1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓе без осет, пијавици, крлежи...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 30 август 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Се инспирирав од постот на Офспринг во една тема каде што зборуваше за братучедот на дечкото и’ кој секаде се м’кнел со нив, и на мира не ги оставал.
    Сте почувствувале ли на ваша кожа некоја таква тешка пијавица, која нема осет, и се лепи за вас, ви се навира во друштво, во врска, и не ве остава да дишете?
    Колку непријатни можат да бидат тие ?
    Кој е најуспешниот начин за откачување на ваквите давежи?
    Споделете некое ваше искуство, да се насмееме :)
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Кога почнавме на факултет прва година...лесно се здружив со колегите..се вклопив и комуницирав со сите кои ми беа пријатни..Една школска од средно ми стана и колешка но тешко се прилагодуваше...Нон стоп беше залепена до мене..каде одев јас таму и таа..Па дури и во Вц :rofl: :rofl: Ми кажуваше како другите не ја дружеле,а мене ме прифатиле..И мене ми дојде преку глава..па викам нон стоп си до мене..Остани сама со другите...започни разговор...

    А друг случај...Кога одев со еден дечко..секогаш и другар му доаѓаше со нас... |( Ние заедно се галиме,гушнати тој зјапа во нас..Ни незгодно ни ништо..Ептен беше пијавица ]:) ]:)
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Имам една таква другарка. Стварно е без осет. Ќе ти се јави и по 2 саати ти прави муабет на телефон и тоа цело време само за неа,нејзините обврски, тоа што она ќе го прави,што учела/ќе учи. Оток! Кој и дал број зажалил. :lol:
     
  4. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Секогаш постоеле и ќе постојат такви луѓе. Јас лично им давам до знаење на сите до каде можат да одат, или поедноставно кажано низ годините на моето созревање направив селекција на многу мои "пријатели". Сега можам да кажам дека уживам во присуство на моите пријатели :)
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ми се случило неколку пати да ми се закачат така, но две од нив засекогаш ќе ја красат мојата меморија. :D
    Едната ја запознав случајно на курс по странски јазик, постара од мене и нормално кога веќе гледаш некого 3 пати неделно, неминовно колку-толку ќе се зближиш. Бевме неколку пати на кафе, па ајде дојди ми дома на гости, и секој божји ден додека бев на училиште при крајот на часовите ми стигнуваа пораки од типот: Денес имам можност да бирам помеѓу гости таму и тами и кафе кај тебе дома, ама јас те одбрав тебе. Се гледаме после школо.
    :^) И јас очигледно требаше да бидам поласкана од изборот , па дури и да се заблагодарам. Ама после третата таква смс, прекинав да и се јавувам и да и враќам на пораките. Дојде дури и на врата, ама мајка ми културно ја отканта.
    Ама втората... ајде за оваа првава јас бев во средно, не сум знаела дека толку може некој да е напорен. Ама ова ми се случи пред година дена. Девојката изгледаше фина, супер, се здруживме многу брзо, јас дури ја запознав со другари, другарки. Ми стана чудно што нема ама баш ниту една другарка, ниту дечко, ниту друштво, буквално ништо, ама ај си викам, се случува.
    Девојката просто се опседна, зема да ме убедува како ниту една моја другарка - не ми е вистинска другарка, она била искрена и најдобра кон мене... Врв на се' , за време на викенд, јас и мојот дечко по дома си се галиме и гледаш смс: "Ти мене ме заборави. За сите имаш време, освен за мене. Ти веќе не ме сакаш". :(
    Delete - и од телефон и од животот. Кое умоболие.
     
    На buba4e89, okcenzi, wolf4e и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    И мене ми се случи пред две години да ми се залепи таква пијавица ама нормално сега и таа е делетирана од мојот живот и горда сум на тоа.
    Абе девојката немаше осет, се знае можда со цел град, така е нападна, а се задружиш со неа тешко дека ќе можеш да ја откачиш освен ако не се искаараш.
    Цело време се дружеше со мене , а и со останатите и ми викаше јас немам вистински другари/ки,сега ја гледаш овде, после неколку минути заминала овде.Скитач, односно лангач, ко да се немало куќа, цел ден надвор или пикнимусе некому.
    Многу другарства имат раскарано и поради нејзина вина за малку на другар мој ќе му расипеше однос со едно девојче, за среќа тој е реши и се се расчисти помеѓу него и девојчето, а таа сега како што ми изгледа ќе дотурка некако, ама после не знам што ќе прави,ко ке почнат сите да ја одбегнуваат.
    Или немаат сфатено каква е или се прават дека не знаат, ако немаат во секој случај ќе сфатат кај и да е .
     
