Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Луѓе што ги немате видено со години..

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WomanInRed, 22 јули 2011.

  1. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Братучед ми и братучеда ми :)
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Па да имам :(
    Роднини во Австралија, ги немам видено можеби 10тина год. имаат и дечиња кои никогаш ги немам запознаето, освен по фб |(
    Имам другарка која живее во Канада, доаѓа на секои 3 год. штотуку си отиде и пак нема да ја гледам 3 год. :(
    Една личност што многу ми значи во животов замина да живее исто во Австралија, од март го немам видено, а и долго нема да го видам.
    Среќа интернетов овозможува колку толку комуникација.
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Другарката од основно. Помина дооолго време. Не знам ни каде е запишана на факултет. Всушност, не ни правиме муабет. Глупаво е во секој случај. Ни јас лично не можам да се сетам зошто. Дечишта.
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Да, имам роднини во Австралија кои ги имам видено само еднаш во мојот живот, кога бев мала и не се ни сеќавам многу добро на нив, но сепак ми недостасуваат и сакам да ги видам. Имам и две братучетки таму кои никогаш ги немам запознаено но, се надевам дека некогаш ќе ги запознаам.

    Со години немам видено двајца (втори) братучеди кои не ми недостасуваат нешто посебно многу но, сакам да ги видам.

    Со вујко ми, кој претпоставувам дека нема ни да го видам наскоро се додека не се расчистат некои проблеми во фамилијава. Секако тука спаѓаат и неговите деца, кои се 10-15 години поголеми од мене и не ни памтам како изгледаат. Што е најинтересно, живееме во иста населба, дали има 20 минути пешачење од мојата до нивната зграда. Но тоа е што е, не ми недостасуваат, воопшто.
     
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Вујко ми...значи човекот бог знае од кога го немам видено.Во Италија е,а летово кога бев таму немавме воопшто време да се видиме,тој на работа ние на прошетки.И таман кога требаше да се видиме оп моравме да заминеме со автобусот. :( А додека беше во Македонија,секоја недела организираше типот журки.Тугината пуста да остане :devil: :@
     
  6. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    имам другарка во австралија си доага на 2-3год и тогаш се гледаме и братми го нема видено скоро година :(
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Имам роднини кои ги немам видено подолго време, бидејќи се во странство. Баш се убави моментите кога ќе дојдат и кога сите заедно ќе се собереме на ручек, вечера, ќе се изнамуабетиме... ми фалат овие моменти
     
  8. Resana

    Resana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    374
    Постојат роднини и од страната на татко ми и од страна на мајка ми кои живеат во Србија кои никогаш не сум ги ни видела ( еден дел запознав минатото лето) , овие луѓе не ги познавам па не ми ни недостасуваат би сакала ете да ги запознаам чисто колку да ги знам.

    7 години не се гледав со баба ми дедо ми и вујко ми , но оваа лето ги видов и сум среќна .
     
  9. NB86

    NB86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    68
    Повеќето мои роднини се во земјите низ Европа, се гледаме претежно преку лето и за Нова година
     
  10. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Кога бев на операција во Бугарија имаше еден дечко кој работеше како медицински брат уствари тој имаше уште само 1 испит за да биде доктор. Поминав 70 дена со него. додека мајка ми не дојде тој беше со мене, тој ме ранеше, ме облекуваше тој беше нон стоп до мене и кога дојде мајка ми беше исто цело време беше до мене му верував најмногу и само на него му дозволував да ми ја види раната да ми ја исчисти, да ме допре кога си заминував од болницата многу плачев а плачеше и тој си ветивме дека секогаш ќе бидеме во контакт но после 1 година изгубивме секаков контакт кога бев на контрола ми кажаа дека веќе станал доктор и дека е во друг град на работа... навистина ми недостига и сакам да го најдам... :(
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Првите братучеди од Белград и Загреб. Жалосно, навистина. Најблиски роднини,а толку далечни.
    Ма да и роднини до второ колено не ги гледам толку често, а тука ми се во Скопје. Еднаш годишно и на свадби. Стварно многу лошо.
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Јас имам роднини во Америка, и ги видов еднаш во животот...дојдоа пред 7-8 години некаде, седеа во Македонија 2 недели и си отидоа..Имам баба ( на татко ми мајка ) тетка прва братучеда...Стварно сакам да одам да ги видам, но сега имам обврски со факултетот а и имам проблеми со виза, не сакаат да ми дадат мислејки дека сите роднини ми се таму и ке останам нема да се вратам
     
  13. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Вујковците во србија.. :worried:
    Брајќа на мајками и се а едниот иде на лето само по 1 месец (доволно е ) а другиот не ни го знам. :|
     
  14. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Имам повеќе такви особи :( :( :(
    а мноооооогу сакам да ги видаааааааам ;( ;( ;(
     
  15. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Јас имам кумови во Русија.
    Ги немам видено никогаш во мојот живот.
    Не знам ни како изгледаат.
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    имам двајца братучеди во америка..ги немам видено околу 12 години..
    не се ни сејкавам убаво на нив..
    само малце кога бев мала како си играче овој едноот со пената за бричејне,си играше со мене :^) :^)

    нај-жал ми еза нивната мајка..се само ги чека и чека :( :( а тие нема да дојдат бидејки до денес не дошле после толку слуцувајна ваму и нема да дојдат...
    хм :( таа е мајка само ги чека :( жал ми е за неја..
     
  17. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Од страната на мајка ми, роднините не ги гледам често. Години се насобрале. Првите братучеди не сум ги видела можеби 4-5 години, а некои ги немам воопшто запознаено. Некои пак се омажија и деца изродија а уште ги немам видено. Причина - долга за објаснување, ама ни блиску до тоа дека не збориме или слично.
    И да, сметам дека е глупаво тоа, посебно затоа што не сме далеку, а не ги одржуваме роднинските врски.
     
  18. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Чичко ми и братучедите , живеат во Австралија и воопшто не ги познавам .. :/
     
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Имам братучеди во Канада и Нов Зеланд, ама ги немам во живот видено [​IMG]
     
  20. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Поранешниот сосед :D Последен пат кога го видов беше пред да се пресели. Тогаш бевме мали деца и постојано си игравме :D Сега незнам ни каде живее, но мислам дека е во мојот град