1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ бара верниците да се откажат од практикување јога

Дискусија во 'Религија' започната од Lady Phoenix, 26 јуни 2015.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Тотално сеедно ми е.
     
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    А зошто баш јога? Поентата ми беше, како што читав дека за јогата треба да си сконцентриран, и внесен во вежбите, а не да ти лута паметот и повеќето практикуваат да се сами, што укажува на тоа дека тоа не се обични вежби, треба и умствено да си внесен во нив. А за склекови и други обични вежби тоа не е потребно. Треба само ги броеш(а и не мора), па и да пропуштиш некој број нема да биде страшно.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И те како мора. За било која вежба треба да си сконвентриран за да избегнеш повреди. Несконцентрирано вежбање е рецепт за катастрофа. Склекови не се за секого, секој тип на вежби таргетира различни проблеми. Јас на пример имам неверојатна кондиција но деловно сум врзана за биро и немам сила во муслулите.
     
    На theowndemon, daylight, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Кога реков дека треба да си умствено внесен, не мислев на концентрацијата бидејќи можеш да се повредиш. Мислев на концентрацијата која ја имаш со цел за се внесеш во вежбите за да ги задоволиш очекувањата кои на "почетокот" ги нуди јогата, како што е здравје, енергија, расположеност, среќа. Не се ли тие очекувања кои те навлекоја на јогата?
    Што значи дека психички навлагаш во тие вежби. Не се само обични вежби.

    Еве ова е копирано од портал за јога:
    Депресијата може да се карактеризира низ три термини од јогата и ајурведата, трите гуни или трите одлики: сатва, раџас и тамас. Сите активности во материјалниот свет се одвиваат поради меѓусебна интеракција на овие три моќни сили. Сатва е моќта на хармонијата, рамнотежата, светлината и интелигенцијата (повисоката или духовната енергија). Раџас е моќта на движењето, делувањето, активноста и промената (високата или животната енергија).Тамас е моќта на инерцијата, летаргијата, темнината и материјализмот (ниската или материјална енергија). Трите гуни проникнуваат во севкупната креација, а влијаат и на нас. Секој човек делува во зависност од тоа која гуна влијае на него. Гуните се меѓусебно поврзани, поради тоа нема личност на која делува само една гуна. На секој од нас делува комбинација од гуни, но само една од нив преовладува.Негувањето на сатва е цел на јогата.

    Тргнувајќи од ова сознание, од јогиска перспеспектива депресијата исто така можеме да ја карактеризираме низ овие три термини. Тамасот како тип на депресија подразбира умртвеност, чувство на безнадежност и меланхолија. Вообичаени се напади на плачење. Личоста наутро тешко станува од кревет, не чувствува животна снага, не се чувствува моќно. Луѓето кои патат од тамасична депресија обичо имаат свиткани рамена, одат подгрбавено, изгледаат истоштено и безизразно, дишат плитко, напнати се во пределот на стомакот. Можат да се споредат со издишан балон. Доведувањето воздух во издишаниот балон е значаен лек кој јогата може да го понуди. На овие луѓе им недостасува прана (животна енергија), па за нив се препорачува целосно јогиско дишење и неколкукратно изведување на сетот асани Поздрав на сонцето (Surya Namaskar).Помагаат и сите вежби кои се со извиткување наназад како свеќа и мост (sarvangasanaи setubandha). Енергичните вежби го будат телото и ослободуваат од летаргија. По вежбите треба да следи релаксација со концентрација на ефектите од вежбата по телото, бидејќи во спротивно би можеле да одлутаат во црни мисли. По истата логика за да не се одлута во темнината, вежбите за дишење и медитацијата се работат со отворени или полуотворени очи.

    Морничаво, не?

    И тоа чудото асани што е поздрав на сонцето сигурно си ја вежбала

    Епа ете тоа ти е значењето на таа вежба. А на другите вежби што ги правиш и што се со скриено значење? Не се обични вежби. Што доколку вежбаш обични вежби, правиш склек и сл. можеш само да прднеш и така да ги поздравиш сите околу тебе и ништо повеќе. Е дебро де, може малку да замириса.

