1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Имам да, и самата не трујам.
    Поентата е дека има такви луѓе кои ниту чуваат, ниту ранат и галат животни на улица, ниту им наштетуваат на било кој начин. И нема потреба да им даваме дијагнози.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Холандија ќе ја земам за пример пошо е прва земја што е без ниту едно бездомно животно во 2019 го постигна тоа. Секое домаќинство чува по најмалце едно куче. Сигурно педантеријава македонска не е почиста од нив. Ама подобро влакна по дома одколку во душа валкан нели :) не мора да чуваш ако не ти се чува, само не трескај зелени за тие што чуваат :)
     
    На Iva9612, gjoker4e и 1209 им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    @Mantub и јас цело време тоа го зборам ама ме нападнаа со изговор дека место не сака не користам мразат. Значи сепак тој што не сака на некој начин нема емпатија кон нив и за мене тоа е е лош човек и крај, тоа беше моето прво мислење, а ме направија дека мислам дека сите луѓе што не чуваат животни се злобни.
    Зборувај ми за злоба.
    Разбирам страв, немање услови, немање време, гадливост(иако ова ми е лигаварник малце) ама не разбирам да немаш емпатија кон животно, тоа ми е чиста злоба.
     
    На Amellie13 и Mantub им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    А ти нели немаш емпатија кон стоногалка? По твоја логика си чиста злоба.
     
    На burthdaykake и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Стоногалка не е домашни милениче прво, стоногалка е инсект второ, трето ако сум чиста злоба според тебе оти не сакам стоногалки ок нека сум, ако така си ја оправдуваш немањето емпатија нека сум злобна.
     
  6. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Мене ми е сеедно што сакаш или не, јас не ги гледам луѓето како тебе, зошто сакање или не на животно (не милениче, животно спомнуваш цело време) не ми е репер за човек, зошто и ок луѓе не сакаат животни, а и злобни луѓе сакаат. Ти кажувам дека логиката не ти чини.

    Инаку агресија и повредување секако дека не оправдувам спрема никого, ни човек, ни животно од кое не си загрозен.

    Едит: Уште помалце па ми е потребно да се оправдам на форумот, мислам те молам :D Пишав и погоре дека сум чувала миленичиња. Само многу емотивно доживуваш ако некој не мисли како тебе. Мене пример ми е несфатливо како ти си се оддалечила од другарки само по основ сакање или не на животни па не гледам дека некој злоба те нарече.
     
    На burthdaykake му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Зошто несфатливи? Мора сите исти да бидеме, секој за себе, ти сакаш и чуваш миленици, јас не сакам и не чувам, не си ти ништо подобра од мене што чуваш а јас не сум ништо полоша од тебе зошто не чувам а не ни сакам да чувам.

    Не тепам животни, имам фобија од кучиња а со тоа и од други животни ама и да немав немаше да чувам милениче, никаква желба немам да чувам милениче, ни како мала ни како возрасна.

    Не носам природно крзно, скоро па и да не јадам месо, сум против animal cruelty, најголем дел од козметиката што ја користам не е тестирано на животни, пак ли сум злобна зошто не сакам животни?

    И не никој не е возвишен или на повисока скала зошто сака животни од тој што не сака, не може да се изедначува не сакање со психопатија, трујачи и не знам ти какви, тоа делење дијагнози е злобно.

    Тоа како една комшика само што ја лижеше кучето по лицето ми се заврти да ми каже дека е одвратно тоа што син ми ме бакнал, барем не си го лажел газот пред да ме баци мене, хипокризија или така ми се чини?
     
    На Sky-butterfly, Annath, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Мене твојава не ми чини и што сега треба да се докажеме кој е попаметен? Јас не ни барав да ми чини логиката, форум е искажувам мислење, јас искажав мислење, некој се најде навреден оти се пронајде јбг. Јас ќе продолжам да сметам дека луѓето што мразат животни, а особено домашни миленци се злобни и не ги сакам во моја близина, јас ќе продолжам да сметам дека оние кои чуваат милениче, а не го чуваат како што треба немаат емпатија и се злобни и не ги сакам кај мене. Јас ќе престанам да се дружам со другарките ако ми речат дека мора да бирам меѓу нив и моето милениче, јас ќе се оддалечам од нив скроз оти јас го разбирам нивниот страв од животно, а тие не се обидуваат да ја разберат мојата љубов кон истото.
    Пак ќе кажам форум е и јас си кажав мое мислење,не реков дека е факт.

