1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓе без осет, пијавици, крлежи...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 30 август 2010.

  1. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Имам две другарки од кои главата ме боли (немаат лоша душа, ги почитувам но не можам да бидам со нив повеќе од 2 часа) Двете се без осет за времето поминато кај мене на гости. Остануваат со часови без разлика дали пред тоа им е кажано дека имам обврски или не. За нив е сеедно, имаат каде да го потрошат слободното време и др. не ги интересира.
    Едната: Уста не затвара по 5-6 саати тера сериозен монолог :?:
    Гласот и е иритирачки со доза на занесување, дури целата фаца и се изобличува и да сакам да се вклучам во муабетот не можам да кажам една цела реченица, на вториот/третиот збор сум прекината. :|
    Ќе се испука, ќе си направи муабет јас во меѓу време ќе го испијам третиот аналгин и ќе ја повикам сестра ми на помош со некоја лага да ми помогне (пак културно) да ја избркаме.

    Понекогаш се кријам од неа, не и кревам слушалка.. Се потресувам кога ќе ја видам ама не можам да ја откачам заедно сме од мали, комшивка ми е и никогаш немало причина за да се скараме.
    Тешко ми е во нејзино присуство, секој муабет и е трач. На крајот останувам со зината уста, крвави очи, силна главоболка и иако уста не сум отворила во нејзино присуство повеќе не сум расположена збор да кажам.

    Другата:
    Тотална спротивност од првава :lol: Оваа со клешти да и ја отвараш устата збор да гукне.
    Полна со депресии, како само таа да има проблеми. Со нејзе ретко кога се смеам. И оваа нема абер да си оди во нормално време. И покрај тоа што се случува тотално да ја игнорирам и збор да не и кажам во мир и тишина си седи без окцето да и трепне :fubar:
    Највеќе ме иритира тоа што не води сметка за себе, чорапите ужасно и корнат и собата треба после 3 дена да ја луфтирам.
    Тука јас си терам монолог, за разлика од првиот случај. Но и тоа не можам да го правам повеќе од 1 час.. После станува ужасно здодевно, зевање колку сакаш.. И пак морам после 5-6 саати сестра ми да ја викнам на помош со некоја лага да ја натераме да си оди. Е тука тоа и не ми пали баш. Уште 20 пати ќе рече треба да си одам и пак си седи. на крајот приморана сум да си чекам да се реши. Да напоменам дека девојкава кај мене на гости МОРА да кака и мора да јаде. Тоа обавезно се случува. Никој не ја кани на ручек или вечера самата 100 пати ќе каже колку била гладна па ај седи си и остави ја така. Ќе ја нагостам, ќе си се испс*ере и ќе си оди :D :D
    Какви се такви се другарки ми се, си ги трпам никогаш не ми згрешиле и не ме повредиле. Можеби треба отворено да им кажам што ми пречи, ама пустото непријатно ми е :|
     
    На rose60, cooll, angel92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Те замислував постара искрено да ти кажам :wasntme:
    На темава - имав еден соученик во средно кој реши дека ми е најдобар другар и упорно ми кажуваше детали од неговиот живот што воопшто не ме интересираа. |(
    Не знам ни сама како успеав да се дистанцирам од него.
     
  3. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    да се надоврзам за другарки значи ги имам повеќе порано повеќе се дружевме сега малку на дистанца сме освен за некое кафе или излегување премногу се досадни сакаат се да знаат во врска со мене се осеќам глупаво како на испитување да сум а не на средба со нив исто како интервју да ти прават прашај ѓи нешто не откриваат само го вртат муабетот веднаш отварат друга тема и тоа е сега малку ѓи избегавам само од тие причини а додека пак една друга другарка со која се дружиме повеќе значи секогаш е во депресија се лоши работи и се случуват ај ја смирувам што да и правам ама во последно време само тоа и е муабет не знам што да и зборувам додека не и реков отвори си ѓи очите внимавај што правиш ако тој човек те игнорира остави го на мира и престани да се жалиш почни друг да бараш има толку многу луѓе ке се најде и за тебе вистинскиот и не ме замарај повеќе на оваа тема ке ми пренесеш депресија на мене а тоа не го сакам и ке престане неколку дена после пак тоа ти е нема бегање.
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Оооооо, мислам дека никогаш нема да ја заборавам НЕА.

