Има многу луѓе што не сум ги видела подолго време.. Имав другарка што ја немав видено повеќе од 10 години а живеевме во ист град.. Бевме како сестри.. Конечно пред една година се најдовме..
како бе у исти град живете а не сте се виделе со години? Колку е голем тој град мајка му стара... Он топик: со бартучед ми 16 години живее во Виена ама не си иде во Мк демек глупо му било тука,со еден другар веке 6 години живее во Америка.
Hе ги имам видено братучеди од страната на татко ми,кои исто така живеат во Aвстралија ама ете никогаш не сум ги видела,и едни кои се во Tетово,сега се видов со скоро цел клас и не можам да ја опишам која радост беше
Со мојот најверен другар, Брат, Стефф.. се пресели чоеко па се гледафме на почетоко некое време така почесто..ама еве неколку години поминаа ни трага ни глас..
Имам еден куп такви особи, роднини во Србија имам еден милион. И имам еден другар, кој што го запознав како мала. Го видов само тогаш, тие 20 дена, и од тогаш се до ден денес сме само во контакт преку смс или чат пат мсн.
како е можно ова жално луѓето кои не сум ги видела повеќе време во принцип не сакам искрено ни да ги видам луѓето имаат роднини за арно за лошо јас роднините исто како да ги немам и искрено ме боли таквото за некој од нив
Прво брат ми ... ама на секои две години се гледаме освен овие две поминаа, па здравје догодина би требало. Редно ќе биде и јас да одам кај него. Друго, роднини колку ми ти сакаш расштркани по светов, другарки што во друг град се, што илјадници километри подалеку се ... Далечината е пречка да, ама и секој со свои обврски, проблеми и потреби. Луѓето се повеќе се отуѓуваат ...
Другарка која замина на студии во странство и таму остана. Освен што се немамме видено изгубивме и секаков контакт Исто така и некои подалечни роднини ги немам видено со години. Освен тоа, некои соученици од основно и средно ги немам видено откога завршивме.
со години се немам видено со мојата поранешна комшика и секако ми беше другарка -барем јас мислев најдобра на времето ...живее во Скопје но немам никаков контакт од неа никаква електроника не користи а пораките на ФБ остануваат неодговорени а сликите кој ги има остарени ... со едно чудо познати со кој сум делела некогаш све што имам физички и психички и уште куп роднини кој се по светов
Другарка од основно замина за Америка во 8 одд.од тогаш се немаме видено! само на фејс си разменуваме по некој коментар на чет,ама вака во живо не! се зажелев некако за неа ама пуста Америка далеко е!
Моите си ги немам видено долго време ама набрзо ке се видиме . Со една прва братуЧетка која бев многу блиска се скаравме пред година ипол и оттогаш се немаме видено а наскоро ке прави свадба па незнам дали да одам а пошто сум во странство и тешко дека ке можам да и идам.. а како што иде работава и во исто време свадби ке праиме
другарка ми што замина во Канада во 4то одд и од тогаш ја немам видено. другата другарка што замина за Америка исто во 4то одд
Вакви луѓе во мојов живот постојат многу. Некои ги немам видено од мала и воопшто не се сеќавам на нив, на некои се сеќавам ама сега да ги видам нема да ги препознаам. Има и луѓе што ми се многу блиски, а никогаш во живот не сум ги видела и многу жалам ради тоа има кај мене и случај што цело време сум слушала за таа вујна на татко ми која никогаш не успеав да ја запознаам, а и нема повеќе дека го напушти овој свет, жално . Се за љубов стори е кај нас, голема фамилија, па посебно ако некој мој дедо, на баба ми брат се има два пати оженето, абе Шпанска серија најмногу одговара. Пред неколку дена прв пат ја видов ќерката на вујко ми на тато која патем е возрасна жена(а ја имав гледано само на слика) има мала ќеркичка од 2 годинки, се чувствував како да ги знам цел живот, а богами кога си одеа почнав да плачам без никој да ме сети, така ми беше жал, ги гледаш еднаш (времето, обврските, оддалеченоста не ви дозволувале да се гледате често), а сепак се твоја крв, убаво е чувството да се сретнеш со кого било кој го немаш видено со години, а не пак со фамилија, ептен е посебно .
Со 2 тетки и братучедите кои живеат во Австралија се немаме видено 3-4 год. си викам до година ќе се видиме , со едно девојче од Скопје кое беше дојдено кај мене за некој натпревар па моногу се зближивме и по 1 год ја снема како в земја да прпадна а баш сакам да ја видам пак . Со братучедами од чичко ми детето го имам само еднаш видено и тоа кога се роди потоа се разведија чичко ми и жена му и повеќе не ја видов а прва братучеда не знам имам и многу други 2 3 братучеди со кои немам никаков контакт ни пак ги гледам а во ист град живееме
баба ми ја немам видено можеби една година затоа што живее во друга држава.. сега и се јавив преку телефон да и честитам празник и се расплакав а и она се расплака.... многу ми недостига