Лујза Хеј (Louise Hay)

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Dashing:), 16 април 2022.

  1. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    2.405
    Пол:
    Женски
    Лујза Хеј е авторка на голем број бестселери од областа на здравјето и влијанието на добрата мисла во човековиот живот. Позната е по тоа што покажа дека позитивните изјави, т.е. афирмации, можат да доведат до конкретни позитивни промени во животот на секој човек. Со своите книги и со многубројните предавања од областа на духовниот развој, инспирира милиони луѓе низ светот. Над триесет години им помага на луѓето на сите меридијани да го откријат и искористат целиот потенцијал на своите креативни сили за личен развој и самоисцелување. Таа е основач и претседател на „Хеј хаус“, компанија што издава и дистрибуира книги, цедеа, дивидија и други производи што придонесуваат за исцелување на планетата. Лујза Хеј е авторка на над триесет книги за возрасни и за деца, меѓу кои се вбројуваат Медитации за исцелување на вашиот живот, Сакајте се себе до совршено здравје, Јас можам и Излекувајте го своето тело. Книгата Животот те сака, напишана заедно со Роберт Холден, ги истражува подлабоките значења и практичните примени на изјавите по кои Лујза Хеј е позната. Нејзиниот бестселер Моќта е во вас е продадена во над педесет милиони примероци во светот.

    [​IMG]
    Мојата омилена книга :inlove:
    Дали некој ги има прочитано нејзините книги?
    Каков е вашиот впечаток?
    Која е вашата омилена? :)
     
  2. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Машки
    Јас ја имам прочитано "Како да го излечите својот живот". Прекрасна книга, буди силни емоции, самоосвестување, самодоверба.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.518
    Допаѓања:
    78.540
    Пол:
    Женски
    Една книга имам прочитано, Животот те сака, онака просечна ми беше. Не ме заинтересира да прочитам други нејзини дела...
     
  4. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    6.074
    Пол:
    Женски
    Неколку нејзини книги имам прочитано. Најомилена ми е "Како да го излечите својот живот". Му ја препорачувам на секого да ја прочита.