    Девојката ја знаев од средно, не се знаевме лично, ама ја знаев како лице. Прв ден на факултет, ја видов и неа во мојата група, и и упатив учтива насмевка. Тоа веројатно беше најголемата грешка, зошто девојката помисли дека сме другарки.

    Немам ништо против луѓе што не ги знам, ама и немав некој мерак да се дружам со неа затоа што беше дрска и благо кажано...чудна. Проаѓаше време, се оформија друштвата, она остана сама. Почна буквално да не следи мене и колешките секаде каде што одевме, имаше ситуации кога се избацуваше ко фантом од нигде и не вадеше сите од памет.

    Еднаш седна со нас во бифе (прво стоеше над масата и чекаше некој од нас да ја викне), и уз муабети ме прекина и ми побара број. Наеднаш почнаа пораки за добра ноќ, факинг титкања во 3 сабајле (Стивен Кинг стајл, ептен језиво) и поинтензивно следење.

    Врвот беше кога за време на едно предавање седна позади мене и почна да ми ја мириса косата. Среќа што се откажа девојката од факултет, нејќам да помислам што и беше следно на листата.
     
    На buba4e89, okcenzi и ohoho им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    бившата на мојот дечко пијавица крлеж опседната болно стварење
    се чудам како живеат луѓе без воопшто достоинство и гордост во нив ги жалам таквите луѓе за греота
    луѓе кој на секој начин молат колат за пажња и љубов за сожалуваље се
     
