И јас се придружувам на последниот Инаку на денешно време слободни сме да си ја избереме онаа која ни одговара. Ако престане да ти одговара можеш исто слободно да си ја смениш, зошто да не? Животот е краток за да те стегаат зборови од дрти старци кои ги напишале пред 17-18 века
Си го едитна мислењето а А убаво го нарече христијанството култ.Нема шо да дискутирам понатака со тебе, коа играш на глупи карти поздрав
Зборувам стрикно за библијата Океј.... Само има еден проблем, ако си крстен... за да одбереш друга религија треба да идеш во црква и да побараш да те открстат. Вака уште си врзан доколку си крстен
Досега за многу теми сум се слагала со тебе, ама ова е безобразно малце.Ти не, твоите барале да те крстат.Не се менува религија како адреса, или име и презиме Океј е да не веруваш во самата религија, ама не е океј да збориш така. Пример, во Библијата не се збори за промена на вера.Но во Исламот се збори, дури имам читано за некоја жена, дека од Ислам преминала во Христијанство, и ја убиле.. и сеа ја како Христијанка да зборам лошо за цел ислам? Иако е тоа екстремистички според мене? Затоа викам дека интернетов го усра човештото секој пласира свашта, не е лошо да не веруваш во Господ, ама лошо е да збориш вака.Не` вреѓаш нас кои веруваме. Ја не би ти рекла дека си сатан или нечоек ако си атеист или шо и да си, ама вака ,,ја не барав вак така" ти не си барала, твоите барале.
Баш е то муабетот. Ти сам ќе одлучиш што ти значи, а што не. Не може друг за тебе да одлучува. Ама е интересно
Оваа дискусија е на ниво на прашањето: "зошто е погрешно јас како муслиманка да одам да палам свеќи во црква за Велигден" ? Нема логика да се покоруваш на едно Божество, односно религија, а да истовремено правиш ритуали и кон други Божества без разлика дали мислиш дека постојат или не. Ако си христијанка ќе ги правиш ритуалите на таа религија, ако си хиндуист ќе живееш во склоп со таа религија итн. Можеш да не се декларираш никако и да си слободна да "истражуваш" ама ако веќе се декларираш како припадник на некоја религија прашањава се малку апсурдни.
Како некој да ги слуша и следи МПЦ или пак христијанството. Рајава оди на гробишта да раздава за задушница, човек што проси стои до нив, му е срам да побара, тие не го ни погледнуваат, единствено гледаат роднини, пријатели да се налокаат, за јога ќе оправаат. Една од најнепотребните теми за дискусија во подфорумов, ама мора негде да се мерите.
Ги надупи тогаш црквата со изјавава... зато и муабетот. Оние попојте.. та и сите религиозни свештеници, да ги фатиш да ги исчукаш, да не му кажиш зошто!
Како ве повредив и навредив?! Само искажав јас како се чувствувам околу моето крштевањето како ритуал. Ако не можете да почитувате туѓи чувства, мислења и ако не се согласувате со некој и веднаш ми споредуваш овде со убивање, не можеш ниту ти да се нарекуваш христијанка. И патем никаде јас не кажав дека не верувам во Господ, а тоа што ти се повика да ме именуваш секако повеќе кажува колку си ти полна предрасуди. Се убаво, но не е се така црно - бело. Пример, скоро сите ритуали, традиции кои православните ги практикуваат на овие простори потекнуваат од пагански времиња. Црквата се уште се противи на некои од нив, како што е коледе но за многу и премолчува. Едноставно некои традиции и они не биле доволно моќни да ги пригушат. Затоа се смешни изјави и наредби од МПЦ како што е поводот на темава, луѓето правеле и ќе прават тоа што намислиле а поповите и понатаму ќе се прилагодуваат.
Уф! Каков напад доживеав на другана тема, кога реков дека не сакам коледарчиња за Коледе, ниту пак ја пуштам ќерка ми по непознати куќи, оти сметам дека е некултурно. Најтешко им падна, оти кажав дека го имавме исклучено ѕвончето во другиот стан, за да не не будат наутро Коледарчиња. Па испадна на крај, дека сум против децата
Стално ја спомнуваат Библијата за аргументи, а христијанството е полно со традиции и обичаи. Верниците што се водат само според Библијата припаѓаат на Евангелска Црква и е малце контрадикторно.
Па ако слушале што имат да кажат попови околу коледе и потеклото на традицијата ќе знаеја дека ги боли повеќе отколку јогата. Ама тоа е, кога селективно слушаш