    Ќе постирам само уште нешто, и ако и ова не е доволно и не ги задоволи вашите интереси се откажувам:)

    Андреј Шишков: Дали му е на еден православен Христијанин потребна јога?

    Во денешно време, кога кон здравиот начин на живот, особено во развиените земји , се гради култ, една од техниките насочени кон одржувањето на здравјето која бргу се шири и добива на популарност е јогата. Оваа техника произлегува од верската традиција на истокот, а денес е добро ситуирана во секуларниот западен свет. Се поставуваат прашањата: Дали јогата го има оставено зад себе својот религиозен товар, или, пак, ги завлекува луѓето кон духовната традиција од кадешто потекнува? Како да одговорат Православните Христијани на овој феномен којшто стреми да стане наше секојдневие?

    Често, московските минувачи можат да видат плакати, од кои млади мажи и жени кои „оддишуваат со здравје“, ја рекламираат јогата. „Приклучи се” — нивниот строг императив и одлучувачката појава не оставаат можност да се посомнева човек во виталната важност на оваа техника. „Здравје, здравје, и уште повеќе здравје. Развивање и одржување на нови вештини“ — читаме на веб-сајтот кој ја рекламира Московската Јога Федерација. Под влијание на ваквите реклами, многумина — а меѓу нив и Православни — почнуваат да мислат дека јогата е некој вид на далекуисточен фитнес. Но, реалноста е поинаква.

    Јогата е учење кое се користи со систем од вежби чија цел е контрола на психата и на психофизиологијата на човекот, заради достигнување на „повисоки ментални и духовни состојби“. Да се мисли дека јогата може да се практикува единствено за доброто на телесно здравје е, во најмала мера, неточно. Јогата првенствено е систем на духовни верувања, и нејзините цели се духовни, а не физички. Извесниот православен подвижник, о. Серафим (Роуз) пишува: „Оној којшто се занимава со јога само заради телесно здравје, очигледно не е свесен дека всушност се подготвува за одредени духовни поимања и искуства.“ Треба да се напомене дека о. Серафим добро ја познавал јогата, затоа што пред да стане Православен сериозно се занимавал со неа.

    Не се вежбите, различните пози и движења, суштината на јогата. Во нејзиното средиште е медитацијата. Телото е тука само за да помага да се сконцентрира умот. Отец Серафим вели: „Целта на јога техниките е да го направат човекот раслабен, заспан, без расудување и пасивен, односно приемчив за одредени духовни идеи и искуства.“ Занимавајќи се со јога, дури само после неколку недели, човек почнува да мисли дека станува посмирен, понежен, поурамнотежен, и дека искусува некаков „духовен раст“.


    Всушност, во јогата секое душевно и телесно доживување, без никакво испитување и расудување, се смета за позитивно. Во јогата е непознато разликувањето на духовите, кон коешто е призван секој Христијанин. Доживувањата коишто Православните Христијани ги имаат испитано и нашле дека се прелест, во јогата се препорачуваат и, без размислување, се сметаат за нешто значајно. Оние коишто не го познаваат Православното искуство и учење за молитвата, можат лесно да се поддадат на таква една „духовност“ којашто ги завладува.

    Постои суштинска разлика помеѓу молитвата и медитација. „Медитацијата како одвраќање на нашиот ум од секаква форма, може, барем на кратко време, да ни даде чувство на спокој, мир, излез од условите на времето и просторот, но во неа отсуствува сознателното претстоење пред Личносниот Бог, во медитацијата не постои вистинска молитва, којашто е секогаш лице в Лице“ —  пишува еден друг истакнат современ православен теолог и подвижник, Архимандритот Софрониј (Сахаров). Молитвата, пак, се изразува со силна верба во Бога, таа се бори, ита кон Бога, во неа нема место за безличност, таа секогаш е дијалог. Тука можеме да се потсетиме на зборовите на светиот Силуан Атонски „молитвата за сите луѓе е пролевање на сопствената крв.“

    Кон што, пак, води медитацијата? Отец Софрониј, којшто во младоста исто така се занимавал со далекуисточна медитација, ни го дава одговорот: „Медитацијата може да доведе до тоа, оној кој се занимава со неа да се задоволи со психичките резултати од ваквите експерименти, та, најлошо од сѐ, поимањето на Живиот Бог, Личносниот Апсолут да му стане сосема туѓо“. Да се биде туѓ за Бога — што има пострашно од тоа?

