Ако поентата на напишаново е дека вежбањето јога прави полош човек (го расипува), нема да се согласам. Макар што, имаш право дека основите на јогата се во спротивност со учењето на христијанската вера, затоа не сум изненадена од ваквите забрани, кои лично не ме засегаат, а според реакциите, не им се допаѓаат на православните верници. Споредено, помеѓу ориентирањето првенствено кон себе - од една страна, и христијанската пожртвуваност, понизност и помирливост - од друга, зошто некој би го избрал второто?
А да те прашам вака ти одиш со коњ или магаре некаде кога треба или со кола? Пошто нели сите ние треба да се одликуваме со тие доблести како еве скромноста во овој случај и да тргнеме од тој принцип? Еве дај ни ти таков пример ќе те следиме тебе, наместо поповите
Кога нивната молитва ќе успее да издејствува фасцинантни здравствени резултати, поготово кај луѓето кои патат од нарушувања со рбетниот столб, како што тоа го прави јогата, тогаш нека си земат за право да диригираат кој што да прави и како. Сите знаеме дека тоа нема да се случи никогаш, ветер у магла. Не им се чудам толку на апашиве лоповски, туку на поданиците нивни, кои како слепи земаат здраво за готово се што ќе им сервира баграта од лицемерни проповедачи, без да се осврнат на факти и реалната состојба. Имале слободна волја и избор, my ass.
Не вежбам јога. Ама знам луѓе кои откако почнале комплетно се смениле, си го средиле животот. Станале посмирени и поуспешни. Тврдат дека сето тоа се должи на вежбањето јога. Изгледа црквата се плаши дека сите ќе почнат јога да вежбаат и ќе сфатат дека религијата и нема баш некоја смисла. Бидејќи не знам некој аир да видел молејќи се на било кој господ.
Не сакам да отварам нова тема, неодамна го гледав видеово. Имам читано за тоа како јогата и медитацијата може да го оттргнат од човек од христијанството, со доста работи се согласувам, особено дека медитацијата е билдање на егото, НО, начинот на којшто овој поп сето тоа го спакувал, ми е одвратен. Плашење со нечестивиот, огнови, пожари и глупости. Верник сум, но практикувам јога како физичка вежба, за истегнување и здравје. Жално е што поради вакви полуписмени свештеници православното христијанство е непопуларно и целосно ги разбирам луѓето кои се изиритирани од ваквото проповедање. *Ако е офтопик, ве молам да се отвори нова тема: Зошто христијанството ја забранува јогата.
У право се, можеш само да се растегнуавш со вежби без тоа да го наречеш јога. А и луѓево што замараат прај јога прај јога многу ми се досадни, ги избегнувам. На човек со хронична болест ќе му речат пробај и мислат којзнае што му рекле. Јас сум верник но не ги замарам луѓето со тоа, не ми е тоа секој втор муабет.
Леле мајко моја змија у стомаху а ние шо гледаме од вас оче кој разврат го праите ... колку само случки имам и тоа не од попови за нив не ни зборам, туку од тие поголемите. Само еднаш да се отиде во манастир за време на тежок пост и се ќе ви стане јасно . Но тоа не е темата Мене јогата ме исполнува, почнав да вежбам уште пред 15 год кога беше табу тема во Мк. Па прекинав, па пак почнав и се така. и од сите ,,спортови,, ако може така да се каже јога најмногу ми прија. И медитација практикувам, и не се согласувам дека е билдање на его ( има толку мн убави медитации со баш немат врска со егото пр медитација со детето во нас итн ) Секој од нас на различен начин си наога што најмногу го смирува, односно исфрлање на негативната енергија и никој ама баш никој нема право да критикува на кој начин го прави тоа. ( некој го опушта книга, некој кик бокс, некој пливање итн )
Зошто толку остра реакција? никој ништо не може да забрани. Ако со верник и чисто физички ја користиш јогата ок ништо страшно. Свештеников очигледно збори од негово искуство, значи тие групи и ритуали не се за зезање има на јутуб мнг други сведоштва на секојдневни луѓе кои поради вакви секти поврзсни со јогата се изгубиле себеси. Медитација служи за умствено да те испразни, затоа и нели телото се опушта комплетно и имаат како вид на молитиви со повторувачки зборови за да те стават во транс (нашите молитви не наликуваа ни малку на нивните) Колку повеќе повторуваш некои нивни зборови (ом ом ом ом ) и колку си поопуштен толку повеќе се чуствуваш лесен и НЕприсутен. Нели повеќето додека медитираат се чуствуваат како да лебдат? И тогаш се случува празнење на твоето умствено и душевно јас и може било кој нечист дух да има приситап во тебе.... Тука е проблемот. За разлика од медитација, христијанстово не служи за да не испразни туку за да не исполни, затоа нашите молитиви се инспиративни и се бараа духовна и умствена дисциплина од нас. Библијата вика да немаш други богови освен мене, а јогата е уствари комнуникација со нивните многу божества, иако ни се рекламира како телесно вежбање, здравје, и умствена релаксација... Јогата е религиозно обожување...
Само да кажам дека се слагам за медитацијта.Не е кај сите така. Ама ја бар знам 2 личности кои медитираат, веруваат у енергија место во Господ, Господ е за нив измишљотина, енергијата постоела, таа нѐ создала. Буквално 2цата медитираат по саат време, со стапчиња се чатат, книги тетратки некои чатат. Кога ќе навлезеш во тоа медитирање дрндрн јариња, почнуваш да мислиш и другачије, пошто ќе те занима, а таму има повеќе научни факти него во религиите логично. И трета персона шо знам, не медитира ама верува во енергија, не верува во Господ, и верува во лечење со биоенергија. Имам проблем со коленото одамна јас, и ми рече да идам така да се лечам. А јога и метидација почитувам како вид на релаксација.Ама ништо повеќе.Пробав еднаш да медитирам и се изнервирав. А јога не ми треба
Многу од луѓето ја разбираат медитацијата како лошо или ја поврзуваат со некакви верувања. Медитацијата е одмор, релаксација и контрола на мислите. За овие глупости што ги бара МПЦ не сакам ни да коментирам, зашто во последно време почнаа само небулози да зборат. Супер би било доколку се контролира работата на МПЦ.
Какво полнење и празнење, човече?! Не ми се верува со каква самодоверба а со толку основно непознавање на темата на која се дискутира толку многу предрасуди и глупости да изнапишеш во една реченица Наместо да ги земате изјавите на поповите како факти, проверете што викаат доктори, научници, спортисти околу бенефитите на медитацијата, јогата, други дисциплини, и како нивното практикување влијае на здравјето, на квалитетот на животот, и кај поединци и кај заедници. Иако има некаде некои заедници кои религиозно практикуваат, многу мал процент се и повеќето кои практикуваат не би се согласиле дека е религија. Религиите се врзани со милиони рестрикции, а медитацијата, јогата, таи чи итн. значат слобода и општа благосостојба на духот и телото. Никоја религија не ви го нуди тоа Не ми се истражува моментално, но сигурно по архивите некаде е евидентирана хистеријата на МПЦ пред некои 15-20 години за користењето на социјалните мрежи и интернетот воопшто. Ова со јогата не е ништо па еве 2022 сме а они си имаат профили на сите мрежи, и тоа со веб-сајтови, домени, секоја црква и манастир посебно, дури имам видено и ФБ профили на светци. Ај шит ју нат