  6. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99

    хахахахахах е стварно не си фер штом си криела со раката да допишеш :rofl: :rofl: :rofl: аааааааааа ме изнасмеа незнаеш колку,фала ти за постов :rofl:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Најголем крлеж во мојот живот е мојата "најдобра" другарка од средно. Секогаш учевме заедно пред тестови математика, по цели 2-3 дена нон-стоп и секогашми остануваше многу малку време да го спремам тоа што јас не го знаев, а на тестовитен секогаш беше толку... секогаш ги решаваше задачите набрзина и после цело време ме тегнеше за ракав за да и ги провераам, да и кажам зосто не и искача некоја, буквално да ги пререшам пак. Сега сме на различни факултети, ама технички се и двата. И пак има математика. И пак речаваме понекогас заедно ама по 1-2 задачки, кога сме си дома. Ми се јавува 2 дена пред почетокот на колоквиумска овој семестар и ми вика дали можела да дојде кај мене зошто з 2 денаа полагала математика, па иако знае дека имам за учење да решава некои задачи и само да и покажам тоа што не и искачало. И нормално и реков дека не можам, зашто и јас полагав за 2 дена и тоа други предмети а плус и плус нашата математика не е иста со нивната, па јас требаше да седнам да ја повторувам со неа. Се налути ама што да и правам...
    Пред 2 дена ми вика многу почесто те барам отколку ти мене... Си мислев да и речам: "Да, кога ти треба услуга", ама си преќутев...
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Хехеххе мене таквите ми се смешни и секогаш им се смешкам под мустаќ кога не знаат за осет. Не ми се случило до сега некој така сериозно да ми се закачи. Една школска што имаме, голем намќор, не сака да се здружи со некој да гукне, грозна, целата со бубулици, мрсна коса-константно, стил на облекување нула... А бе срам за женскиот род, забегана до 100. Ние пак на нејзина сметка си прајме мајтап а таа си се смешка и и е интересно како и се смееме. Секогаш се макне по нас само заради тоа што и обрнуваме внимание (нема врска на каков начин). Сега на ескурзијата стварно ни падна жал што никој не ја дружи ја викнавме еднаш да шета со нас. После тоа ја ставивме на игнор а таа ни се налути ( :rofl: ) и после кога ја задеваме таа мрчи што не сме ја дружеле цела ескурзија :geek:
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Хммм, луѓе без осет, па прво тука би сместила една колешка од работа.Нај што мразам е кога некој гледа секогаш за нешто да помине „муфте“.Е таа е таква, скржава за самата себе, а не пак за други, абе 100 грама шајки ќе изеде - 20 км жица од г`з ќе и извадиш.За на работа секогаш купуваме кафе, таа никогаш до сега нема дадено денар, а штом влезе од врата, прво ѓезвето на рингла го става.Инаку „пушач“ е и тоа исклучиво кога некој друг има цигари,таа самата да купи, боже сачувај, може еднаш или двапати годдишно, од Ѓурѓовден, па на Митровден.Ама штом ќе ти ја јане кутијата со цигари,не прашува може ли, си пали едно по друго. :swear:
    И давеж невиден-еден братучед на сопругот.Во слободно време зборува како Миле-Паника и е успорен снимак,нон-стоп користи некои голубарски финти, а не суди боже да ти свири на гитара,лупка нешто без врска по жиците и пее ко за му*а да го влечат,ти иде да станеш и да го згазиш како пијан го*но. |(
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас тука би ја сместила мојата сакана свеки..тежок гом*ојадец, што и да купиме мора да биде проследено со 300 коментари...што сте купувале, за што трошите пари, водете есап, ако некој гостин прокоментира- колку е убаво, следи нејзиното- а бе џанам најубаво...А кога ќе и притреба тоа најубавото е тогаш може...а бре ќути и користи, не збори многу и тебе ќе ти притреба.
    Еве и конкретни примери за нејзината безосетност..маж ми си прави домашно винце и ракија, а грозјето го купуваме...кога треба да се плати нигде ја нема и неа и стариот, а за пиење и носење некаде знаат да речат- пушти едно шише наполни ми..Купивме и убави вински чаши, коментарот нејзин беше неизбежен, а кога ќе и дојдат гости-супер се чашите...Конкретно и за Велигденскиве празници- купив украси, декорации, сликички и лепаци за јајцата., салфетки- мерак ми е, сакам, а бре денар не подаде, а све искористи, вчера и биле ќерката и зетот на гости, ми ги отворила салфетките, новите сервиси...
    Не ми за виното, ни за ракијата, крв да им се стори, ни за салфетки ни за сервиси, ако земала во иста куќа сме, земи што ти треба, убаво е...ама не лај.. :!:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ох секогаш ги има, особено од кога почнав да фотографирам тогаш повеќето ми стнаа пријатели и не знам што, меѓутоа фала богу отворена сум и директна и лесно се откачувам. Меѓутоа има крајности кои сакаат да ти се припијат на приватноста и на твојот живот подлабоко. Не ми се разбирливи дур никогаш не си ги испровоцирал и слично. Меѓутоа личности кој немаат свој живот, така успевам ди ги отргнам и нив, само со игнорирање тоа им е поболно од се кога не можат да навлезат во конфликт. Немам време за такви, животот е пред мене убав или не ама нема место за нив.
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Имам една таква другарка. Стварно е без осет. Оток! Кој и дал број зажалил. Само титка, само замара, пораки пишува, ќе ти се јави на домашен и 100 саати ќе го тупи тоа па тоа и нема шанси да и докажеш дека нешто не е така. Тоа што наумила типката тоа е. А како го замара па дечкото што и се свиѓа буквално по милион пати на денот ќе му титне и едно сто пораки ќе му прати е тек па на него јака му душа. Милион пати сме збореле дека тоа не убаво што го прави и самата е свесна ама изгледа појако е од неа. Нема спас од неа крлеж еден невиден уфф :@ . Со неа се запознав во средно и што морав да ја трпам 4 години ја истрпев, и пошто нема друштво сите ја одбегнуваат еден ден и свирнало на памет на типкта и на мајкаи заедно да сме се запишеле на факултет. Ми се јавува типката и ми вика ти ќе се запишуваш на факултет и одлучи на кој факултет ќе се запишеш? И за среќа одма у момент ми светна што и намерата и и викам дека сеуште не сум се одлочила, а јас бев запишана веќе :lol: Па фала му на господ сега ми е мирна главата. А како само си се поканува самата без пардон е тоа е жучка да ти пукне. И ден денс сеуште се слушаме шат-пат и се гледаме ретко.Мрзам такви луѓе без осет фала му на бога научив да ги одалечам од мене и културно да ги откачувам.
     