    Освен тоа, модерната широко распространета јога им ветува на следбениците брзо достигнување на „духовни плодови“. А тоа кај многумина предизвикува потрошувачко расположение и еуфорија, проследени со состојба на гордост и со високо мислење за себеси и за своите способности. Архимандритот Софрониј предупредува: „Патот на нашите Отци изискува силна вера и долготрпение, а нашите современици се обидуваат да ги достигнат сите духовни дарови, вклучувајќи го дури и непосредното созерцание на Апсолутниот Бог, и во краток рок, со притискање на копче.“ Модерните гуруа нудат „просветлување“ за само неколку сеанси, и, се разбира, за одреден паричен надомест.

    Што може да бара еден Православен Христијанин во јогата? Мир, внатрешна хармонија, духовна утеха, физичко здравје, совршенство? Сето ова е пожелно и привлечно, а пред сѐ — мошне пријатно. Но, житијата на светите подвижници ни покажуваат еден сосема поинаков идеал во животот – не постигнување на хармоничен и удобен живот со светот и со самиот себеси, туку доброволно мачеништво за Христа! Преку тоа се достигнува совршенството, преку тоа, човекот се искачува кон Бога. Кон тоа да се приклучиме!

    Секое добро и имајте убав ден.
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На Rama, sonuvana и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нели се тоа очекувањата кои те навлекуваат да вежбаш било што?
    Вежбањето лачи ендорфин, нормално дека ќе те прави посреќна. Било што да вежбаш, апсолутно било што, ако го вежбаш правилно ќе ги добиеш истите бенефиции како и јогата.
    Зошто тогаш МПЦ не забрани било какво вежбање? Или најлесно е против нешто што звучи "странски". Таи чи смеам да вежбам?
    Зошто не можеш да сфатиш колку ридикулозна е таа изјава?
    Што сум јас, како вежбач на јога, поразлична од некој што вежба пилатес. Јога и пилатес се доста слични, само што јогата се концентрира на флексибилност, а пилатесот на зацврстување на мускулите. И во пилатесот е битно како дишеш. И сега? Не смее ни тоа?


    ЕДИТ: Темава ме инспирираше да се воведам и во Таи Чи полека, мислам дека ќе почнам и со двете сега. Загазив ептен, таоис, хиндуист или православна сум? :worried:
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На theowndemon, crimson и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  6. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Ајде прочитај го мојот пост во целост. Јас го знам сето тоа што го напишав, се потрудив за вас да ви укажам на некои работи. Пишува убаво таму зошто е тоа така.
    А за пилатес прашај некое духовно лице, не би знаела да ти кажам. Според мене, ако има и тамо некои техники за дишење и вежбање тогаш и тоа не би се препорачувало. Чим викаш дека се слични.
    Него вие луѓето како да не можете без овие работи некако. Одма се буните, се закарувате, ако не може јога тогаш не треба ни пилатес да може? Па и да не може. Не можете без такви вежби? Навлечени сте? Вежбајте нормални вежби не туку се виткајте како свеќа само за да го поздравите сонцето и дишете како да сакате да го исцрпите сиот воздух на светот.
     
    На Bitter-Sweet и elimkd им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    И во теретана имаш техники за дишење, не можеш да дишеш како ти сакаш. И кога трчаш имаш техники за дишење.
    Било која физичка активност има техники за дишење бе девојче. Како можеш да негираш нешто што не го разбираш?
    Раѓањето деца има техники за дишење, за да се намали болката. И деца да не раѓаме?
    Апсурдно е. Не можеш да кажеш дека не е.
     
