Да и после објаснив што подразбирам под не сакање, ама да се повторам уште еднаш. Под не сакање јас лично подразбирам мразење, наштетување и немање емпатија, со еден збор не сакање. Под немање можност, под фобија, под не перципирање на миленици и животни воопшто не подразбирам не сакање, туку немање мислење околу миленици и животни.
Прашањето си е за секој индивидуално, па и не секој е свесен зошто не сака животни, едноставно не сака и крај. Кој сака подлабоко да истражува ќе си оди на психолог или со сила ќе се натера да чува за да го изгуби стравот. Кој не сака, едноставно не чува и не се замара со вакви прашања.
Да, ама успат и на сите што искоментираа ПРЕД да се дообјасниш им рече дека се мразачи на животни и дека си ја имаат мувата. Ова е као кога се извинуваш некому со „Извини, ама ти...“. Океј е, си ја увиде грешката уште на старт, немаше потреба да продолжиш да ги напаѓаш сите што мислат различно од тебе.
Ама, пак, ти на крајот не сфаќаш. Тие уживаат, затоа што ти не сакаш да чуваш животни, за да си ја оправдаат тезата на висока класа вс. сељаци, и колку тие се различни од вас, затоа што имаат пудлица дома и ја облекуваат во Гучи. Веројатно тие кучиња да имаат зборови прво би им рекле: Еј, газда, шефе, дај те молам одјеби и пушти ме да си брцам по канти и да си бркам мачки на улица“,
Не вие продолживте да ме напаѓате мене препрочитај ги сите мислења и ќе видиш, затоа и реков штом толку ве дирнало она со злобата си ја имате мувата на капата, а ти и самата рече дека си малку злобна, што значи тоа оти не сакаш животни е уште еден додаток на твојата мала злоба, продолжи да се расправаш со мене што значи дека се пронаоѓаш во тоа што го реков, така да сепак испаѓа дека сум у право. @Аbracadaver ова твоево е покажување на доминација и мачо мен синдром со големо куче, оти не сите оние кои имаат пудлици по дифолт ги облекуваат во Гучи, па не се вистински љубители, само се сметаат за граѓани. Јас имам пудлица, ама имам и лабрадор, имам и мешанка од пит бул, имам загар, имам две мешанки од улица, ај прибери си го и ти тестостеронот кој сакаш да го покажуваш на женски форум со надеж дека некоја ќе падне на газ од твојата маженственост.
Не знам кај виде да се расправам со тебе. Откако се коригираше за мразам / не сакам и праша зошто сме се навредиле ти посочив само точно кој дел од твоето мислење е навредлив. Исто ти реков и на што ти се надоврза со мувата на капата. Нит те нападнав, нит се расправам, нит ме боли уво какво мислење имаш ти за мене. А немам зошто да ги препрочитувам сите мислења, пошто моите коментари се однесуваат на моите и твоите, бидејќи дискутирав со тебе.
Луѓето што не ги хранеле животните на улица немале душа еве сега немам попаметна работа па ќе се замарам за животните по улица . Кој сака нека си ги храни кој не не, нивен избор.
Ама една корка леб да му фрлиш не е ниту замарање ниту нешто многу тешка работа да ја направиш, толку не осеќаш жал кога ќе видиш слабо куче или маче на улица да душка и бара трошка леб? Толку немаш грам емпатија во тебе да речеш чекај бе не е криво што е на улица. Ако ова не кажува колку си ти уствари неубава личност не знам со што друго да ја поткрепам мојата теорија.
Така е ,човек кој нема емпатија прави зло. Ама па човек што не сака животни и нема емпатија кон нив. А кога немаш емпатија,можеш да направиш зло,но и не мораш. А емпатијата се учи. Од мали нозе. Затоа има деца кои милуваат,хранат животни,а има деца кои фрлаат мачиња од 8спрат од зграда. @Estranged @Bridget Ако не пиеш бело вино ,ќе кажеш не пијам зошто ми е кисело,не го сакам вкусот. А кога не сакаш животни односно врста на живо суштество различно од твоето секогаш има причина. Без разлика дали ќе си ја кажеш на себе или на друг. Estranged,и јас се плашам од птици. Ама оставам храна на терасата,па доаѓаат голуби ,гугутки и итд.и гнездо направија. @bittersweet Одлично што не е пренесено на децата. @Alisa22 Точно го објасни феноменот на немање емпатија кон улични животни. Тоа не е немање попаметна работа туку немање емпатија кон животни. Да ги гледаш гладни, жедни и да не им фрлиш корка леб.
Ти зошто не им ја дадеш твојата плата на гладните и жедни деца по сиропиталиштата? Ете, никое од нив не отишло на одмор, а сакаат. Скрати од твојот одмор и почасти ги еден одмор во Охрид. Може? Со сета твоја длабока духовност и хуманост.
