Повеќето роднини. Некои да ги видам нема ни да ги познаам. А и не ми ни требаат. Со тие што ми одговараат се дружам.
Роднини кои не се во државава ги немам воопшто ниту запознато. Братучеди по другите градови ги немам видено со години. Изгледа јас ќе морам да бидам гостинка бидејќи ако чекам на нив тешко да се сретнеме во блиска иднина. Соученици немам сретнато со години. И цело време размислувам за едно девојче кое беше од друг град но секое лето доаѓаше на гости во соседство па се здруживме. Ја немам видено 10тина години. Понекогаш размислувам да се распрашам кај роднините што се случи со неа. Зошто престана да доаѓа и сл. Многу би сакала да ја видам повторно.
Горе доле за сите знам што прават затоа што ги имам по социјалниве мрежи. Како да не знаеш кога на 5 минути ставаат слики.
Пред 11 години на одмор во Охрид се запознав со едно девојче од Скопје, Александра се викаше.Имаме и фотографија заедничка, многу ми е драга.Знам дека само многу си личиме.Кога би ја сретнала денеска, веројатно не би ја препознала.Ама многу се дружевме,цело време бевме заедно.Баш би сакала да ја видам. Многу од роднини што се во странство,ама редовно контактираме на Фејсбук, Инстаграм... Роднини кои ми се тука во градот,а ги немам видено кизнеј колку време.Мислам дека само дури пред 10 години,некако поблиски бевме и со роднините и имавме време сите да го видиме. Денес тешко некако.А баш би сакала еден убав собир со сите роднини и пријатели кои го немам видено долго време.
Дедо ми го немам,едниот 3 а другиот преку 20 години,умрел пред да се родам јас. Баш би сакала да ги видам и двајцата.
Имам и пријатели и роднини кои ги немам видено со години.. Едните од Скопје, Велес, Куманово Толку блиску а николму не му текнува да крене телефон. Од погреб на погреб се гледаат постариве, ние младите па ич
Со поголем дел од роднините се немаме видено со години. Можеби не е оправдување, ама динамичниот начин на живот, обврските и работата го ограничуваат слободното време за дружби со широк круг на луѓе.
Имам неколку. Едвај еднаш годишно се гледаме. Немам муабет, не ги дружам. И мразам така, цела година не сум видела, незнае кај сум дали сум жива уопште и на крај ќе му се улижавам.