    Последна измена: 27 септември 2017
    На Lella, crimson и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Ама изгледа ти ништо не разбра.
    На тие вежби пр. склекови основното е дишеш доле, издишуваш горе. Нема тука филозофија.
    Значи дишеш за да живиш. А не живиш за да дишеш.
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Епа и во јогата е така, дишеш горе, издишуваш долу. која филозофија жити се? Не дишеш пола саат и чекаш да преживееш?
    :D Како дишеш во јога, ај објасни ми :D
     
    На theowndemon, SuperGirl24 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Меѓутоа со вашето издишување го опуштате телото со таква помисла дека ги исфрлате негативните работи од себе, додека при дишењето мислите дека црпите позитивна енергија од космосот.

    А вежбањето обични вежби нема таква филозофија- општење со свемирот. Со паметот сме тука приземјени и не очекуваме дека ќе имаме достигнување на духовни плодови.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не берам никакви духовни плодови, премин од една во друга позиција секогаш се врши или на вдишување или на издишување. На вдушивање влегуваш, ги полниш клетките со кислород, исто како што на вдушивање се креваш на склекот. Не ја покачуваш силата на телото со тоа што вдишуваш?
    На издушивање исфрлаш јаглерод диоксид, опушташ стегнатоста на мускулите.
    Никаков космос, никаква духовна енергија, никаков свемир, универзум и што и да е.
    Никој и ништо, ти и само ти си одговорен за секое движење, секое чувство и секое зрнце енергија што ги имаш.
    Не ги црпиш од космосот, ги црпиш од тебе.
    Кога дишеш при паничен напад не дишеш да се смириш?
    Кога имаш астма не дишеш поинаку за да го доведеш дишењето во нормала?
    Кога легнуваш да спиеш не го забавуваш дишењето?
    Обични метаболични процеси се тоа, нема сеништа, духови и демони.
    Ако не ајде да поставиме правилник на врзина на дишење според МПЦ, ни под ни над тоа да не смееш да отидеш.
    Филозофии како "црпиш енергија од универзумот", "тајната на среќата" и останати вакви секташки движења се само помодарство и апсурд.
    Не се директно поврзани со јогата, само ја користат како алатка, исто како онаа што ја користи во прејсмувс. Некој само си прави маркетиншки трик и заработува на основа на лековерноста на луѓето. Тие не ја претставуваат јогата како техника за вежбање.
     
  12. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Океј, како сакаш, не ти се мешам повеќе.
    Биди ми поздравена.
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @LegallyBlonde13 почна вчера со демони, претпазливост и дека требало да се пазат верниците, па ми текна...
    Не е само јогата единствена од секојдневните сосема вообичаени активности и хобија коишто најпосветените православни верници после длабоки и строги свои споредби со она што налага религијата ги претставиле како грев. За сешто имам читано во категоријава дека е наводно искушение и сериозно погрешно за верници — од јогава, тетоважи, музиката од некои странски пејачи, сѐ до филмовите (меѓу кои и цртаните за деца) кои содржат нешто со магии во својот фантастичен plot, па дури и најневината приказна за Дедо Мраз што радува милијарди деца низ светот.
    Да не ни зборувам за неколкуте статии од православни блогови како Премин Портал, на кои сум наишла на фб или твитер споделени од запрепастени млади луѓе и просто не ми се верувало што тоа јас читам во 21 век. Едно на што ми текнува е дека ако ќерката се одлучи да биде пејачка или манекенка, родителите треба да ѝ оддржат сериозна лекција и да ја вратат на вистинскиот пат :x
    И што сега, зарем треба да очекуваме МПЦ да почне од луѓето да бара (и тоа така агресивно, со анатеми еј) да се откажат од сите овие работи? И јавноста, меѓу која и сите верници, да аплаудира на тоа? Секако дека не.