  13. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Знам многу такви. Ако почнам да зборам за сите,не знам каде ќе биде крајот. Имав од клас порано тешки отоци и пијавици. Еден цело време се лепеше за мене и моето друштво. Збореше работи без врска,прашуваше работи од типот "си чупаш веѓи?","кршиш тањири дома?"...
    Знам и девојчиња што се такви отоци,недај боже да останеш сам/а со нив. Цело време зборат за нивен живот,дечко,со кого идела,со кого се мувала и цела историја ќе ја раскаже во рок од 15 минути и во ниеден момент не прашува за тебе. Такви луѓе стварно не поднесувам.
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Да ги имам таквите и тоа се главно колеги со кои комуникацијата едно време била чисто професионална и тоа само телефон, па ја возвишиле на ниво на фејсбук (оф) за денот од кога почнав да работам на друго место секој од истите да прави сметка за заедничка соработка во овој сектор. Па ај фино да дојде некој со нешто, да предложи, да даде идеа за да се реализира, ама упорно со месеци да те бара за ти да му предложиш нешто за да се реализира оваа соработка. Е ајде де. Како и да е. Фејсбукот фала богу има опција во друга група пријатели да ги ставиш и да си им оф, на мобилен да не им кренеш, секако нема да те начекаат како излегуваш од канцеларија. Би требало де. ццц
     
  15. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.177
    Пол:
    Женски
    Имав јас една таква другарка фала богу ја дистанцирав и покажав кај и е местото...ама беше претеризам кога ке дојдеше дома по цел ден и си седи нема гајле до 4 сабајле до 5 некогаш,ако јас утредента сум требала рано да станам зошто сум имала обврски ако нема врска,битно нејзе да и е убо,најтрагично е тоа што домаи ич не викаше,по телефон ме замараше на секое,ако не бев дома кај сум шо сум ни моиве до толку не се интересираа кај сум :^) ,и се трудеше секогаш да дојде кај шо сум јас,непоканета,сама си се канеше :^) катастрофа,има многу такви луѓе нив мора да им се покажи кај им е местото....дури почна и незгодно да ми е од моиве,татко ми си иде од на работа сака да се одмори во дневната а таа тупната си седи гајле си нема,и се мислеше околу неа се врти,само за неа си зборуваше ,а јас почнев да кажувам нешто ете ја неа да ме прекине и да си продолжи со своите муабети,ни мое ни твое :^)
     
  16. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Леле и јас имав една таква "другарка", сеа веќе само на здраво сме... Кога ќе се јавеше неколку саати не и текнуваше да каже чао, збори ли збори, или кога ќе дојдеше не и текнуваше дома да иде без осет. Цело време ми кажуваше како ми била љубоморна хехехе :o Ама фала богу ми се скара зашто тогаш не сум ја ставила во круг, нели тогаш се ставаа три броја и као поефтини беа смс и повиците хехехех. Сеа кога ќе ме сретне во бус ми се темни...
    Имам и една колешка на факултет, мн е добро девојчето ама ништо не сфаќа, само нешто прашува, 100 пати на ден ќе те праша за една иста работа и ти 100 пати треба да и ја објасниш истаа работа зашто она не сфатила :sweat: Лелееее кога ќе се јавиииии па по телефон да и објаснуваш, смрт :|
     
  17. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Секогаш се појавуваат кога најмалку треба! Леле мајко моја, ми доаѓало да вриштам!
    Повеќето работи се ситници, ама е тие. Тие колку ме нервираат тоа е чудо едно.
    Ти му викаш ми се спие, не можам веќе, а тој е да, и мене да ти кажам право ама ај викам уште малце ќе поседам и така си тера натаму муабет. |(

    Доаѓало до моменти кога се кријам.
    Не отворам на врата, не кревам на ниту еден телефон, дури ни на телефонот на мајка ми, компјутерот го гасам од штеќер за најсигурно да биде! :D
    Треба да се има текнувало, кога веќе еднаш, два пати, три пати сум те одбегнала, сигурно тоа не значи дека сакам да муабетам во тоа време. :swear:

