Дали имате луѓе што ги немате видено со години, или сте изгубиле контакт или отишле да живеат надвор од земјата итн. Јас пример сестра ми поголемата ја немам видено повеќе од 10 години.. а живее во македонија дали сте се нашле во оваа ситуација?
Да, имам такви пријатели па и роднини. Некои се одселени, со некои сум оддалечена и веќе немам некоја близина, со некои пак ја немам онаа слобода за као ,, ај на кафе,,...Далечината на односот си го прави своето. Со некои пријатели повеќе контактирам, се дружам одколку со роднини. Кој колку ме цени, поштува толку и јас него. Денес се се на тоа сведува во ова наше лудо општество
да и јас имам роднини што само за свадби и такв работи ги гледам али зборам за расипан однос со некој близок пример како мене мене понекогаш стварно ми фали сестра ми
Па да, секој од нас има такви роднини, пријатели... Мислам дека е малку глупаво што во ова време, кога можеш да разговараш речиси бесплатно, да се гледаш секој ден преку Скајп, ја губиме близината. Оправдувам кога е заради некоја посериозна работа, кавга, навреда, ама трагично е кога што се вели, од немукает ги губиш луѓето. Еве јас имам сестра од страната на татко ми, т.е. полусестра, а никогаш ја немам видено, само порано на слика. Не дека се правдам, но татко ми никогаш не се потрудил да не запознае, ни таа ме знае, ни јас ја знам. Жално и патетично. :geek:
Зависи колку ти е расипан односот и колку си ти и таа повредени. Ако може да си простите една на друга тогаш зошто да не го обновите односот, воспоставите комуникација. Сепак, нели крв вода не бива. Имам една бивша блиска пријателка која многу ме повреди и нема никогаш да и простам па не ни помислувам на неа, а од роднини немам такви случаеви.
јас не сум имала никаков конфликт со сестра ми туку сме изгубиле контакт бидејки се испокараа со татко ми и она си отиде од тогаш само од околу што слушам. у случајов јас немам никаква кривица ама пак понекогаш многу ми фали
имам и тоа многу ама ништо посебно сакам да кажам дека нај блиските си ги гледам,оние кои стварно ми значат,е сеа другите ... ќе се видиме некогаш
Луѓе кои не ги имам видено со години има многу, ама тоа е поради географската оддлаченост. А луѓе кои не сум ги видела поради караници и сл. има многу малку, а истите тие и не сакам да ги гледам.
Дедо ми..во македонија е, не се имам видено 10 години..искарани се со татко ми,роднини во странство ич муабет немам направено..а другиве најчесто по свадби ги запознавам
Другарка ми од Грција која конечно ќе ја видам годинава едвај чекам, 2 години се неаме видено, а секоја година по 3 пати се гледавме.
Со прва братучедка, не знам колку години ама 6/7 сигурно се немаме видено, но тоа не е поради караница туку поради гооооооолема географска оддалеченост. А сите други кои ми значат се тука и ги гледам.
Indi 1800 евра карта во еден правец што чекаш ? Ту не биди дива Он топик ме потсети со Австралијава земја далечна ... Таму и јас имам фамилија беа лани после 20 години , кој знае кога пак братучедите имаа по 10 годинки кога ќе ги видам ќе бидат татковци .
Колку само ги има ... И од оние личности со кои сме имале неисцрпни теми на разговор и зафрканции ,и од оние кои не ми оставиле некој посебен впечаток ... Посебно ми е жал за првите ,сме се изгубиле и покрај многуте заеднички нешта ... А бидејќи никој не потегнува ,изгледа на мене е оставено да направам едно повторно соединување ,па да видиме кој до кај е...
Има некои роднини од страната на татко ми раштракани низ Србија кои ги немам никогаш запознаено. Или видено само еднаш, па потоа после 10-15 години и ти доаѓаат со чоколадо и насмевка - Зарем не ме познаваш? Не. Заедничка е вината поради таквата наша неажурност во поглед на одржување на тие односи. Од кога молам и пекам да направиме една екс-ју екскурзија - никој не сака да ни да чуе. Со години го немам видено поголемиот дел од класот од средно и не можам да ја опишам среќата поради тоа. Некои луѓе немам потреба да ги видам до крајот на животот.
Другарка која замина за Канада- ја гледам на секои 2-3 години. Но повеќе не е исто, се чувствува таа одалеченост, ја немаме блискоста која сме ја имале некогаш. Но има и пријатели кои се тука но се одалечиле, или патиштата не разделиле и ретко се гледаме. Исто една блиска братучетка која се омажи во странство и сега ретко ја гледам...
Прва братучетка живее во Србија-Ниш и се немаме видено можи 10 години, а по татко ми фамилијата само по свадби ги запознавам и толку следно видување на следна свадба
Роднините од страна на татко ми - чичковците, стрините и братучедите иако живееме во соседни градови не се гледаме со години. да ги сретнам на улица нема да ги познаам
Ги има многу. Повеќето се роднини од страната на татко ми, втори братучеди, чичко ми со фамилијата кои живеат во странство. Имам и некои подалечни роднини кои живеат во другите градови, а сум ги видела можеби само еднаш во животот...