уфф болна тема .има многу луѓе кои одамна не сум ги видела.живеат далеку,а некои се враќаат повремено .многу роднини запознав зимава,срамота пеза една првпат ги видов а блиски роднини сме . ама јас ги посетив бре,горда сум сум што преземав иницијатива. и многу сакам да си видам едни комшии кои со години ги немам видено,ми фалат !
Пред неколку месеци се врати другарка ми со која се немавме видено од 2 одд. Таа живееше во Австралија, и сега повторно отиде Воопшто не е изменета
Сите што ми значат се покрај мене, фала му на бога, би сакала да се видам со братучеди кои ги немам видено од седмо одделение, а тогаш и прв пат ги запознав, ми станаа некако мили и драги па би сакала да ги видам, секако неможеме да се видиме заради географска одалеченост
Тетка ми од австралија која ја неам видено од 6 години а ја иам 15.. Некогаш мн. сум бесна коа ќе ми ја спомнат, се нервирам едноставно..зашто се слуша со другите мои први братучетки а мене ништо и некад коа прашува за мене мн. се нервирам
Тетка ми, сестра на тато и нејзините ќерки. Господ знае колку сакам, барем неа да ја видам. А сигурна сум дека и тато би бил многу среќен.
Баба ми,двете тетки и едниот чичко од Австралија,тетка ми и нејзините ќерки (мои братучедки),и уште една тетка од Куманово
Да сум се нашла со моите роднини од Прилеп ми недостасуваат и тоа многу....Имам другарка која е во австралија но со неа комуницираме на фб и не ми е некако туга бидејки се допишуваме
Прв братучед, кој игра кошарка во Америка го немав видено година дена, дојде сега за мојата свадба и бев пресреќна ...сега повторно замина.
Куп роднини, братучеди, пријатели, старите кумови, ама нив ќе ги видам на свадба сега во Серптември, имам една пријателка семејна со која пораснав во детството и ми недостига многу, Тетка Жане, многу ми недостига, ме израдува мајка ми се јавила и многу сакала да ме види, и било чудно малото жутокљунче што се мажи нормално ја поканивме на свадба ама не може да дојде не живее во Македонија
Од на мајка ми страната, триљон братучеди и братучедки што ги немам видено повеќе и од 10 години може, не се ни сеќавам на нив, којзнае колку пати се имаме разминато низ град.. Кумот не си го имам видено којзнае од кога, братучедите од Србија од на татко ми страбата, соседите кои се иселија над нас пред повеќе од 5 години.. Има доста.
Леле ме потсети и мене. Исто. Само јас не се сеќавам многу на соседчето, пошо тогаш кога си игравме бев многу мала (не бев појдена во школо) и само 2-3 попладниња ми имаат останато целосно во сеќавање + многу случки иако мајка ми ми вика дека со години сме си играле заедно. Се сеќавам како изгледаше, но не сум сигурна дека по толку години би го познала на улица. Важно на чувствата се сеќавам, на радоста која беше детски очигледна и обострана. Поголем беше од мене, но очигледно моите игри не му беа здодевни а и јас не паметам дека со некое друго другарче ми било поинтересно. Oд друга страна пак, беше доста одговорен и сериозен за неговите 9 годинки. Паметам како внимаваше да не паднам и како ги бркаше кучињата кои ме плашеа. Тоа беше изгледа првиот пат кога животот ми покажа дека мажите имаат подолго детство од жените. Нејсе, не би умрела да го видам пак, но искрено се надевам дека дел од тоа среќно и полно со љубов детенце се`уште живее во некој мал дел од него денес.
Не знам веројатно многу братучеди , братучедки посебно од страната на татко ми кои само по свадби сум ги гледала ,а со некои последен пат како многу мали сме се виделе , него друго ми беше зборот гледам овде некои со сестрите не се виделе по не знам 5-10 години , јас плачам за сестра , никогаш во мојот живот 19-20 години не сум посакала да имам брат , сестра , но откако ми се случија некои не многу убави работи очајно посакувам , мислам дека многу полесно ке ги поминевме да бевме 2 , кога ке видам сега и по фејсбук слики и по одмори заедно и по ручеци , вечери 2 сестри чувствувам огромна празнина , како станувам повозрасна ми фали таква фигура во животот и немате поима колку сте срекни што се имате , не е важно која прва ке се јави ама жално е да не стапите во контакт , мислам има ли поголема срека од тоа кога утре не знам ке ја мажите сестрата , па ке и помагате околу свадба , или кога ке чекате да ви се роди внуче , иста крв сте зар дотолку смртно сте си погрешиле ? Ми текна на делче од статус на една девојка што проклето е во право со кажаново "Стално се муртиме , мислиме вечни сме . "
Имаше еден дечко што учеше со мене во основно, Зоран Симеонов. Во нашето училиште дојде во второ одделение, и седеше до мене. На ликовно ми побара четка бидејќи имав две, а јас не му дадов. Појма немам зошто, така правеа другите, па и јас. Тоа беше прв и последен пат во животот да не споделам нешто или да не помогнам некому кога ќе ми побара помош. Уште од тогаш ми тежи, од второ одделение. Не сум го видела откако завршивме основно. Имам потреба да го видам и да му се извинам што не му позајмив четка во второ одделение. А човеков како да пропадна во земја. Сум го гуглала и го нема бе, нигде го нема, како да не постои...
Братучеди во Австралија. Ниту лицата не им ги помнам Не сум ги видела едни добри пет - шест години, а кога идеа во Македонија бевме доста блиски си правевме иди ми дојди ми, па на спиење еднаш кај едните, еднаш кај другите. Останаа едно лето и заминаа па, беа оставиле некој си и-мејл ние им оставивме многу пораки но, на ниту една не добивме одговор. На фб многу пати сум ги побарала, но ги нема. Кој знае како се потпишани и дали воопшто имаат фејсбук Ова лето е дојден нивниот дедо, па се надеваме дека ќе ни дојде на посета и да ни каже нешто за нив Потоа не сум го видела една и пол година мојот пријател од Грција, па искрено и се сомневам дека уште еднаш ќе го видам. He is far away Првиот симпатија. Не сум го видела може две години. Нема да се препознаеме и да се видеме некогаш. Ма и нема потреба да се видеме. Било је то некад давно Исто така имам многу роднини кои не знам како изгледаат. Никогаш не сум ги запознала и се сомневам дека ќе ги запознаам некогаш...
Прв братучед кој живее во Холандија. Го немам видено никогаш во животот, освен на фб и скајп. Уште кога бил бебе чичо ми се развел и братучед ми заминал со мајка му. Секогаш кога си пишувам со него плачам и многу сакам да се видиме. Дај Боже тоа да се случи што поскоро.