Здраво, се извинувам ако постои ваква тема, но барав и не можев да најдам. Дали има некој од нашите членови кои моментално студира на МИТ? Сакам да размениме мислења и искуства.
Здраво, нова сум на форумот и сакав да изразам јавно незадоволство се со цел повеќе да нема студенти кој залудно ќе изгубат пари, години и живци на овој универзитет. Многу лоша организација, немаат вработени професори, предавањата не се ни одржувааат. Доколку сакате да се отпишете од факултетот ќе ве влечат и уценувааат за да добиете уверение за положени испити. Немојте никако да се запишувате на факултетот за Дентална Медицина. Многу е жално што државата сеуште им дозволува на сите да отвараат факултети и истите да бидат машина за пари а не за знаење.
Исто и они имаат добиено акредитација, а сега за настава дали имаат или немаат и дали се одржуваат вежби не знам. ЗНАМ дека на МИТ- Дентална медицина нема да видите ни предавање ни професор ни стоматолошки стол. Единствено на слики од интернет можете да видите како имаат нова опрема и нов објект кој веќе не е нивен и цела опрема е продадена.
Sramota vistina a doktori ke napravat nesposobni dno .... İ na evropski mislam lesno se pominuvalo. A mit kolku pari e semestar/godina?
Јас сум студент на МИТ дентална медицина од 2023та и по коментариве очигледно дека вие дечки немате поима какви се студиите и условите, а ниту пак сте биле студенти на факултетов. Се префрлив од Балкански баш поради професорите и начинот на кој се учи материјата. На ИБУ тројца професори од кои една баба ги држеа сите предавања, за разлика од МИТ. Lady S околу коментарот за опремата пројди во клиниката на МИТ Дентал да ти ги средам забите па направи споредба со друго место ако воопшто си реална.
Дали може да те замолам да ми кажеш колку е школарината за една година? Никаде нема инфо. На ќерка ми и фати око медицинска козметологија, но инфо околу цена и стипендии немаат на официјалната страна. Ти благодарам!