1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Не сум имала и не збориме за екстремни ситуации. Може и мене да ме нападне куче и да нема начин да се спасам и да сака да ме убие ќе мавам со нешто и ќе го убијам иако нема да го сакам тоа, збориме за нормални ситуации.

    @Tan4ence ок чувај ги како домашни миленици па нема да ти го повредам комарецот или тенијата. Кој сега вади глупави споредби оти нема аргументи?
     
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    Тоа и јас сакав да го кажам, која хипокризија. :D
    Мерило за добар човек било да сака кучиња и мачки, ако го мрази цело останато животинско царство нема врска.Или па ако се понаша како простак пак нема врска, битно миленик има.:rofl:
    Колку злобни имам сретнато што чуваат миленици, а и вие имате видено, ама ај...
     
    На Celltica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    А aкo тoa куче убие некoј друг, кaкo штo беше вo темaтa зa кoјa збoриш декa сaкaв кучињa дa убивaм, тoгaш не е oк? Сaмo тебе aкo те нaпaдне вo ред е дa гo убиеш?
     
  4. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Ова се инсекти
    Светот не се дели на луѓе и животни, има уште нешто
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Па и јас убивам штетници.
    И за мене не се исти мачето и комарецот.
    Ама барем потенцирајте на какви животни мислите.
    Како што некој не обожава лебарки, сфаќам некој да не обожава и кучиња или мачки, не да ги убива.
    А да ги ставам во злобни луѓе и да ги колнам до 7мо колено не.
     
    На Someonespecial, Angie1432 и Celltica им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Знам дека се инсекти, ама пошто сакаа да ме нападнат со мислењето ќе одговорам.
    @Tan4ence а каде виде дека колнам јас?
    Ќе кажам по стоти пат, во мој случај се докажало дека луѓето кои не сакаат животни, поточно мразат и им се одбивни, се лоши луѓе и јас не сакам да се дружам со такви. Првично мислење ми беше дека немам емпатија за луѓе што немаат емпатија кон животни, под емпатија јас разбирам едно нешто, а вие што разбирате тоа не знам. Сепак не реков дека тоа е факт, туку мое мислење.
    Мајстори сте за надавање и извртување значи.

    @Bridget се сеќаваш значи, во право сум. Не зборам за кучиња кои не згрешиле ништо, а фрлате отрови да ги убиете, твојот став беше таков да се убијат сите улични животни, кои во моментот се надвор.
    И пак пробаш да извртиш, реков во моментот може ќе мавам и ќе го убијам иако нема да сакам, инстинкт, ако се спасам нема да отидам и да фрлам отров насекаде за да ги убијам или конкретно да земам и тоа куче да го убијам оти ме нападнало. Сфаќаш или не сакаш да сфатиш, оти можеш ако сакаш.
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Немој жити очи, демек инсектите не се животни? Правда за инсектите, што е оваа дискриминација. :D
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Истото ми се случи и мене, со тоа што јас си посвоив маче од улица, а на крај ми помогна да се справам со стравот од сите улични животни. Уствари, тие се поисплашени од нас.... и никогаш не сум сметала дека животните може да имаат толку емоции, ама да, уствари имаат.

    Сега сме другарчиња со сите, уште не сум скроз опуштена да ги галам и слично ама не бегам веќе панично од нив. Плус се тепам по групи за донации, ранам, појам, се карам со комшии за да си ги стерилизираат и така. :D

    Најтопла препорака за сите што се плашат да си посвојат улично животно... без разлика, маче, куче. Јас ќе се мрднев во периодот на карантин да не ми беше мачето. :inlove:

    Да се стационирам на едно место и сакам да си земам и уште едно маче за госпожата мачка дома да не биде такво разгалено створенце :D, а човеков мој сака и куче. Јас сум согласна, се' додека спасиме некое од улица, а не го купиме.

    Одбрав свесно да работам на стравот од животни (делумно пренесен од мајка ми и баба ми), а делумно добиен (ме има апнато куче), па мислам дека ова е супер напредок. И јас не би сакала ако некој бара од мене да се откажам од мачката, не знам како би постапила ама многу веројатно е дека нема да се откажам пошто за мене е член на семејството.
     
    На theowndemon, zhap4e, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Сигурнo сум мислелa нa глутницa aгресивни кучињa пoзнaти пo чести нaпaди, не се сеќaвaм штo сум пишувaлa, aкo oдиме пaк нa темaтa, ќе прoдoлжиме.
    Знaчи aкo те нaпaдне нoрмaлнo ќе се брaниш и aкo мoжеш -ќе гo убиеш. Амa aкo нaпaдне мoе дете или некoј друг a вo мoментoт нaпaднaтиoт не успеaл дa гo усмрти, требa дa гo oстaвиме дa живее пoштo сме јa испуштиле шaнсaтa зa сaмooдбрaнa?
     
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Другар имаше пинчер, палаво ама пак мирно кутре, со секого си играше, и познат и непознат.
    Знаете како му умре?
    Го шетал еднаш нормално, на поводник. Одеднаш му се затрчало огромно куче кое го фатило со забите и почнало да го дави агресивно пинчерот.. Другаров пробува да го извлече кучево па го гледа и сопственикот на големото куче со откачениот поводник во рака како трча натака да го отргне кучето. За тоа време пинчерот облеан во крв. На крај кога ги разделиле, било касно...
    Другаров едвај го преболе.
    Кој е злобниот тука, ај кажете?

    Јас мразам неодговорни сопственици на миленици како овој што го спомнав.
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Тoј штo се рaспрaвa пo фoруми.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    @Doozy
    Мене ми беше пренесен од мајка ми стравот,и што интересно и мајка ми се соочи со стравот присилно на 60 год.
    Па сега и прави перничиња на "лепотицата "ја размазува повеќе од нас.
    Тажно е цел живот да го поминеш во страв и да не чуваш животно.

