1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ бара верниците да се откажат од практикување јога

Дискусија во 'Религија' започната од Lady Phoenix, 26 јуни 2015.

  1. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Сеуште сум под импресии од тоа што се случува деновиве: јогата да не ја практикуваат верници. :?:

    Се чудам и не можам да се изначудам. И размислувам многу на оваа тема. Не можам да разберам што е целта и поентата? Да се враќаме назад? Да не' вратат во Среден век? Што е поентата, ако може некој да ми разјасни? :?:

    Јогата не била компатибилна со православната вера бидејќи започнувала со чин на поклонување на хинду-божества. Добро, да му се невиди, што треба да направиме? Ајде тогаш да ги забранат и источњачките боречки вештини. Зошто? Затоа што се во основа на источните религии (будизам, таоизам, хинду и што ти ја знам веќе), затоа што проповедале насилство и затоа што оделе во комбинација со медитација за соединување на телото со духот или достигнување на некоја повисока состојба преку која човекот треба да се поврзе со енергијата од горе. Ајде тогаш да ги забраниме најголемиот број спортови. Зошто? Затоа што потекнуваат од Олимписките игри кои во античко време се одржувале во чест на Зевс и се, практично, живо паганство. Да ги забраниме и да седиме, без никаква физичка активност. Ајде тогаш да ја забраниме и науката и да се вратиме во Среден век, па да спалуваме се' живо што е против верата. :envy:

    До каде ќе одат со овие бесмислености? (facepalm)
    Ако некој сака да практикува јога за да си ја подобри физичката или психичката состојба - не гледам ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, има различни нивоа и видови јога. Ако некој посака да навлезе подлабоко и да ја смени и религијата - ќе го направи тоа. Јас сите овие погоре набројани работи ги разбирам како спорт и физичка активност. Како што танчарите се поклонуваат на крајот од танцот и тоа е дел од културата на целата таа активност, така го разбирам и поклонувањето во јогата и боречките вештини. Како дел од целата таа активност. Како „загревање“ пред она што следи, како да објаснам веќе. Јас не размислувам како хиндуист кога практикувам јога, ниту како таоист кога практикувам боречки вештини. Дел од целиот чин на физичка активност, култура при сето тоа, како кога се ракуваат на крајот од мечот, тениски, да речеме.

    „Вистински верници треба да постат, да одат на литургија секоја недела“ и не знам што. Еве јас се сметам за некаков верник (не којзнае каков, ама сепак верувам во Бог), но не гледам потреба секоја недела да слушам литургија од поголеми неверници и грешници од мене. Верата е во мене, поврзувањето на Бог преку молитва го правам на мој начин и немам потреба секоја недела да одам на литургија. И зошто да одам? За да запалам свеќа и сеуште ни третина изгорена да ми ја соберат од пред нос? Така ја разбирам јас религијата и не ми е потребен поп за да ја практикувам, а уште помалку да ми кажува што е правилно, а што не, а зема од парите наменети за народот, се пијанчи и е развратник. Не, благодарам! :bow:
    Какво е вашето размислување за оваа изјава на МПЦ?
     
    На Mikha4, Lolo5, LUCI 99 и 19 други им се допаѓа ова.
  2. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    543
  3. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    17.204
    МПЦ ги решила другите поголеми проблеми, па до јогата и дојде да става анатеми. Дај барем нека ни кажат кој друг спорт е христијански да знаеме како верници да му дадеме приоритет. Или како што рече оној Тале од Прилеп, копањето било најдобар спорт. :lol:
    Православната црква, односно православната вера има свој систем на верување и живеење на тоа верување, кој произлегува од Светото писмо и Светото предание, односно од Библијата и од одлуките на вселенските собори, учењата на светите отци. Сѐ што е надвор од тоа значи дека не е во полза на целта на нашето постоење, а тоа е спасението. Ова е изјавата од МПЦ во врска со јогата.
    Верник сум, длабоко верувам во Господ, но за жал, изгубив верба во свештените лица. Не пишува ни во библијата за строго одредени ценовнци за верските обреди (од кои не се ослободени ниту најсиромашните). И тоа е во насока на спасението?
    Жално е ова што се случува, пред се со првите луѓе на црквата. Секој си го гледа сопствениот интерес, за народот баш им е гајле.
     
    На Lolo5, Victorian, ennaz и 5 други им се допаѓа ова.
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    ^

    Aу и јас го слушнав истото за копањето. Нема граница за човековата глупост.
    Немам коментар, никогаш не сум ги почитувачла свештените лица и така ке остане, што е следно што ке го објават? до кај ке оди МПЦ?
     