    Последниот пат кога ми идеше да вриштам ама буквално вриев, ми искачаше пареа низ уши чинам, е кога една таква фина зимска вечер, само што седната на компјутер после напињање од тоа зошто не сум кажала дека горам од температура, а сум била надвор, бла бла бла, ме напиња човек кој паднал од небо кај мене на фејсбук.
    Малаксана, нафурана, ми иде се да скршам пред себе, од една страна ме напиња бившиот од тоа како не може без мене, ќе направел се да сме јас и тој пак Мери и .... (не го кажувам името), колку било се прекрасно. Тука куп извинување, патетики, молење, пробав да живеам без тебе, ама се ме потсетува на нас. Спијам со тебе во мисли, се будам, ти си ми во мисли, преку цел ден пак си ми во мисли, заспивам со тебе во мисли и така нели сфатив дека сум му цело време во мисли. |(
    Од втора страна веќе потенцијалниот дечко ме прашува зошто сум зборувала со бившиот вечерта во Колосеум, а тој дошол специјално со мене да разговара, за нас и дали може да бидне нешто...Па тука следи појаснување на тоа колку е комплицирана ситуацијата, и дека има и трет што би ме ќарил. :wasntme: А гледам никој од тројцата да не изгубам, особено овој. :D
    И за крај паднатиот од небо, на кој морав да му појаснам во што ситуација сум за да не ме умара, го сфати тоа како дека јас барам поддршка од него во цела ситуација. И затера муабет накај стипендии, ноќен живот, неговата така миленичка да ја кажам.
    И не можам да докажам, веќе се нафурав пак.
     
  18. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Ја гледам темава,читам мислења и си викам :whew: добро е немам некој така до толку без осет.
    "
    Кога ми текна,кај бе немам,како ли можев да ја заборавам?! :o
    Школска од средно,добро што е од друг град па не морам да имам чести средби.
    Значи девојчево си знае,фино лепо,после 3 месечно неслушање да се јави и да ти го раскажува секој детаљ од денот.
    Сама си поставува прашања и сама си одговара :D
    А на страна,што малце повеќе си подлажнува,имаш комбинација што да ти кажам.
    Кај ја споменувам,си го повикувам ѓаволот :x :rofl: :rofl:
    Но што да се прави,ни нив не им е лесно.
    А,да не заборавам и обавезно дента кога ќе ми се јави,се јавува на уште една школска што бевме поблиски
    и и го прави истиот долгометражен мнолог со "мали" измени. :lol:
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    АААААА, најнов член на темава - мојата комшивка. :devil: Значи стварно, женава нема лоша душа, ама кога ќе почне да зборува, и нема крај.

    Денес се бапна кај нас, пред 12 сабајлево нацртана беше. А мајка ми планираше да чисти, кога, еве ја, стаса госпожата. Па кога почна ооо, сите битни и небитни работи беа претресени, се запрашавме за сите можни животни прашања, ги одговоривме, поминавме уште еднаш преку ручекот на Цвета од карши, стасавме до деверот на третиот братучед на Ленка од горно маало и таман стана да си оди.... И текна дека полагав матура. :geek:

    Оу мај факинг гад, па како, па што, па положи ли... Значи, те прашува, океј, нека прашува, ама барем нека ме дослуша. Разбрав дека имале внук во Охрид, па исто полагал матура, ма сите 5ки, сега на правен ќе одел, потенцијал огромен. Мајка ми па, да не остане покусо ме буцкаше - Кажи, кажи, колку перцентили имаш ?? :rofl:

    А најјако ми е кога и ѕвонат од дома на телефон кај нас, ја бараат да си дојде. Оваа ќе се изнервира, не може кафето да си го допие, од 11 до 13ч го пие мајка му стара. Плус, има една грда навика, секогаш кога снемуваат кабловска/интернет, мислат дека расипале нешто и ми ѕвонат да ме прашаат дали јас имам. Јас, по навика - Моментално немам, ама нема врска, ќе дојде за 4-5 минути, почекајте и рестартирајте го компјутерот. Ова да го рестартира за да помисли дека се разбирам од нешто. Еднаш од инат и реков дека имам, за да се чуди што ја снашло. :$ Уствари и јас немав, ама ќеиф ми беше да ја растревожам. :rofl:

    Едноставно нема осет кога ќе почне да зборува. Зборува, зборува, зборува и зборува, мислиш утре светот ќе пропадне и нема да може повеќе да зборува. Ако и речат да ќути, мислам дека тоа ќе биде најголемата казна за неа.
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно:
    Фак офф.
    :devil: