Ако си православен христијанин и ја практикуваш правилно (не навлегувам во објаснувања тука) христијанската вера, нема воопшто потреба МПЦ да ти каже дека не треба да навлегуваш во источни филозофии и медитативни активности. Сам ќе си знаеш. Се што ти е потребно духовно, ќе го црпиш од непресушниот извор на христијанството.
Па само доволно е да не веруваш и да не практикуваш ништо од неа за да се рече дека си одвоен За брак пошо преку општина иде тоа и законски делите некои работи (право на осигурување, имот старателство итн), мора после судија да те двои. Во црква не потпишуваш ништо, немаш законска обврска да останеш верник.
Значи открштевање нема... Зашто нема второ крштевање. Едно е крштевањето. Ако некому толку му смета крштевањето може да побара да биде анатемисан - екскомунициран, односно да му биде забрането примањето на сите свети тајни и обреди, но тоа е ептен без врска. Никому со сила не се наметнува примањето на светите тајни. Од друга страна, нашиот Отец Небесен и Мајката Црква во секој момент го чекаат враќањето на откажаните синови и ќерки. И тоа е главната причина што не постои открштевање. Зашто може некој да сака да биде открстен, но после да му текне да се врати во Црквата. Како што пишав претходно второ крштевање не постои.
Оној кој со сето свое срце верува во Христа, знае дека јогата е погрешна за него. Го насетував тоа уште кога бев декларативен верник само, а сега кога се молам за трошки Божја милост и се трудам да се исправам секој ден од почеток , никаква дилема во врска со јогата и немам. Можеби некој верник би ме демантирал, баш би сакала да чујам искуство на спој на јога и православна пракса. Погоре убаво е објаснето од членки зошто е тоа неспојиво. Тоа што на многумина им е проблем се што изјавува МПЦ, нема врска со суштината на темава. Впрочем и не треба да ве засега...тие што ги засега ќе послушаат или не,во зависност од степенот на верата која ја имаат.
Чек малку.... сега ме збуни ако сакам да се разведам значи да го барам попот што не венчаше ....матичар...поп...Сериозна си со ова или.... Немам ништо против религии ,и самата сум крстена и венчана во црква и децата ми се крстени.. Не дека ми значи сето тоа, го направив ради традиција ...ете така требало. Ама ако сакам да се разведам од маж ми 100 попови нема да можат да го спасат. И она со демоните...од поп со џип и што се ѕвери по жени додека чита молитви има ли поголем демон Зарем православието не налага скромност?
И што има МПЦ да бара да не се практикува јога....МПЦ ли ми ги храни децата и плаќа сметките па и ќе ми налага што да практикувам а што не.
И ние Јогистите бареме да се одказат поповите од скапи џипови, швалерисување, превисоки плати, многу привилегии
Секој вид на јога не е пожелен од аспект на христијанство но мислам посебен акцент се става на хата и кундалини јога.
Немам баш навлезено во таа тематика но знам дека поврзано е со хиндуизмот, религија која што се коси со христијанството.
Пластично ке ти објаснам... Целта на Јогата е да имаш добар трансвер на енергија низ телото, енергијата ја примаш преку енергетските центри или Чакри, секој има 7 чакри кој се распоредени од врвот на главата, до центарот во мегуножјето... Иделано избалансирани чакри имаат Јогистите и уште некој други кој не би сега да ги спомнувам не е местото... Секоја чакра е одговорна за енергетско полнење на одредени органи... Е сега кај е проблемот... Проблемот кај МПЦ; СПЦ и други ПЦ е таму кога добро ке ти проработи Ц6 чакрата која е позната и како Чакра Ајна или ТРЕТО ОКО... Кога таа чакра работи добро осетот,интуицијата, вистинското за себе го приметуваш многу добро, и тешко кој би можел да те манипулира... Верата е измислена за да манипулира со народот, затоа Јогистите не ги сакааат затоа што како се шири мудар народ помалку имаат можност да те возат како што ке им текне на нив...
Мислам дека си во заблуда, но секој со своите убедувања... Ако си прешол на другата страна има време пак да се вратиш назад.
Јас сум Христијанин, крстен сум во Црква, почитувам празници имам свој именден и не сум прошол на никаква страна така одлушиле мојте родители така терам... Само сега сум свесен, а знаеш ли што значи зборот СВЕСЕН
ЈАС не можам да те убедам, да поверуваш затоа и сите не сме исти на оваа планета јас не велам дека мојата теорија е исправна и точна за тебе, знам дека ЈАС сум свесен за својте постапки... Децата како најчисто, неискварено суштество последен збор што го учат е зборот ЈАС... Кога ке го почуствуваш Јас во себе, и кога ке почнеш да размислуваш првенствено за ЈАС, а не за ТИ,ТИЕ тогаш ке сватиш дека си на права страна која и да е... Се надевам дека си пронајдена личност во своето ЈАС