    На Lolo5, ennaz и Luna91 им се допаѓа ова.
  5. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    http://a1on.mk/wordpress/archives/504304

    Што им е на луѓево? Дали имаат совест? Проповедаат секакви ср*ња, а самите немаат ни трошка скромност и почит кон религијата преку која заработуваат милиони.
    Па добро, кај што игра пара и моќ, таму многумина совеста ја остваат пред врата, а религијата одсекогаш била само средство за заработка на пари и контрола на народот. Колку луѓе изгинале во името на вербата...
    Овци се сите што слепо следат се што ќе им се сервира, без да прашат што и како.
    Инаку, тие што веруваат дека навистина постои нешто после животот, тоа го прават во себе, а не јавно за сите да видат.
     
    На Lolo5, ennaz, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Што е најтрагично, ова не произлегува само од МПЦ, туку е актуелно и помеѓу другиве православни цркви или барем така ни велат по телевизииве и другите медиуми. Не знам зошто е тоа така, упорно не можам да разберам, можеби не сум до толку верник, па и затоа не разбирам. Ама еве, зошто католичкава црква не излегла со таква изјава? Не дека на интернет не наидов на дилеми од католици, ама јас за ваква официјална изјава не сум слушнала. Пак ќе речам, назад ли ќе се враќаме, што ли е работава, не знам...
     
    На Lolo5 и ennaz им се допаѓа ова.
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Мене па отсекогаш ми бодел очи моментов со анатемисања, проколнувања, ти реков, ми рече. Зарем во Библијата не пишува дека ние немаме моќ едно влакно од косата црно да го направиме бело? Кој е клет, а кој не, одлучува еден. И плус, што се случи со проштевањето, со разбирањето со приодот полн љубов и смирение каков што нели и треба да биде? Со условување и со закани не се придобиваат верници. Никогаш не сум практикувала јога, можеби нема ни да практикувам, но ова навистина ме зачуди. Не забраната, ајде во ред е, карактеристични се за хиндуизмот тие духовните вежби, нејќат мешање на ритуали, сосема океј, треба една вера да си држи до унифицираноста, но казниве ме зачудија. Молам? Анатеми? Клетви? Нели еден казнува? Нели Исус рекол: „Кој не сторил грев, нека го фрли првиот камен“? Кешки јогата единствен проблем да беше...
     
    Последна измена: 26 јуни 2015
    На Lolo5, LUCI 99, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Видоа дека почнаа да губат клиенти, па решија пак да не зауздаат. ]:) :rofl:
    Мене сето ова ми е смешно, па уште посмешни ми се оние кои веднаш рипаат дека „да, јогата е злото!“ Мислам, навистина? |(
     
    На Lolo5, CameliaMiller, M-1207 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.400
    Живи глупости.Толку од мене.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    До јогата стигнале:puke:,нека си се грижат они како да стигнат до некој нов мерцедез.... а не да тропаат глупости
     
    На Lolo5 и ennaz им се допаѓа ова.
  11. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    -Попе да се исповедам,многу грешев
    -кажи чедо божје
    -земав кредит и ја наместив сестра ми
    да ми биде жирант,сега извршители
    и го земаа станот и остана на улица
    со децата
    -е ако де,затоа служат браќа и сестри
    -се смував со жената на најдобриот другар
    -е ако де, затоа служат другари
    -и жена ми пак ја тепав
    -е ако де, затоа служат жени
    -и од фирмата кај што работам украдов пари
    -е ако де, значи добро работи фирмата
    -згазив човек на улица ама избегав
    -е добро де, се случува
    -и се запишав на јога
    -ШТОООООО?!?!?!

    Не знам, кога се работи за моето здравје, ако треба да бирам помеѓу тоа што попот ми го кажува и лекарот ми го препорачува (зашто од лекар ми беше препорачано да одам на јога), мислам дека ќе го одберам второто.
     
    На Lolo5, Loco992, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    @Lady Phoenix секако дека треба да го одбереш второто! :nod:

    Баш ме интересира, поповите насабајле кога стануваат и се прозеваат, не ги дигаат рацете нагоре да го растегнат телото после спиење? Зашто и таа поза ја има во јогата... :?:
     
    На Lolo5, sugarlips, ennaz и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Ако јогата е грев, следствено е и медитацијата бидејќи во будизмот одат под рака, а во Македонија последниве години и те како се распостранети курсеви од овој тип.

    Како и да е, мислам дека секој има право да одбере што најмногу му годи, иако сум секогаш за запознавање на сопственото тло пред да се тргне во потрага кон нечие друго. Но, сепак, сеуште не ми иде во глава како анатемата е помало зло од јогата? Изгледа овие развиле некој нов садистички принцип, покрај поштеното качување на ценовникот.
     