    Многу раздолжив офтопик, но поентата ми беше – баш како што сигурно филмот нема да ги наведе луѓето на магии и богохулење или пак Дедо Мраз сигурно не им го претставуваат на децата како Бог, така и 99% од луѓето јогата ја перципираат и практикуваат како обични вежби за размрдување и опуштање, физичка активност што им е корисна за умот и телото, и ништо повеќе од тоа.

    Сфатете дека не можете да очекувате од млади луѓе секој чекор да си го преиспитуваат според религијата, и тоа да пронаоѓаат сами нови опасности и забрани кои и ги нема во Библијата. И тоа што се спротивставуваат на ваквите апсурди не значи дека не се добри верници или дека сите по дифолт понатаму имаат намера да се оддалечуваат од религијата.
     
    На Lella, crimson, SuperGirl24 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас вежбам јога. Никогаш никој не ја довел во прашање мојата религија, ниту ме прашал, ниту имало некаков проблем, дебата. Веројатно затоа што мојот живот и однесување изгледаат достојни на еден верник.

    Иначе, не знам кој би ме прашал? Кога многу од луѓето одат в Црква само за Божик и Велигден, живеат против начелата во Библијата, лажат, крадат, се изневеруваат, католиците не ги сакаат муслиманите, ни нас, муслиманите не ги сакаат христијаните, и така во круг, потоа поповите кои возат ултра скапи џипови и мерцедеси, а бараат донации за реновирање на Цркви, никогаш не сум видела да имаат хумани настани, имаан ценовници за крштевка, свадба, погреб, а не те прашуваат дали имаш-немаш. Итн, крај нема на набројувањево.

    Црквата кај нас, одамна го има изгубено и тој мал авторитет кој го имала. Јас речиси сите пријатели и роднини кои ги познавам се разочарани од самата Црква и поповите. Дел од нив се верници, живеат по кажувањата на Исус, ама не одат в Црква редовно на литургија.

    Мислам дека не е дојдено до тема јога, поповите треба да се занимаваат со многу побитни работи за кои се жив срам, брука и го гнасат делото на Исус. Не верувам дека Исус е среќен со такви претставници на неговата религија. Јас вежбам јога, ама го сакам, почитувам и следам Исус, можеби и многу повеќе од некои попови и самонаречени 'големи верници'.
     
    На SuperGirl24 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Верник сум и практикувам јога и си ги спојувам некако двете работи.
    Со вежбањето Јога не прекршуваш ни една Божја заповед. Тоа што нашите свештеници претеруваат и што треба и што не треба отфрлаат е друго. Велат ако си вежбал јога ти си практикувал друга религија друг Бог и слично. Нема врска. Нашите јога учители барем јас што ги знам баш напротив ни кажуваат дека треба да веруваме во Господ, да простуваме, да бидеме добри луѓе зошто само така ке имаме внатрешен мир и хармонија . Како што читањето Куран не те прави муслиман, ни литањето Библија те прави христијанин така и ова.
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Нека ми го даде госпоѓа Стефан мерцедесот што има масажери на седиштата, па ќе се откажам од јога, седиштата доста ми се.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Наидов на еден текст кој мислам дека е добро да го споделам тука. Подолг е, но не го собира целиот во еден коментар па мора да го скратам.

