Тоа беше кога бев помала...уште кога ќе станав,нерасонета уште лежам во креветот да се свестам и ајде другарка ми ѕвони "ќе дојдам кај тебе" уфф толку ми беше мизерно пијавица невидена
таквите ги има и секогаш ќе ги има кога одев со еден дечко абе луѓе братму нон стоп беше до нас залепен ако се омажев за него(фала богу што прекинав навреме) сигурно и со нас ќе спијаше
Ехе, такви секогаш имало. Сум имала и во друштво и во семејството, ама гледам колку можам да ги исчистам од мојот видик!!
Spoiler баба ми само што ти дошле госта еве ја ке ти дојде,качи се горе кај братучед ми еве ја ке дојде (ако им дојдат гости и да не ги познава она е прва на маса шити познанства те слушне оти збориш на тел ке ти застане до тебе и демек итно е бе само да спомнеш име за да кажеш чекај малку....ако збориш на комп она е пред камера да ја видат и да виде кој има на другата страна,не дај Боже да слушне кавга она ти е судија
Леле вакви луѓе најмногу мразам и имав една другарка ваква абе да се нема осет за ништо ни кога е доста со зборување , ни кога е доста со досадување абе за ништо арно што се отарасав од незе оти досега ако живеев уште со незе че ме полудеше хухухухуух
аххх ваквите луѓе од утро па до мрак сме заедно абе шала на страна,имав и ја нешто слично ама некако како да ја снемува јеаа бејби
Најверојатно сум магнет за крлежи ,па цел живот глава не можам да кренам . Бидејќи се многу и срцево не ми дава за сите поединечно да коментирам ,ќе ги "разработам" само најупорните од најупорните -Типкава ми беше школска од 1-во до 4-то и од 1-ва средно до 4-та . Немаше ден да не побара некоја услуга од мене ,де и требам да и објаснам англиски ,де македонски ,де нешто од стручните ...Само за тоа ме бараше ! До мене седеше цело средно ,морав да ја оставам да препишува оти ме живцираше нејзиното мрчење ,никако не можев да се откачам од неа ! Јас излезена со дечкото ,таа еве ја ,се нацртала ! Ко ќе и текнеше идеше да спие кај мене ,ме замараше со сите нејзини срања ,а никако не знаеше да ме ислуша ! Заврши средното и нигде ја нема ,фала Богу ! -Со типацов се здружив по напинање од друг типац ,другар од основно . После тие двајца се замерија нешто и мене овој ми остана во наследство . На второто видување ми дојде дома (имавме 15 години ) и остана до 4 сабајлето ! Осет - никаков! Јас си правам планчиња со дечко ми да излезам ,овој прв се нацртал ! Досада жива! Не му текнува да си замине ,дреме со саати кај мене ,колку пати јас седнувам да учам ,тој рецка не удира ,седи дали седи! Па на мајка ми погоден и е ,и се лижи за се и она ајде бе ,не биди строга ,ќе ми речи ,нека седи детето ! Ексик тоа ,туку неговите домашни се убедени дека јас намерно сум го задржувала ,а тој сакал да си оди! -Една курва. Постара од мене 2 години,исто школо учевме ,различен смер . Невоспитана ,некултурна ,само за к*р мислеше и со кој побрзо да се плесне... И еден ден ,на гревот згора ,ми бара број и јас и давам. Не ме остави на мира ! Ми титкаше ,пораки ми праќаше ,демек немала другарки ,само јас сум и одговарала како карактер ,научила кај живеам ,па и дома ми дојде ( Мама миа! - Хорор! ) ,не можев да ја избркам ! Ни со арно ни со лошо не бидуваше . И сменив број . И крај со неа .... А дел од останатите сеуште ги влечам со себе ( како тој вториот ) ,по принцип на сожалување ...
