1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лeден чај (Ice tea)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Lux, 14 мај 2012.

  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Лeден чај е верувам сите знаете ладен пијалак, кој се купува таков, не варен чај па потоа оладен. :)
    Колку конзумирате ладен чај?
    Дали содржи многу калории и дали е штетен?

    Го пиете или не?
    Го има од праска и лимон(барем тие сум ги сретнала)
    [​IMG][​IMG]
     
    На vikule89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Ладен чај(Ice tea)

    Обожавам леден чај :)
    [​IMG]
    а овој и тие на гора најмногу :)
     
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ладен чај(Ice tea)

    Не го конзумирам многу, ретко некогаш, затоа што повеќе преферирам да пијам овошни сокови, а ледениот чај не може да ми ја угаси жедта и мене не ме освежува толку како овошните сокови. :)
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Бидејќи во ташна секогаш со мене мора да си носам шише вода, кога ќе се подзатопли времето си купувам леден чај. Омилен ми е од лимон, особено оној на Jaffa.
    [​IMG]
    Летно време кога сум на одмор, секогаш си купувам шише од литар ипол и си го носам на плажа.
    Поосвежителен ми е од било каков сок.
    Е сега, колку што знам не е баш ниско калоричен... :worried:
     
  5. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Обожавам леден чај!
    Ако не пијам сок од портокал, пијам леден чај. Поубав ми е тој од лимон, и многу ми е освежителен. Одличен избор за во жешки денови. :inlove:
     
  6. Ligavka

    Ligavka Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    88
    Fructal леден чај од праска за ништо не го менувам :) :up:
     
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Ги обожавам овие чајови.Посебно го обожавам оној од праска.Иначе имам сретнато и од шумско овожје :)
     
  8. Bel-Golub

    Bel-Golub Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    48
    не ретко го конзумирам ама втор ми е после сокот од портокал
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Сакам ладен чај
    јас си го правам дома
    имам овошни чаеви и си правам

    Го варам чајот и го оставам 1 саат да истине после го ставам во шише и му додавам сосем малку лимонтус и потоа во фрижидер
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Не ми се допаѓаат, имам висок праг на толеранција за благо, а овие ми се сите тужно-благи.
    Имам чувство дека вријат од шеќери и адитиви и не ми се воопшто убави и пријатни за пиење.

    Подобро ќе сварам неколку ќесички чај, ќе го оладам, засладам со лимон и ќе си пијуцкам.
    Неодамна пробав сок од бозел, мислам се раствара течноста со вода. Со малку мед и цеден лимон беше фантазија, поубав од кој било леден чај што сум го пробала досега.
    :)
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Еден период прекумерно пиев леден чај и од тогаш ми се згади. Инаку од лимон никогаш не сум го поднесувала, затоа што имам чувство како Сјај за миење садови да пијам. Тој од праска го пиев постојано, или Јафа или во лименка.
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Не ги сакам баш ледениве чаеви, знам еднаш пробав ладен чај од лимон мислев ќе повратам во истиот момент. Но еве пред некој месец ми купија дома леден чај од праска незнам што фирма беше, али ми делуваше како да пијам сокче, а не чај.
     
  13. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Во текот на летото постојано пијам леден чај, наместо сокови. Омилени ми се оние со вкус на праска :)
     
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве како да подготвите домашен леден чај. Многу освежителен и многу поздрав од индустрискиот.

    2 литри вода
    6 филтер ќесички зелен чај
    2 филтер ќесички нане (или уште подобро ако имате сушено домашно)
    3 лимони
    5 лажици шеќер
    3 лажици мед
    за декорација коцки мраз, ливчиња свежо нане ако имате, или кришки лимон

    Водата ја ставате во тенџере, го додавате шеќерот, ако употребувате сушено нане место филтер и него го ставате сега и малку кора од лимон (ако ставите повеќе ќе горчи). Ова се загрева додека не почне да врие. Го тргате настрана тенчерето и ги додавате филтер ќесичките да отстојат не повеќе од 2 минути. Потоа ги вадите ќесичките и кога температурата на течноста ќе дојде негде под 50 степени го додавате исцедениот сок од лимоните и медот. Може да ставите и повеќе мед ако не ви е доволно благо. Оставете го чајот да се лади на собна температура. Потоа го процедувате и го ставате во флаша па во фрижидер. Се служи со коцки лед, кришки лимон или свежо нане.
     

    Прикачени фајлови:

    • ice-tea1.jpg
      ice-tea1.jpg
      Големина на фајлот:
      37,4 KB
      Прегледи:
      245
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    И јас си го обожавам ледениот чај, но штета што е многу калоричен. Гледам што поретко да го пијам и да го заменам со вода или некој незасладен чај...за жал :)
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас купувам леден чај нон-стоп, моите дома не го сакаат, но пак затоа јас и дечко ми се давиме во него.
    Искрено мнооогу освежува во овие летни горештини. Од лимон ми е најубав
     
  17. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Обожавам леден чај! Ретко кога кај нас дома немаме дома.
    Омилен ми е од праска. Баш освежува. :inlove:
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Го обожавам, посебно да е од лимон.
    Мајка ми прави многу убав домашен леден чај, од листови нане(сушени, но не филтер ќесички), мислам дека става дали лимонска киселина или лимонтус нешто, но мислам дека не е свеж лимон, и нормално шеќер. Мене ми е многу вкусен , освежителен.
     
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    [​IMG]
    Вештачки се, со вештачки ароми, полни адитиви, шеќери, конзерванси...

    Јас и во летно време си варам чај. Зависник сум од белиот чај. Го варам, чекам да се олади и го пијам без шеќер. Повеќе ова ќе ме освежи отколку овие другите кои не ја гасат жедта.
     
    На crazylady и Special.Someone им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Овие купечкиве имаат вкус на чиста хемија и полни се со адитиви. Порано ги пиев, а сега не можам да ги помирисам. Пијам домашен леден чај од бозел (мојот омилен - кој пробал знае), а некогаш и од нане. Многу се вкусни и што е најважно природни.