Поповите никакво знаење/разбирање и немаат пренесено на патствата, секој што станува православен верник во поново време сам си ја толкува религијата како ќе му текне. Пример еден вели дека мешани бракови биле навреда за светиот дух и разни други будалаштини што имам слушнато.
А со што се навреди ти што членот рече дека други му ја избрале верата, што е и факт ? Ти ако сметаш дека ти си избрала сама како неколку месечно бебе, океј е, ама реалноста е друга.
Ко да има поголем притисок во Ортодоксната црква, или нема доволно воља за да создавање на нова религија... Секој си лај по негово...
Многу виновно се осеќав дека не отворив врата на коледарчињата. Ни јас неќам непознати пред врата. Не отварам никад.
Јас моментално не сум припадник на ниедна религија. Прво, само да кажам дека другарка ми има практикувано јога и не правела никакви ритуали, ниту пак повикувала некои божества, чисто правела вежби и ја стварно не сум запознаена со тој вид на јога кај што се прават овие работи. Второ, точно логика нема можеби - но, мене муабетот ми беше друг. Убаво кажав, доколку некој практикува јога (и не знам како уствари со тоа повикува божества) и еве и да ги повикува, доколку само еден Бог е вистински и ниеден друг не може од тоа ништо да се добие, ниту изгуби, значи ни корист ни штета ако повикуваш ти нешто непостоечко. А дека нема логика ти да ги викаш, секако дека нема, ама нема ни штета. А и мене ме дозбуни Кити што рече дека нели Бог е еден, и дека на тој начин всушност можно е да повикуваш демони, или дека самите тие "божества" се всушност демони. Тоа па ич ми немаше логика. Јас нит верувам у едното ни у другото, нит па практикувам јога, чисто прашав и мене Битер ми даде топ одговор и овде и во ЛП.
Пошо членката ти рече.За да се откажеш од верата треба да те открстат и да побараш дозвола, а ти: нема грешка ја не побарав да ме крштеваат. Тоа е као кој ги ебе.Ама буквално.Мене коа ќе ми речат ,,прашај ги за Х дали смееш” викам нема грешка и терам по свое. Моеше без ,,нема грешка” вака личип ко да се подјебаваш со религијата, а не ти е нишо крива
А зошто да барам дозвола на прво место? Не гледам никаква причина или логика да барам дозвола за било што од институција која ме понижува прво како жена, второ како човек. И тоа не значи дека се подјебавам (да се изразам како тебе) со религијата, но не можам да имам почит кон организација/институција која поставува икони од луѓе како чифлиганец по црквите како да се рамни со светците затоа што им подале некоја паричка. Во местото кај што живеам во една црква и во еден манастир има две фамилии насликано по ѕидовите, живи и здрави се сите, не знам зошто заслужиле третман на светци? Вас ако не ве вреѓа тоа, тогаш имате друг проблем, а тоа не сум јас.
Јасно, да, ама многу работи не штимаат. Јога е дел од долгогодишна традиција, заедно со други духовни ритуали и верувања кои сѐ уште опстојуваат.Дел е од религија.Не е дел од заборавени пагански ритуали кои последно се применувале пред 2000 години. Денес западот си направи профит од тоа, сведувајќи го на вежба, зашто сѐ што може се искомерцијализира и се пресече од неговите вистински корени и суштина.Истото и за Божиќ и Велигден го мислам, гледајќи по Америка и други католички земји, веќе не постои духовна компонента во овие празници.Како и во јогата. И сега од тоа доаѓаме дека луѓето ја сведуваат јогата на спорт - што не е, и е исклучително игнорантно да се мисли така. Изјавите на православните за повикување демони преку јога и сето тоа можеби звучат смешно некому, а и навредливо, ама реално тоа е нивно верување, нема мешање.Затоа и ми е контрадикторно некој што е многу религиозен истовремено да прави ритуали преку физичка активност кои неговата вера јасно ги смета за непожелни. Еве пак ќе кажам друг пример, јас можам да бидам Јеховин сведок и истовремено да одам да се клањам во џамија затоа што таму ми се допаѓа атмосферата и оди друштвото. Дали е нелегално? Не. Дали е апсурдно? Да. Прочитај го овој пост.
Сакам да кажам дека ги нарекуваат другите така, а тие самите се секташи, ама се претставуваат како православни христијани и зборуваат во име на црквата ко апологети на православието, иако врска немаат нивните убедувања ниту со православните, ниту со библиските. Црквата е заостаната во минатото, таму им одговараат неинформирани верници. Мислат дека на тој начин ќе ги манипулираат исто ко пред неколку века кога народот не знаел да чита.
@Angie1432 Добро, ај ќе доелаборирам малце, познавам и друг "вид" на јога кај што познаничкава на другарка ми што оделе на оваа јога заедно одела претходно и таму немало нешто такво. Имам изгледано многу видеа од многу канали на youtube, обични вежби и истегнување беа. Таков вид кај што се повикуваат божества, па посебно на нашава територија немам сретнато, а не сум сигурна ни дека постојат. НО, и да постојат, мислам дека доволно објаснив за тоа во остатокот од мојот пост.
Кога се венчаваш како? Матичар те спаја со маж така вака и ти си споена со религијата Поп те споил, поп треба да те одвои @Orthophill ај ти сигурно поише знаеш Објасни ѝ
Што ако сакам да останам крстена, воедно да практикувам други ритуали кои не се христијански? Кој ќе ми забрани, кој ќе знае воопшто?
Грбот, рацете и нозете ги тегнете или сте ги истегнале некогаш у животов кога ви се укочени? Пошто и тоа е јога
Јогата можеби е дел од религии но многу малку народи ја практикуваат како таква. И доколку се одлучиш да научиш кои се тие народи и што практикуваат можеби и ќе ја видиш дискриминацијата која црквата ја прави спрема тие луѓе нарекувајќи ги повикувачи на демони и не ти знам што. Како народи кои сеуште практикуваме најмногу пагански традиции, не би рекла дека се заборавени, туку како што реков и претходно, Мпц ги игнорира повеќето. Како дисциплина, и јогата и медитацијата веќе одамна се докажани како дисциплини или спортови кои допринесуваат значајно кон здравјето на оние кои ги практикуваат. Оние кои веруваат дека ќе им излезе ѓаволот ако вежбаат не мора да ја практикуваат, многу е едноставно. Еве дел од други работи кои ги забрануваше црквата пред едно 8 години. За тие што памтат порано забрануваа и користење на интернет едно време, ама еве денеска ги читаме и како регрутираат монаси и монахињи на фемина. Околу активностите на ФБ и да не зборуваме. https://amp-dw-com.cdn.ampproject.org/v/s/amp.dw.com/mk/мпц-му-го-забрани-фејсбук-на-свештенството/a-17183985?amp_gsa=1&_js_v=a8&usqp=mq331AQKKAFQArABIIACAw==#amp_tf=From %1$s&aoh=16435694198842&referrer=https://www.google.com&share=https://www.dw.com/mk/%D0%BC%D0%BF%D1%86-%D0%BC%D1%83-%D0%B3%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%84%D0%B5%D1%98%D1%81%D0%B1%D1%83%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BE/a-17183985
Немам никаква обврска, ниту пак планирам да му се покорувам на некој поп, всушност што подалеку од попови, подобро за мене.