Сеа пред некое време ми се закачи еден таков. Не знам и јас што му дадов број, пијавица невидена. Ми вртеше по 5 пати на ден и тоа муабет од еден саат, а мразам да зборам на телефон и секогаш сум кратка и јасна, ама ела откачи го. Му викам ајде морам да одам јас, а тој аа како така ме откачуваш. Се лутеше дечкото ако одбијам да одам на кафе кај него. Морав да се откачам страв ме фати.
Такви луѓе..само една личност сум запознала таква..мојата бивша цимерка во студентскиот дом..КАТЕ ..уф колку ја..ај да не кажам мразам..ама ни на најлошиот непријател не му го посакувам нејзиното присуство
Се запознав со една жена од населбата кајшто се преселив, спонтана на прв поглед, комуникативна. Вика, ај штом си нова тука, дојди да пиеме кафе да се запознаеме.Разменивме телефони, отидов, направи кафе, и кога почна да изнесува интимни детали од нејзиниот живот, ми беше незгодно да ја слушам. Ало, жено ме знаеш пола саат а веќе ми кажуваш дека имаш вонбрачна афера и ми го покажуваш швалерот на Фејсбук ?!?! Си заминав дома, без желба пак да седнеме заедно некогаш. Но се сретнавме во населба после некој ден, и ми вели ајде ќе те испратам до дома таман да видам каде живееш. Не ја поканив да влезе Но тоа не и беше никаков сигнал. По некое ден додека јас бев излезена , маж ми ми кажа дека дошла да ме бара.Јас не ја побарав.Помина некој ден и пак сама дојде, но овој пат и јас бев дома, си влезе си побара кафе, си се расприкажа и пред маж ми за нејзините авантури...после тоа проблем имав со маж заради неа. Кога ми звонеше не се јавував, не ја канев, кога ме канеше таа по смс и велев дека сум зафатена.Ќе поминеше некој период да ја нема па ќе се појавеше на врата ненајавена, дотерана како да ќе оди на избор за Мис. Со фул шминка, со деколте до папок, кратки фармерчиња, и ќе почнеше пред маж ми да се фали кај била, што правела, како лудувала, па да сугерира како јас треба да ослабам,да се средам,па бараше од маж ми мислење и совети за нејзиниот живот... И згора на се , че ти седи со часови,ќе трачари, а јас ќе треба да ја служам со сок,кафиња, додека ми мафта со опашо пред мажот.Три, четири пати ја истпрев таа неклутура и го прекинав тоа `дружење`.
Цело време сме заедно во школо,а дома кога сме ми се јавува постојано,ми пишува пораки,ме вика кај нејзе,на кафе и што ли уште не.Главна и единствена тема:нејзините проблеми. Звучи забавно?! Ми се јавува во 6 часот,се договараме да излеземе во 9.За тој период ми се јавува 74823904 пати.Еднаш за да праша што ќе носам,втор пат дали ќе носам штикли,трет пат да види дали ми се скршил ноктот Напната сум поради нејзе,ми шири негативна енергија..пробувам некогаш да ја избегнам али безуспешно.
Јас и другарка ми си купивме сокче за време на малиот одморот во школо и си го пиеме по пат, си збориме и доаѓаме до школо и еве едено девојче трча по нас сокче сакам сокче сакам - во себе си викам ако сакаш оди купи си (инаку се знаеме со девојчето онака имаме направено некој муабет малку) И го грабна на другарка ми сокчето од рака и си пие гајле нема не прашува ни бутур а јас за тоа време набрзина го допив моето и ми го зема од раце ,а веќе беше испиено ,и го гледа празно и и викам задржи си го и она една фаца како тажниот мачор со скршеното срце.. Ми идеше да и кажам АЛОООООООООООО ДЕВОЈКОООООООО КУЛТУРАТА ДОМА СИ ЈА ЗАБОРАВИ ИЛИ ЈА НЕМАШ? Стварно незнам да се справам со вакви некултурни невоспитани деца ако некој има искуство вакво или нешто слично нека пише па аман треба да се кријам додека јадам за да не бидам гладна !