Ај, жити се Гледам си планираш одморче. Откажи го. Јас ќе ти дадам препорака каде да ги донираш парите. Лесно е да фрлиш коска на куче и сам себе да се задоволуваш колку си хуман.
Не планирам одмор за мене. Имам стан во Охрид во кој моментално се луѓе кои не можат да си дозволат одмор. Затоа не се труди. Тој што помага на животни помага и на луѓе. Не ми треба препорака.
Чувањето на домашно милениче е личен избор во кој влијаат повеќе фактори. Прво ако некој дома е алергичен на миленичиња нормално дека нема да чува. Потоа, финансискиот дел. Јас кога би чувала милениче ќе го сметам за член во семејството и со самото тоа си има и трошоци кои не секој може да ги надохнади. Би сакала еден ден, кога би се одвоила да живеам без родители да чувам маче, преголем љубител сум им. Ама кога би се одлучила да го чувам, тоа би било со сите перипетии буквално како бебенце да гледам. Сега не чувам од проста причина што дома не сакаат, а не е мала работа да се чува милениче според мене. Го вдомуваш и не е работата при првото здосадување да го фрлиш на улица.
Ако видам слабо куче може малце ќе ми падне жал а мачка не би ми било жал. Јас никако не им наштетувам ниту ги шутира ниту ги трујам ,само сакам да се подалеку од мене и тоа е тоа.
А не дечко, какво куче, зошто не купиш свиња или овца и да си ја шеташ, тогаш кога ќе го видат твојот пример луѓето можеби ќе ја спречиш наводната дискриминација врз луѓето што се занимаваат со сточарство од страна на луѓето што чуваат домашни миленичиња од помодарство. Биди промената што сакаш да ја видиш во светот. Да те потсетам: Сите други што чуваат куче сакаат да глумат граѓанство не го прават тоа од вистинска потреба, ама ти од некоја причина ќе бидеш исклучок.
Не знаат каква љубов пропуштаат, од моја гледна точка секако. Се' додека не им нанесуваат штета, не ги клоцаат по улица и не ги трујат сосема сум океј некој да не чува миленик. Дури мислам дека подобро е така, бидејќи во спротивно ако чуваат миленик колку да се речи миленикот нема да ја добие потребната љубов. Не се сите љубители, тоа е. Јас израсната сум на улица со улични животни, од кога знам за мене. Тек кога бев поголемо дете зедовме дома да чуваме и оттогаш досега секогаш чуваме. Некои умреле од болест, некои ги изгазиле на улица, некои ни ги отруле. И за сите сум плачела, никој не ги имам прежалено. Бидејќи живеам со моите не можам внатре да чувам животни така да ги чуваме во двор (само мачорот смее понекогаш да влегува дома, само да не останува цела ноќ сам). Има едно нешто што сметам дека треба да имаат дури и оние кои не се љубители, а тоа е емпатија. Ако некој нема воопшто емпатија, па според мене лош човек е. Сметам дека емпатијата или ја имаш или ја немаш, не можи да е ексклузивна само за луѓе или само за животни. Да не ги спомнувам па оние кои што мразат животни, од такви луѓе што подалеку и не сакам да имам такви во мојот круг.
Апсолутно неточно. Човек без емпатија, во поедини гранки од медицината е дијагностициран психопат, социопат.. и слично. Таков човек прави зло. Апсолутно не значи дека ако не сака некој животно и нема емпатија за нив. Исто како што некој што сака животно не значи дека е злобен со луѓе или дека не може да е убиец. Според мене пак, нема разлика меѓу оние кои не сакаат животни (кои патем се изјаснети и се на чисто) и оние кои многу ги сакаат животните, ама пази богати, еден куп изговори имаат за да оправдаат зошто не чуваат ниедно. Битно многу сакаат. Се разбира, да. И јас сакам животни. Цел живот сум со животни. Не памтам период од повеќе од неколку месеци да сум немала животно. Еден куп пари давам што ги ранам маалските мачки, па и на едно место што е и подалеку дури одам секогаш кога можам. Не го правев тоа секогаш. Некогаш немав желба, некогаш немав пари, некогаш немав време. И самата имам мачор. Заедно со ќерка ми се на специјална исхрана која е поквалитетна и поскапа од она што и самата го јадам. Воопшто не претерувам кога го кажувам ова. Малку е да се каже дека е дел од семејството кога е третиран ко цар. И пак не мислам дека сум подобра од некој што нејќе животни. И самата имам другарка што нејќе мачки и плус има фобија, па е една од подобрите личности што сум ги запознала во животов. Се оди до крајности без потреба.
Никој не е обврзан да ги храни, ниту кучињата, ниту просјаците. И ти демек кога ќе видиш некое дете на улица му даваш сендвич затоа што е гладно, неубава личностУ.
Да му давам и многу повеќе од тоа, што не се фалам на форум дека го правам не значи дека не го правам.