    На Masnoli01 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Имам една таква школска другарка. Начи девојчето со никој буквално не се дружи премногу е смирена и јас сакам и почитувам но многу е досадна само се влечка по мене аи незгодно ми е да и кажам дека ми е досадна пошо од прво одд учиме заедно а сеа и во средно .. Ке седнам некогаш со нејзе на клупа на голем одмор и она ке почне нешто да ми збори без везе а јас си пасам негде со мозкот и он ке ми каже нели е така .. а јас онака само да да а ни ни знам за што зборела :lol: :lol:
     
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка таква,добра е,си ја сакам ама луѓе не знаете колку зборува,посебно ако и се погоди темата ]:)Па на сето и цимерка ми е,рака на срце за се се сложувам со неа,ама некогаш стварно ми пречи тоа нејзино зборување,посебно кога имам сесија никако да разбере дека учам!ме гледа со книга во рака и како ништо да не е,ќе седне до мене и тепа муабет.
    Сум пробала и со добро и со лошо да и укажам ама не се разбира стварно,затоа веќе кога пак така досаѓа само главата на страна и ахам..ахам...така е.. |-)
     
  9. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Некој вака да ми се има „закачено“, подолго време, мислам дека не сум имала. Меѓутоа ми се случи, другар на дечко ми, кој во суштина е фин момак, да ме изненади со една негова реакција, односно не-реакција и да излезе стварно без осет. Јас и дечко ми скарани два дена, поодамна беше и се среќаваме во кафич, дечко ми со него, а јас со женкараанава моја. Они седнуваат на масата до нас и се праиме на три и пол сите. Детски муабети, зборам за пред 3 години. Јас се начукав :drunk: и си седнав кај нив на маса и почнав да се оправам со дечко ми. Ние збориме, се караме со распараваме кој бил во право, фрштат интимни работи, а овој си се клапнал на маса, не мрда. Уште па и начулил увцињата што повеќе да чуе. А, на другава маса, жениве мои што он ги знае и се дружи со нив подолго време. Комотно можеше таму да се префрли. Леле колку сум се изнервирала. Си седи така саат време. И си остана до крај, си ислуша се, јас и дечко ми се смиривме, он уште си седи и јас утредента си станав и не можев да се изначудам. Ете оваа ситуација ми текна кога го прочитав насловот :D :D :D Лелееееееееееее, ама детално ви објаснив :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Јас пак немам искуство со некој таков како што кажувате... ама во насловот пишува и луѓе без осет па затоа ќе го кажам ова. Имав една на факс, ко божем многу се здруживме, ама после месец-два ја согледав причината за нејзината благонаклоност. Да ја потпишам на предавање, да и земам потпис, да и уплатам в банка, да и фотокопирам... на испит строго мораше зад мене да седи за да препишува, семинарски со мене во пар ( ама само јас ја правам ), на вежби што ги пишуваме дневниците чека јас прво да го напишам мојот па после таа на готово да препише...

    И еден ден одиме да гледаме резултати. Стоиме кај списокот и се бараме. Јас имав 10тина бодови повеќе од неа. И ми вели - Мори, што си напишала повеќе од мене, нели ти е срам да криеш!!!. Останав ваква :o , па кога и изнакажам се убаво, во триста ПМ ја откарав. Бреееееееееј ништо да не се ценело на овој свет. :@ Дај му на некого прст, цела рака ќе ти ја земе
     
    На MarchelineAmaru, ohoho, praski4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Monna99