се наоѓам во чести ситуации кога беќе и преку глава ми се! се обидувам од страна да им кажам а ако не разбираат или пак се прават и обидуваат да не разберат-им плескам благо в лице па нека си видат следен пат.не ми пријаат во друштво вооппште,а и сама се обидувам да не бидем лице кое ке изгуби осет и ке замара некого.не,не,не
Е овде можам слободно да ја сместам мојата колешка од факс значи поголем удав луѓе верувајте никаде нема да најдете, на почетокот ми изгледаше фина и се, нормално се запознавме и почнавме моабети ваму таму а најголемата грешка ми е тоа што и дадов број, значи уште од првиот ден од факс почна да ме дави со глупости и разни бесмислени прашања, секој ден по 293887 пати ми се јавуваше па јас требаше да и објаснувам од кај да учи шо да учи, абе удав удав, а особено кога ке почнеше да ме дави со детали од нејзиниот приватен живот а не ме знае ни 1 месец значи КАТАСТРОФА искрено се надевам дека се откажа од факултет и дека оваа година нема да ја гледам
уфф ги има многу такви и ако почнам да набројувам ке преспијам на фемина со типов бевме заедно на свадба јас од женска тој од машка страна.Додека играв цело време се факаше до мене на оро.Ајде свадбата помина што помина и гледам утредента нов френд рекуест и кога гледам тој ајде го прифатив и само што го прифатив кога почна да пишува како сум била, што сум правела, дали сум имала дечко, ова она ме прашуваше колку години сум била и кога му кажав колку сум ми вели аа епа тамн за мене си а тој грд како трактор да го прегазил па ми кажуваше како неможел вечерва да излегува (како мене да ме интересира ) се фалеше за новио ајфон 4 па ми симнуваше ѕвезди и ај јас да не испаднам дива му вракав но само со да и не одсечно за да ми се тргни од глава.Секоја објава ми ја лајкна, секоја фотографија и сигурно очекуваше и јас да го сторм истото ми пракаше срциња бакнежи значи од него неможев на фб да се укл и цело време ми бараше број не му давав а тој упорен дај та дај број и мене ми прекисна се па го отерав таму кај што нетреба и од тогаш не ми е пишал фала богу
Уау само колку познавам вакви...бездушници. Не те јадат а те гризат. Игнор му мавам колку и да се досадни. Се воздржувам дури и кога најмногу сакам да му скокнам и главата в газ да им ја напикам.
Само игнорирање за ваквите... Друг начин нема. Тој што имал искуство со некој ваков знае каков удав се, давеж. Си мисли човек дека нема спас од нив, буквално неможе ни да дише слободно. Еден мој бивши дечко беше ваква пијавица, ма каква пијавица, незнам кој збор може да го опише тоа што го правеше. Секој ден по 20 пати ми се јавуваше на телефон, се некои безсмислени муабети ми правеше, ме нервираше... И кога ќе му кажев дека неможам да излезам денес, ќе ми се јавеше уште 10 пати за да ме моли. какви ли не изговори сум смислувала... Ужас, давеж невиден! За среќа го откачив уште одамна...
Значи шо имам јас една ''другарка'' цел ден ми се јавуват на телефон ме ѓнавит и тато ко ја собра еднаш ма ти стварно претервиш шпо ти е го изнервира тато, и од тогаш еднаш во месецот се имат јавено А за мене се најлошо зборвеше. Абе глупава ми идешпе да и ја вденам една.
Леле мнoгу мрaзaм јaс тaкви луѓе...Абе oсет дa се немaлo.Штo е нaјтрaгичнo не ни приметувaaт декa се дoсaдни
Таквата категоризација на луѓе секогаш постоела и ќе постои. Во денешницава достигнува кулминација нивната застапеност. Игнорантскиот однос е најдоброто решение затоа што нивното однесување не познава црвена линија. Умешноста побрзо да ги откриеме во наша близина е предност за да можеме полесно да се ослободиме од присуството на бездушници.