    Во нашиов век посебно се зацврсти уште еден лут непријател на христијанството кој жеднее, ако е возможно, да продре во самото негово срце, расипан непријател, лукав и многу успешен во своето зло - тоа е хиндуизмот, како и други источни култови. Како никогаш досега, влијанието на источните идеи се шири во земјите што некогаш биле христијански, нивниот бран особено ја поплави Америка, но со тие учења сега се зарази младината, речиси, во целиот свет. Меѓу современите генерации необично се популарни источните „мудреци": индиски гуруа, тибетски лами, јапонски учители на зен-будизмот и на нив слични наставници на источните религии, кои веќе стануваат „домашни" и во нашата земја, после Западот, кој одамна е заробен. Во последно време тие учења, што очигледно се непријателски кон христијанството, почнаа грижливо да го кријат своето непријателство менувајќи ја терминологијата, зборувајќи за единствената цел на сите религии, на сите им сугерираат дека несогласувањата помеѓу религиите се само надворешни, дека суштината им е иста, дека сите се вистинити и дека треба една со друга да се обогатуваат, а не да се негираат. Учителите на сличниот правец многу се трудат во своето безумие да ги вовлечат и христијаните во целиот свет, а се нафрлиле и на нашата вера и пред се ги избираат слабите страни на современите христијани, измислувајќи разни лаги и лукави зборови за со нив да ги соблазнат, колку што е можно, и верните. Овде накратко ќе ги разгледаме основните црти на денес распространетите учења, имајќи го во предвид тоа дека тие можат да го променат својот изглед и боја, како камелеон, прилагодувајќи се на духот на времето, само да соблазнат што поголем број души - суштина, пак, и цел на сите тие „духовни" мрежи и „замките" секогаш се исти: оттргнување на човекот од познавање на вистинскиот Бог, од покајанието, достигнување на „мир" со измами и безблагодатно „блаженство" со било какви лаги, успивање и успокојување на совеста без исповедување на гревовите, оддалечување од чувството на совеста за својата падната состојба, криење на вистинската болна состојба на душата - создавање на илузија за „духовно" и физичко здравје и среќа, а во суштина оставање на човекот во состојба на осуда на вечна смрт. Сите тие учења претставуваат духовна наркоза што не ја лекува, туку ја отстранува болката (а токму болката е потсетување на ранетиот организам за тоа дека е болен, негов повик за лекарска помош и, ако ја нема болката, болеста би останала незабележана и без пречки би се развивала).
    Источните религии болниот човек го убедуваат дека е здрав, во него ја будат вербата во неговото совршенство и боженственост, ја потхрануваат неговата гордост, со помош на злите духови богато го даруваат со истанчени и пријатни „духовни радости", „привиденија", чувства на „блаженство", „спокој", „мир" и „бесконечност". Сето тоа помага во големото ширење на тие верувања. Оној што стапува на патот на слични религиозни експерименти, наскоро почнува на себе да го чувствува нивното очигледно дејство, почнува да гледа во себе многу промени на „подобро", почнува да му се чини дека станува смирен, сигурен во себе, дури и радосен и во мир со ближните... Но, сето тоа е плод на длабока измама, целиот тој дворец е изграден на лажни темели, со песокот на гордоста, самовоодушевувањето, ласкањето на себеси, на обожавање на самиот себе. Меѓутоа, излажениот човек тоа никако не сака да го прифати, тој гледа само дека тие вежби „дејствуваат", и дека дејствуваат „прекрасно" - а тоа значи дека „тие се добри и вистинити". За жал, нашето православно учење за измамата, што детално и студиозно е изложено во делата на светите отци, многу малку им е познато на денешните „христијани" и тие го избегнуваат. Ова учење не се ни споменува меѓу еретиците - римокатолиците, протестантите и секташите, и тие самите, уште одамна, состојбата на прелест (духовна измама) ја прифаќаат како „чиста вода" на христијанството. Не е ни чудно што таквата средина не можела да и даде достоен отпор на наездата на источните учења, туку многу од нив впила и присвоила. Повеќето православни христијани уште сосема не го чувствуваат и не се потполно свесни за погубноста и непријателството на таквото мудрување, но и кај нас има многу од оние чија вера и духовно расудување се слаби и кои не се вардат од ова зло.