    Monna99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    5
    Имам таква другарка,ама многу,претерано е досадна :@
    Ок,си викам можам да ја трпам во школо,ама и после школо она сака цел ден да го поминеме заедно.
    Нон стоп ми се пикаше во разговори,кај и да одам оди со мене и цело време прашува кога ќе дојде кај мене,т.е. не прашува туку ти вика После часови ќе дојдам кај тебе !
    А јас :o :o :o
    И еднаш - двапати ја викнав НЕЈЌЕ ДА СИ ОДИ....од 11 саат сакала до 18 да седи..молам?
    Таа сега доби брат,ја разгалиле многу,а сите дома се такви кај нејзе... :worried:
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Фино лепо дирекно без заобиколување откачи ги.. :^)
    Небитна роднина на изродов мој најсакан. Типката учи со мене , живее до мене , иста група на пракса ...и во блиска иднина исти роднини. Таа не запозна , покрај неа се зближивме , ама после кратко ја фати паника дека ќе и го земам братучедот па реши да си го чува само за себе. Како никогаш до сега .Почна да ни доаѓа на гости од утро до мрак да не може човек на раат да се пос*ри, дотаму дошло одам во вц ми вика идам и јас ќе палам една , колку да те дружам. Не будеше со петлите и не ни даваше мир ..знаеше да го земи кучот од кај дедо му и дирекно во соба кај нас си влегува и не чека да се разбудиме , а ние се преправаме дека сме во кома и чекаме да си оди. Па и голи си спиеме боже :tmi: кога ќе се сетам колку сум импровизирала само за да се измолкнам од постела а да не ми ѕирка дун*ето од некаде :D Недела без секс , без мир , без минута интимен разговор и дотаму бидна . Се гледаше дека е намерно другиот брачед , воедно друштвен и осамен не одеше кај него иако искрено и е 2893758 пати помил и поблиску ниту еднаш не отиде да праша како е , камоли пак да си поседи кај него за промена. И најклутурно сме ја бркале , смирено и одлучно рече дека ќе си седи ..тука ..со нас..засекогаш. Ми го расипа денот на школо , во продавница , на пракса секаде , капак на се беше кога ми се појави на врата кај него. Трц мрц се смее ме провоцира и ме гледа во очи а овој мојов спие како заклан ..си палам патиките и тргнав да си одам ..не да одам да трчам :| Конечно се разбуди , викна боже помогни ми лошо ќе се случи ако излезеш низ таа врата :D Јасно , јавно и кратко предложив компромис , кога таа е тука , јас да не бидам и обратно ..типката се налути добро ја изака вратата 5-6 пати ни го изрона ѕидот , ја расипа рачката..и даваше се од себе да го раздели семејството со тврдење дека сум јас црната овца ..која кога тогаш сите ќе ги средам ,,,шеташе од врата на врата кај сите роднини уште и фалеше прирачник со наслов "Научи да ја мразиш Стронгер " за промоција , ќе си ги скратеше маките , пена и фати устата не од зборување туку од озборување.И успеа само кај мајка и која "декади покасно" се покаја што не застанала на страната на своето чедо и побара делба на имотот , ништо од тоа too little to late и така заврши приказната за петнаесетгодишната пакосничка ..и малите луѓе се спремни на големи дела :puke: :rofl:

    Поопшто : сопствено видување и дефиниција на пијавиците - луѓе кои патат од комплекс на ниска самодоверба и потреба да живеат туѓ живот :x :fubar:
     
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Имам една пријателка, многу си ја сакам, нема лоша душа воопшто, од премногу малечки се дружиме, но некогаш осет нема.
    Кога ке се заседне охоо, и само за неа зборува. Неколку пати директно и имам речено дека ме нервира
    што премногу во детали раскажува се, но таква си е, и не се променува. Тоа е :) Кога имам нерви ја слушам и советувам, кога тоа не е така и кажувам искрено дека сум изморена и да се видиме некој друг ден. Со други луѓе сум немала таков проблем, а пијавици избегнувам, оние пто немаат самодоверба и се лепат, немам такви во кругот на пријатели, и баш ми е мило.
     