    Последна измена: 26 јуни 2015
    На Lolo5, Bender Rodriguez, Sunflowers и 4 други им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Целава прашина што се крена околу овој став на православните цркви (не е само МПЦ во прашање) во врска со јогата покажува колку многу луѓе само формално се кажуваат себе си на попис и тука на форум православни а од учењето на православието поим немаат. А честопати немаат поим ниту од јога штом ја сфаќаат како здрав спорт и хоби.

    Мене воопшто не ме зачуди оваа изјава од Православната Црква - сосема си е на место. Доколку сте навистина правилно запознаени со православието - а тоа е повеќе од вапцање јајца и палење свеќи - ќе знаете дека за јога, но и работи како хороскоп, бајачки, магии и сл. нема место.

    Ова е еден од ретките ставови на православието кој го поздравувам, иако мислам дека тоа црквата го прави и искажува на несоодветен начин.
     
    На golemiotmalisan, tessie, LegallyBlonde13 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Како и се досега ова се скриени пораки од владата. Имено, владата им плаќа на администрацијата курсеви за јога, но изгледа не очекувале голем број да ја практикуваат а со тоа се трошат пари од буџетот. И следно е дедо попе, ми текна, а ти да им фрлиш една анатема, а ?
    Кој не верува нека ја преслуша бомбата кога Гоца му се жали на Ставре за кратење на пари од буџетот и кога вика, како да им скратам од плата, бидејќи зимале поголема дневница за празници и викенди и голем дел од нив тужеле, па добивале на суд итн.
    Знам дека некој ќе вика политика ова, она ама после бомбите на некои работи многу лесно им се наоѓа логиката.
     
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Ете, авторот многу убаво кажал тоа што јас сакам цело време да го кажам.

    А јас, како што реков погоре, не се декларирам како верник во смисла на оние кои дискутираат во темите за религија. Имам некои основни познавања, верувам на свој начин, дури и не знам како да се класифицирам и не сакам други да ми кажуваат што смеам да правам во животот, а што не. Истото сметам дека треба да го направат и другите верници. И да, не гледам зошто јогата да не ја разгледувам како спорт или активност која ќе ми помогне полесно да се справам со некои здравствени потешкотии што ги имам. Немам намера духовно да навлегувам во јога и хиндуизам, само да ги извлечам здравствените придобивки од истата. Епа ако заради тоа треба да ме проколнуваат - нека повелат.
     
    На Bender Rodriguez и SV1911 им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Се шекнале скроз. Овој па и анатема ќе фрлал. Многу христијански од негова страна, нема што!!!
     
    На ennaz, Bender Rodriguez, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Све е забегано, па и МПЦ да не остане покуса со глупости. Јас не сум религиозна, атеист сум, нема што да коментирам,ова повеќе се однесува на верници, А верник пошто е плашлив на клетви и чуда, сигурно ќе се уплаши од Али Баба и неговите разбојници, и нема да оди на јога повеќе ..ваљда? Е па ти @Lady Phoenix , зар црквата се грижи за за здравјето на верниците ? Како помага црквено лице ако му кажеш дека имаш здравствен проблем? Се е во божји раце, чедо мое ! Што ќе ти е јога и бакрачи !
     
    На ennaz, Bender Rodriguez, SV1911 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    Затоа и реков дека не сум класичен верник. И не верувам класично во клетви, но сепак е тоа некаква упатена енергија, а енергијата кружи и се претвора од еден во друг вид, така? Тоа го знаеме од училиште. Ете, јас не се плашам дека ќе ме фатат нивни клетви, туку, едноставно, не е убаво тоа што го прават, затоа што меѓу тие што практикуваат јога постојат православни верници во вистинската смисла на зборот и, искрено, криво ми е да се ускратува тоа право на луѓето со такви закани.

    Не знам, да ги анатемисаат и љубителите на рокот и хеви-металот (затоа што лично познавав луѓе што слушаат метал, а се верници), затоа што проповедаат, не знам, анархија и пороци? Глупост.

    А што им прават на свештениците кои се педофили? Или го решија тоа, па сега ќе се занимаваат со вакви небитни работи.
     
    На tessie и SV1911 им се допаѓа ова.
  20. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Јас почитувам верници, без разлика на моите ставови околу религијата и црката. Еве, нека се јави некој верник со свое мислење и видување околу оваа одлука на МПЦ. Не е до толку да несмеат и да коментираат околу ова, од страв ?
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.