка :D Long story short сакавме жолто пиле ко деца, кратко беше само жолто пиле :D Сепак, сега немам милениче зошто моментално немам услови и време за да можам да му се посветам. Дали би имала во иднина, не знам. Не сметам дека ако немаш милениче нешто значително ти фали, ама секако е убаво да имаш суштество за кое се грижиш и му посветиваш внимание. Е сега јас јадам месо, но не се сметам за помалку љубител на животни заради тоа. Сметам дека месото треба да е дел од балансирана исхрана.

    И така, на темата немам некое посебно мислење за луѓе со или без миленичиња :)
     
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.080
    Допаѓања:
    26.865
    @Abeja
    И?
    Темата е скроз друго, муабетов ти е скроз друг.
    Не можам да си дозволам јас да чувам свиња и овца во куќа во сред центар. Ти ако можеш, добро.
    Од овците и кокошките имаш производ. Млеко, јајца.
    Јас од мачето, кое патем е припитомено на тој начин да е миленик, што имам добивка? Ништо.
    Емоционално ме исполнуваат, да. Не ги чувам за Инстаграм. Мачето ми е најдено на улица, кучето исто. Решив да ги спасам и да им дадам дом. Ама не им замерувам на луѓе што не ги поднесуваат. Некои немаат време, други немаат пари, трети место итн.
     
    На candy.cane и Cosmi им се допаѓа ова.