    @bittersweet не ги разбирам оти не ми е својствено мене, не велам дека е правилно, ама пак ќе речам оти не читате мислења само нафрлате, не сметам дека оние кои не чуваат се злобни, најдобрата другарка која има фобија од куче ми е старосватица, злобни ми се оние кои немаат емпатија за нив, злобни мијми де оние кои повредуваат, не знам како можете да не разберете што сакам да кажам, или не сакате, не ми е јасно стварно. Ве молам читајте ги мислењата пред да се уфрлите у дискусија.
     
    Последна измена: 3 август 2020
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Да, па тоа ти викам и јас, еднострано гледаш.
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    И? Не гледам еднострано, едноставно во мојата околина се докажало ова, од мое искуство и затоа си го имам формирано ова мислење. Ти си раснела во друга околина и си добила друго мислење и како можеме да докажеме кој е во право? Јас дадов мислење мое лично, ако не ви одговара не го читајте, ми реплицирате оти се пронаоѓате па се навредивте и јас ви вратив. Толку е едноставно, јас мислам, ти мислиш, тој/таа мисли, сите мислиме нешто, форум е искажуваме мислења, дискутираме, не се навредуваме од туѓи мислења.
     
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.187
    Пол:
    Женски
    А што стои всушност зад " не сакам животни"?
    Има причина за не сакањето секогаш.
     
  12. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    в лице ми кажуваат дека тие не би чувале, демек кај нив е беспрекорно чисто и дома ми имаат дојдено и се изјаснија тргни го кучето не сакам по нозе да ме гиба, па добро бе знаеш дека чувам куче не доаѓај ко не сакаш не можам да го пуштам на улица дури ми си ти на гости...
     
    На Amellie13, Mantub и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.633
    Пол:
    Женски
    Има луѓе кои што сакаат животни и чуваат. Има луѓе кои не сакаат животни и не чуваат. Толку е едноставно.

    Е сега пуст его трип кој од кој е подобар, па кратење дружби, па.. па.. па.. (facepalm)
    Свесен и здраворазумен човек знае што е добро и лошо, и знае да осуди монструозен чин сторен врз животно и без сам да сака и чува. Човек што нема емпатија всушност е оној што прави зло. Престанете да изедначувате не сакање со зло. А тоа што ви се несфатливи некои работи, е до вас. И нема што некој вас да ви се правда.
     
    На Sky-butterfly, Mesmeric, grungy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    А, зошто го тупите со глупи теми? Тој што сака нека чува. Тој што не сака, нека не чува.
    Браво за тебе. Сега ќе ти доделиме орден за хуманост.
     
  15. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Фала :inlove:
     
    На Mantub и 1209 им се допаѓа ова.
  16. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    24.757
    Стои личност. Како што може да не сака филмови, музика, планинарење, растенија, дискотеки, можам и јас да не сакам животни.
    Пак ќе речам, нит ги мразам, нит ги малтретирам, нит ми се одбивни. Само не ги сакам. Од птици се плашам, па кај луѓе што чуваат птици не одам воопшто. Останатите животни едноставно не ги сакам.

    П.С: И не отварам шампањ да славам кога ќе чујам на вести дека некој психопат убил куче со секира.
     
    На bittersweet и Celltica им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Ама и јас истото го зборам цело време, тој што нема емпатија мрази животни. Буквално такво беше моето прво мислење, буквално. Не спомнав не сакање, не спомнав не чување.

    Ама живи и здрави биле ликовите на форумов кои имаат таков талент за извртување на мислења што направија цела дискусија за нешто што не беше ни кажано.
     
    На John Snow му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Никаква причина нема, ете едноставно не сакам животни, имам фобија од кучиња а другите не ги сакам, немам желба да ги галам, нема желба да ми се плетка меѓу нозе, да ми седат во скут, да ми спијат во кревет, да ме лижат, едноставно не ги сакам.

    Моите не ми го пренеле стравот и двајцата сакаа животни, чувале куче пред мојата фобија, на децата не сум им го пренела мојот страв обожаваат животни, така да нема правила и не мора за се да се има причина или дијагноза.
     
    На Estranged му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.827
    Ама не знаеш што си пишувала, баш сакање спомнуваш во првото мислење.

     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Глумење „граѓанство и висока класа“ пуштени на најјако.

    Во иднина планирам да си земам македонско комитско куче - Шарпланинец. Него не му требаат парфеми и маички.

    Убавец

    sharplaninci-na-izlozhba-vo-aerodrom-194672-89417.jpg
     
    На LadyF95 му/ѝ се допаѓа ова.