Нејќам. Не ми се убави, поарно обичен сок ќе си купам. Ни дома не го сакам чајот кога ќе ми се олади, одново си го подгревам.
Леден чај ми е пијалок за секој период од годината! Не сум голем љубител на купечките, најчесто си правам домашен, по рецептот на Пеперминт или пак полнам тенџерче со вода, па откако ќе зоврие нели, ставам неколку филтер-кесички, ставам ливчиња нане, малку шеќер или мед и оставам да отстои и да се олади. Потоа цедам малку лимонов сок и пуштам мнооогу тенки кришки лимон, коцки мраз и ... го снемува во рекордно време. Омилен вкус од овие домашниве ми е дива цреша и цимет. А ако веќе немам избор, излезена сум и жедна - купувам од ледените чаеви на Јамница. Многу ми се вкусни. Ми се допаѓаа и оние на Jaffa, не бирав дали ќе биде праска или лимон - и двете ги обожавам, ама не знам дали уште ги има во продажба, одамна не сум ги забележала низ маркетите и трафиките.
Убави се, доста освежителни, посебно кога е жешко времето. Не пијам многу често, ама кога пијам најчесто земам од лимон