  14. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Леле имав таква другарка во средно. Поотровно суштество немам сретнато. Кога и да дојдеше кај мене се забораваше да си оди. На телефон ме бараше на секои 5 минути, требало не требало само да си пополни време. Морав да ја пуштам сестра ми да и вели дека спијам или не сум дома за да не ме труе :@
     
  15. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Ми се случило повеќе пати кога сум со дечко ми излезена некој негов другар да ни се залепи као демек му отишла екипата и сега ако можело со нас да продолжи.. :@ Дај бе не ме замарај најди си живот ееее.... :@ :@
    Ама дечко ми не трпи вакви луѓе па знае како да му се постави и овој си оди... ох фала ти Боже ]:)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Моево муженце има таков другар, но не е другар му крив, крив е мојот што постојано го кани :devil:

    Си го поштувам другарот, мил ми е, драг е, но да седиш некаде на гости по 6-7 часа многу е. Плус понекогаш и јас заспивам, а тој око не му трепнува,....Сепак од мали се другари и никогаш нема да застанам меѓу нив, се додека нема директно големо влијание врз мене.
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  17. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Познато ми е ова и дечкото мој има еден ваков другар удав жими се сега сум му рекла кога сме си друштво нема проблем нека доаѓа ама кога сме сами нема потреба и нон стоп му се јавува како да го контролира дали сме заедно ми личи дека малце е љубоморен на дечко ми дека ништо не му фали си има плус девојка а типот нема девојка и буквално кога излегуваме па и сами да сме тој обавезно доаѓа и ние сме ние двојка туку тројка :D Дuri ne moжеме на раат ни интимни моменти да си споедлиме.Jас се салам и му викам на дечко ми отсега кога ке треба нешто да правиме прасај си го прво другар ти за дозвола барем да си знае да не не мисли.
     
  18. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Леле, денес многу лесно можеш да наидеш на вакви луѓе. Ееееее осет да се немало, неможам да ги разберам. Јас многу пати сум била во ситуации да ми се закачат вакви без осет луѓе, но откако ќе сфатам дека не им текнува дека се досадни, почнувам да се оддалечувам, ги игнорирам, избегнувам да комуницирам, и очекувам од тоа да заклучат.
    Сепак, дека се без осет некои па ич гајле си немаат ако сакаш на клоци ги мавај, пак ќе се влечкаат по тебе :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Имам една таква другарка |(
    Значи ѕвони еднаш на моб, не и кревам (значи не сум во состојба, зафатена сум... не е важно), таа ѕвоне уште 5,6 пати.

    Кога ќе види дека не и кревам, ме бара по сите другарки :fubar: Пак нема да ме најде.
    И на крај последна опција и е да дојде кај мене... и веќе таа е дома кај мене, но јас не сум дома. Е тоа за неа не е проблем затоа што ќе ме почека :) . Ме има чекано саат и половина (јас излезена со дечко ми) си идам дома, таа стокмена и ме чека). Ако ви се верува седеше едно добри 6 часа ]:) .

    А муабетот тапа |(
    Па и не сме некои блиски па да си го имаме муабетот до толку, па за да седеме заедно толку долго време.

    Ауууф подалеку од такви, си ветив :^)
     
  20. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Mажулево има еден пријател што е Kрлеж наJголем човеков нема осет верувајте :swear: Cега беше на одмор во родната земја,му ги ограбија парите замислете кеш носеше :fubar: и му се јавува на мојов,му досадува,да му позајми пари,ама за срека порано му имал позајмено 1000 ден.и не му ги вратил,и сега си знаеше мојов :D и го одби,се врака крлежов од одмор,и носи скап часовник,палто,очила се скапо по 300долари :devil: а нас ни бара пари за да преживеел,а таму имал роднини,ама немале и тие пари :| *****се договараме да одиме на ручек,седнуваме,јадеме,овај ни вели го заборавив кесето изгледа и ај плативме ние.тој седеше на задно седиште,а и керка ми седи назад на нејзиното,и јас влегов да ја врзам и гледам клучевите и кесето оставени в кола,за намерно да не плака :swear: и кога ке дојде дома нема осет,со саати седи,ние упорни го одбегнуваме,ама не можеш,заедно работаат,и секогаш на мојов му вели еве ти пари купи ми нешто да јадам,а замислете бара нешто од 100ден(пример)а ти дава 60 |( после на работа имаат кола што ги зема,за да не трошат пари,ама мојов си оди со негова кола.за секој случај да се врати дома,зашто јас и керка ми сме сами немаме никој,и еве сега се расипала колата од фирмата и сега 2 дена мажот ми го врака дома му,а тој има кола,а за украс ја чува :@ незнаете каква пијавица е прекинувам со пишување,ке збеснам :$
     
    На Ицолгудбејбе и ohoho им се допаѓа ова.