1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓето што не чуваат домашни миленичиња

Дискусија во 'Дом' започната од BlueHeart, 10 август 2012.

  1. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не го правиш! Ако ти можеш да рипаш на заклучоци дека луѓето што не чувале животни или не сакале се "злобни", можам и јас!
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Абе ако беше малку попаметна и прочиташе дека не реков ништо за злобни дека се оние кои не чуваат, немаше да рипаш у заклучоци. Ама ок многу се вреѓате како за добри луѓе
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Па баш затоа што сме добри и осетливи се вреѓаме и не погаѓа во срце, да бевме лоши ич немаше да ни чуе :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не реков дека сум добра. Сега почна да рипаш у претпоставки!
     
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    6.765
    Пол:
    Женски
    Само на фемина е возможно толку да се испреврти една сосема обична тема :drunk:

    Немам никакво посебно мислење за луѓето кои не чуваат домашен миленик. Милениците се огромна обврска и не секој е спремен да се носи со истата. Бараат услови, посветување, време, финансии. Така да, се додека не им наштетуваат на ниту еден начин, немам ништо против нив. Можам само да кажам дека многу пропуштаат и дека секој барем еднаш треба да ја осети таа љубов:inlove:
     
    На candy.cane, Hellobeautiful, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Извинете што ве допрев у срце, очигледно на форум не треба да се споделува мислење што е баш тоа што јас го направив у темава.
    Душички сте, добри, фини и културни, сите сме такви и сите не прифаќаме туѓо мислење, нашите мислења се најпаметни и најправилни оти сите сме многу добри.
    Ајде сега ќе одам јас да си го погалам лабрадоров што лежи до мене, а вие продолжете со својата работа и не заборавајте да бидете добри кон сите околу вас не само со себе.

    И не сум толку добра за крај, после сите мислења на темава ќе кажам злобна сум јас оти имам предрасуди кон луѓето кои мразат животни и кои немаат емпатија за истите. Јас ќе си продолжам да бидам злобна и да се дружам само со злобни луѓе со предрасуди, вие продолжете да се дружите со луѓе кои немаат предрасуди, нема што веќе да има теми на форумов и да се искажуваат мислења.
     
    На Hellobeautiful и burthdaykake им се допаѓа ова.
  7. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Поз и дај му парче леб на миленичето т.е лабрадорот, да не остане гладно. :l::l::l::l::l:
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Важи, само не го хранам со леб. И патем не се пронаоѓај во нешто што не си. Ако не сметаше дека си злобна, ако не сметаше дека си од оние кои јас ги опишувам немаше да те допре моето мислење па да го цитираш. И не е обврска да храниш ниту животни ниту луѓе, емпатија е, ако немаш емпатија спаѓаш во групата која ја зборам па затоа се зададе. Ако не си добра како што рече, зошто те дира моето мислење ? Значи сепак сум во право, а ти само сакаше да де зададеш со "сарказмот" за да видиме колку си паметна или што?
     
  9. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Кога ќе престанеш да имаш предрасуди можеби ќе добиеш одговор, можеби и не. Зависи во какво расположение ќе сум.
     
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.186
    Пол:
    Женски
    Многу е точно.Нема.
    Ако не сакаш животни , нормално немаш емпатија ,не ти се појавува, затоа што не чувствуваш потреба за перцерпирање, препознавање и соживување дали е животното гладно,жедно,
    болно,повредено.
    Кога го сакаш,веднаш се појавува.
    Па така човек кој не сака има поголема шанса да исшутира куче или да отруе,и око да не му трепне од некој кој ги сака и знае дека тоа би предизвикало болка кај нив.
    Дали е некој подобар или не,не би заклучила само по тој основ.
    Бидејќи често се крие страв.
    Но човек кој би заговарал труење или одстранување на сите животни поради неговиот страв е лош човек.
    Не мора да имаш обврска за да помогнеш,ниту на куче ниту човек,потребно е само да почувствуваш дека треба да помогнеш.Емоционална интелигенција.
     
    На Annora и 1209 им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Нема да престанам да имам предрасуди оти никој не ми докажал дека треба да си го сменам мислењето, кога ќе прочепкам кај мислењата на сите вас кои се јавувте увреџени од моето мислење сфаќам дека стварно сум у право и без да ги знам вашите преференции за животни.
     
  12. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не мора да имаш обврска за да помогнеш,ниту на куче ниту човек,потребно е само да почувствуваш дека треба да помогнеш.Емоционална интелигенција.[/QUOTE] @Cosmi
    Да сочувствуваш со другите е емоционална интелигенција. Да дадеш нешто на некој е избор и никој не е обврзан тоа да го прави. Не зборам да имаш обврски.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Свест немаш, па да мора некој да ти докаже? Небитно е веќе, не е ова темата. Можеме вака до утре ама која е поентата?
     
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.186
    Пол:
    Женски
    @burthdaykake

    А ако дадеш на другите бидејќи сочувствуваш дека се гладни,што е?
    Без обврска ?
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.306
    Допаѓања:
    41.425
    Пол:
    Женски
    Извини што сакаш да кажеш, не разбирам?Баш оти имам свесност, баш оти веќе имам оформено мислење кое се докажало за точно, нема да го сменам за сега. АМА сум од оние кои не одат у глава во ѕид по секоја цена, па кога нешто ќе ми се докаже дека не е точно, односно ако некој ми докаже дека и покрај тоа што нема никаква емпатија кон животни е добар човек, ќе речам океј не сум у право. До тогаш ако сум расположена, а сум сега, ќе дискутирам на темава.
     
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.602
    Допаѓања:
    173.632
    Пол:
    Женски
    Не @Cosmi
    Има луѓе што не ги сакам, па да слушнам дека им се случила трагедија пак ќе ми биде жал. Не мора да сакам некого за автоматски да имам емоција.
    Исто е. Не сакаат животни, ама ако видат прегазено на улица нормално дека ќе им е жал. Или ако прочитаат дека некој пукнал глава со секира на куче, секој ќе си рече каков болесник е овој.

    Исто како што луѓето што чуваат милениче дома, не сите под дифолт одат по улица со кременадли за уличните. Чак што више ретко кој ги рани уличните покрај своето.
     
    На candy.cane, burthdaykake и Celltica им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.049
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Забегувате од темата. Не е темата за бездомните животни.
    Ве молам да се вратите на темата, а ако сака некој може да отвори тема за хранење на уличните животни, дали ги храните, дали е тоа хумано, дали...
     
    На candy.cane, tinka-mace, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Немам свое милениче, но би сакала да вдомам куче. Расата нормално не ми е важна, мене лично ми се дури и послатки мешанчињата.
    Блиску до моето работно место има неколку улични кученца на кои редовно им купувам храна и нивниот поглед ми го разубавува секој ден.
    Дефинитивно мислам дека наскоро и јас ќе вдомам. Отсекогаш сум сакала, но постојано одложував бидејќи немав поволни услови.
    За оние што не чуваат, поради каква било причина, разбирам зашто знам колкава обврска е.
     
    На Someonespecial, SStasia и Annora им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.978
    Допаѓања:
    123.849
    Пол:
    Женски
    Не може секој да чува животни и тоа е во ред.
     
    На tinka-mace, burthdaykake и Annora им се допаѓа ова.
  20. burthdaykake

    burthdaykake Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Не знаеш дали имам или немам емпатија. Ти си таа која оди со главата во ѕид и затоа, продолжи си сама. Толку од моето дискутирање со тебе.