    Индиската јога е учење што советува прилично аскетски начин на живеење потчинет на дисциплина - се состои во управување со дишењето и во одредени физички вежби што доведуваат до состојба на опуштеност, што ја потпомага медитацијата во која, обично, се применува мантра или посветена изрека што на човекот му помага да се концентрира. Притоа јогата има духовни (!), а не само физички цели, како што се постигнување на телесно здравје и убавина. На оние што во наше време пристапуваат кон занимавање со слични работи, најчесто ништо не им се соопштува за натприродното, туку само за здравјето, за физичкото и за моралното совршенство. Повеќе од тоа, се мистично и култно се негира. Но, понекогаш, после одредено време на „натприродните", перспективни и сигурни ученици им се открива езотеричиото, тајно учење. Меѓутоа, и таквото „телесно" ниво на јога-вежбите формира одредени духовни погледи и го подготвува човекот за духовни доживувања, за кои тој дотогаш ништо не претпоставувал. Повеќето, од оние што се занимаваат со тоа учење, остануваат на нивото на егзотични вежби, на хиндуистичкиот жаргон и свест за своето значење во „космосот". Во таа последна точка се собрани сите почетни точки на првобитното посветување: свест за сопствената важност е она што на човекот му се сугерира, секако, заедно со задолжителна грижа за здравјето, како и „љубов кон луѓето" што е придружено со учење за некакво апстрактно и замаглено „добро" и „морал". Меѓутоа, за христијаните „свеста за сопствената важност" претставува искажување на сатанска гордост што го пали и го претвора во ништо секој добар почеток.
    Во последно време се попопуларна станува таканаречената „христијанска јога" - обиди методите на јогата да се употребуваат во „христијанската" медитација, човекот да се направи „опуштен, задоволен", пасивен и „приемчив за духовни идеи и влијанија". Оние што се занимаваат со неа го опишуваат „необичното чувство на мир", „одличното расположение", „еуфоријата", „чувството на потполно здравје", „задоволството што ги исполнува телото и душата и го поттикнува човекот на духовен живот", „леснотијата", „зголемениот сензибилитет и подложност на откривање на личните односи помеѓу бога и душата", „сладосната молитва што го обзема целиот човек", чувство на трепетно очекување на допир „од светиот дух", „чувствување на зголемена желба за правда, растење и приближување до бога" и сл. Секој што ја сфаќа природата на духовната заблуда ќе сфати дека во овие опишани чувства е присутно токму такво отстапување од вистинскиот пат, скривнување во правец на сектантските „христијански" искуства, дури и пагански: „исто тежнеење за светото и божественото" во чувствата на истата човечка отвореност и подготвеност да биде „восхитен" со некој дух, исти барања не на Бога, туку на „духовни радости", иста самоопиеност што се сфаќа како „благодатна состојба", иста неверојатна леснотија со која човекот одеднаш станува „созерцател" или „мистик", како и разни други лажни духовни состојби се заеднички особини на оние што паднале токму во опрелестено мислење за себе.
    Во духовна заблуда најчесто паѓаат современите трагачи по „духовните вистини" кои залутале од патот на Вистината и кои, по правило, се преполни со гордост. Нападите на источната помраченост на христијаните и нивната успешност многу му должат токму на овој лажен мистицизам. Тие лажни учења многу се соблазнителни за денешната младина, а особено за оние што употребувале дроги или за оние на кои сличните искуства им се веќе познати.

    Целиот текст го има тука.
     
    На Таа Сум, Rama и LegallyBlonde13 им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Татко ми одел на предавања уште кај првите јогини што доаѓале во Југославија, од тинејџер се зафатил со источни вештини и не станал наркоман, ниту секташ. Нема никаква штета од јога и медитација. Помагаат при изградба на смирена и сталожена личност.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Бројаницата што си ја купив за Голема Богородица од манастирот "св. Архангел Михаил" ми отцрта крстчиња по цела подлога за јога :worried:...
     
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Премногу очигледно би било кога сите практиканти на јога би станале секташи и наркомани. Поголемиот дел од нив, кои навлегле во оваа дисциплина на саморазвој, развиваат карактерни црти на самодоволност,лажен спокој, често делуваат себично во помала или поголема мера. Одлично се справуваат со себе си во сегашноста, немаат изразена емпатија, дури негодување искажуваат према човековите слабости.
     
    На LegallyBlonde13 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.