    Инаку од човек комшија кој"не сака" кучиња и мачки,ни отру 3 маалски кучиња со отров за глувци и 5 мачки на комшија.
    Пријавено во полиција.
    Има луѓе кои и не сакаат,дали од страв или од други причини и не повредуваат.
    Но има луѓе кои не сакаат и ги убиваат.
    За што сведочат масовни труења низ државава.
     
    На theowndemon, zhap4e, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  13. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Не реков дека барам правда за нив, туку дека не може во ист кош да ги ставиш со животните
    Анима мунди синдромот го гледам и тука, најчесто кај луѓе што немале контакт со глодари и инсекти, би им порачал да поживеат во село за да сватат дека без контрола истите прават огромни штети и го доведуваат во прашање опстанокот на човекот.
    Погрешна и хејтерска ви е стратегијата да вреѓате луѓе што нејќат животни, контраефект правите. Немила случка, немање допир со животни, непознавање на проблематиката итн се едни од причините зошто не сакаат животни,и не можеш да го напаѓаш поради тоа. Напротив, едуцирај го,покажи му.
    Треба и вие да сватите дека па животните не се луѓе,и да ставите граница. Забегавте, уште да се мажите/жените со кучињата и деца да посвојувате!
    Пред да ме нападнете, имам 2 кучиња, неколку локални мачки кои ради кучињата не смеат да се во двор,и чувам кучиња повеќе отколку што имате години.
    Што повеќе здриженија за заштита, тоа повеќе незгрижени животни. Се кријат позади хуманоста заради профит
    Извини што е цитат, не се однесува на тебе,општ е заклучокот
     
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Не знам на кого мислеше со ова.
    Сакав да кажам само дека можеш да сакаш животни највеќе на свет, ама да не знаеш како да ги чуваш па само да наштетуваш на други луѓе и животни со тоа, како сопственикот што го пуштил кучето да си потрчка без поводник ама ова се залетало да дави друго помало куче.
     
  15. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.397
    Пол:
    Женски
    Не мислам ништо лошо за таквите.
    Едни луѓе обожаваат кучиња, други мачиња, трети не се љубители на домашни миленичиња.
    Секој си знае како му одговара.
    Јас кога бев помала имавме две кучиња и двете ни ги отруја, па сега имаме маче.
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Сопственикот, реков јас дека има луѓе кои чуваат ама не сакаат, не ги чуваат како што треба. Ќе си бара правда, ќе бара да го успијат или да му го одземат, казна, нема ништо да го врати ама има соодветни закони за ова.
    @Bridget да ако си добар човек нема да имаш срце да одиш и да то убиеш накнадно, ќе бараш начин да го решиш проблемот оти како што кажав тогаш ќе кажам и сега. Не е кучето криво што напаѓа, криви се оние кои ги оставиле на улица, криви се оние што ги ритаат, клоцаат и не им фрлаат ни корка леб да не го учат, крива е државата оти не превзема ништо, криви сме и ние некогаш оти од страв го испоровоцираме.
    Криви се и децата некогаш оти не знаат како да се однесуваат со животни оти не се научени од дома. Животното не е криво никогаш оти се води по инстинкт, не размислува како нас.
    И брат ми како мал го нападна куче па едвај спаси жива глава, не гледам мајка ми да оди да убива кучиња наоколу ради тоа, напротив знаеш што направи, го научи брат ми дека не треба така слободно да приоѓа на улично куче( тој сакал да го гали, а тоа јадело) почнаа заедно да го хрнат и на крај му најдоа дом, тоа беше пример за родител за мене, бев 8 год уште се сеќавам, сигурно да отишла и да го отруела немаше да се сеќавам на таа случка.
     
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    Перцепцијата се менува кога ќе почнеш да чуваш куче или мачка.
    Тогаш почнуваш да мислиш на животните надвор кои немаат храна или вода или смрзнуваат во зима.
    Па почнуваш да носиш храна со себе за нив.
    Тоа е таа емпатија која се јавува,а за која збори 1209,и која најчесто ја немаат луѓето кои не чуваат.

    И јас ја немав, воопшто не ги перципирав надвор само бегав,не ми беше воопшто грижа.
    Сега е поинаку.
     
    На andromedae, 1209, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Немa пoтребa дa јa вoдиме темaтa вo тaa нaсoкa, ниту сум мaлтретирaлa живoтни ниту ќе мaлтретирaм, сaмo aкo следиш лoгикa тoгaш ни кучетo штo те нaпaднaлo не требa дa гo убиеш, oстaј сaмo нoгa дa ти изглoдa мaлку, штo знaе тoa, глaднo е, зoштo дa гo убивaш, и без еднa нoгa се живее. Брaт ти спaсил глaвa, пoсле негo мoжелo дa имa другo дете штo немaлo дa спaси глaвa. Идеaлнo решение имa, безбoлнo и зa луѓетo и зa живoтните, нo не вo Мк и зaтoa мислењaтa ми беa тaкви кaкви штo ми беa. Нa првo местo чoвекoт, не aгресивнa глутницa.
    Дa се врaтиме нa темaтa.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Несакање и мразење не е исто.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Каде го виде тој синдром? Сигурна сум дека не прочита ни едно мислење само го наведе твоето.
    Сум живеела на село, потекнувам од село, знам што се штетници, ама сепак немам срце да ги убијам, посебно не глувче.
    Здруженијата не прават ништо, јас правам на своја рака и тоа е доволно за мене.
    Ниту едно мислење не даваше индикација дека некој забегал толку што би се омажил за куче, го лупна ова само така колку да има нешто.
    Прочитај ги мислењата ќе видиш што дискутираме.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.